Кевин побара да ставам некоја шема,уредче ,поедноставно за работа која би ја направил.Ова шема е едноставен радиолокатор ,составен од предавател со неизбежното NE 555 ,како осцилатор со осцилаторно коло во излез. Ова коло е пожелно да работи во УКБ подрачјето, малку подалеку од радио-дифузното -ФМ подрачје.За таа намена калемот нека има десет намотки лак жица 0,8 мм пресек на 6 мм тело без јадро ( значи воздушно ) и тример потенциометар 40-60 пФ.Истото такво коло го има и во приемникот со операционо коло 741 ( препорачливо е да се стави TL071).Потенциометрот служи за регулација на осетливоста/појачувањето,а ЛЕД се палат во зависност од јачинатана сигналот кој се прима.Значи како се доближувате со приемникот до предавателот ( кој може и да се скрие!
) се пали првата,па втората ЛЕД....Подесувањето е лесно - се подесува предавателот на некоја фреквенција ,а со приемникот и неговиот осилаторен калем се подесува фреквенцијата и кога ке се запали лед,значи дека дека фреквенцијата е нагодена. При подесувањето предавателот и приемникот да не бидат во непосредна близина.Антената е парче жица со должина 50 см.Дометот не е голем ,едвај 50метри.Може да се користи за игра ,како аларм,за заштита,за пронаоѓање предмети итн.