Author Topic: Моќни ласерски диоди - опасност или нови можности  (Read 2289 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Моќни ласерски диоди - опасност или нови можности
« Opened on 09.01.2015, Friday, 00:16:17 (Edited 09.01.2015, Friday, 00:18:12) »
[float=left][/float] Сите се сеќаваме на ласерските покажувачи кои се појавија пред едно петнаесетина години. Прво се користеа како алатка за покажување кон слајдовите на часовите и предавањата а потоа и како играчка за деца со која ги лажеа кучињата и мачињата да трчаат како луди по црвената точка. Но, како стојат работите денес? Што се случи со ласерските покажувачи? Дали се подобрија во овие 15 години? Да, се подобрија но се појави еден сосема Очекуван проблем: моќта.

Првите ласерски покажувачи беа произведени со тогаш најновите ласерски диоди кои едвај даваа максимум 1mW (миливат) излезна можност и тоа само во црвено светло. Меѓутоа технологијата продолжи да се развива усовршувајќи ги овие ласерски диоди со тоа што денес може да се најдат ласерски диоди во сите бои а и со моќности кои влегуваат во опасната зона од над 10W (вати).

Веќе постојат аматерски и професионални производители на моќни ласерски покажувачи кои можат да се купат на интернет со моќности од 5W, 10W па и повеќе со што овие уреди веќе се голема опасност по безбедноста на корисникот, луѓето и нивните предмети. Имено, ласерски зрак од 10W може инстантно да ве ослепи вас или некој друг за дел од секундата па макар и тој да бил одбиен од огледало, стакло или полиран метален предмет. Ова е многу опасно. Да не набројуваме дека инвентивниот ум на човекот веќе им најде и нови деструктивни примени како:

- можноста да предизвикаат пожар во домот на комшијата преку прозорецот,
- можноста да ги издишат гумите на возилата или да го запалат возилото внатре,
- можноста за расипување на камерите за надзор,
- можноста за расипување на LCD екраните на телевизори и монитори,
- можноста да се изживуваат врз животни,

Ова значи дека многу често новите технологии доколку се најдат во слободна продажба може да бидат еден вид на оружје кое ќе биде опасно за самиот корисник и другите околу него. Значи, доколку дојдете во контакт, набавите или изработите ваков уред, бидете екстремно внимателни или воопшто не го користете.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.