Е многу прифатлива цена имат теслата. Поентата на тесла беше гледајте чудете се, никој не може да направи појако ауто.
На yt само колку има што се палат, што се маваат. А и што ќе ти такви работи? Земи нормална кола и вози ко нормален, е не овие сакале да спијат по пат. Па качи се во автобус/воз и пак ќе спиеш. Нека прајт софтвер за коли, ама не и коли.
Каква врска има римас со тесла ?
Ако сакаш удобна кола со нај напредна технологија поарно земи си ауди бемве или мерцедес и не се замарај дека теслата или саркофагот биле еколошки.
Е сега тука имат една друга теорија, на најслаба графика, најбрзо одат игрициве-исто и со саркофагот
Значи ни концепт нов е, ни вкус, како удрена лада нива е, дизајнот го врати со години на назад, да беа аглите и коцките убави, немаше да воведат фејслифт. Скоро сите воведоја, тие што не воведоја пропаднаа. Дури и лада воведе
фејслифт Првичниот концепт на Елон беше не-профитабилна компанија, ама виде паричиња и збесна чоекот. Рака на срце, малкумина одолеале на парите. Сега идејата, развојот технологијата му се на втор план, битно му е да си го наполнит џебот, да напрајт профит, да бидит фаца, да прајт демек екстравагантни футуристички аута за да излагат по портали, тв-а медиуми, а не да го напрајт светот подобар како вистински научник, како што наводно му беше првичната идеа.