Па што знам, баш најпрво нешто што го имам направено беше LED трепкач од ОТП приборите, бидејќи уште во 4-то или 5-то наставникот по ОТП (Фарук, многу добар човек, класен ми беше
) ми даде делови за да го направам LED трепкачот, ама не во 8-мо
. Ама се радував, хахахахахах
. Па менувај кондензатори, па направи го едното да се задржува повеќе од другото, па менувај транзистори за да можеш сијалички да ствиш место LED, абе циркузи
. Кога ќе ми текне сега колку е просто тоа, ама тогаш ми беше врв на техниката
, не ради друго, тоа беше прва работа која (до некаде барем) знаев како работи
. Па потоа почна сам да ги модифицирам колата за една или друга намена, некогаш и чисто за да дознаам што ќе се случи (колку ќотек сум јадел за секое „ПАААА“ што ќе дошло од штекерот
, ова кога бев помал, ама и кога бев постар некогаш имаше ислучоци
). Еднаш моите ме однесоа на гости кај едни пријатели, во брак, мажот се погоди да е погонски инженер и многу фин човек, плус сервисер... јас, жив среќен
, конечно ќе имам кого да гнавам за прашањата на кои немам одговор (бидејќи по ОТП проферосот, иако беше добар човек, сепак, не се разбираше премногу од електроника, така да, некои работи не знаеше да ми ги објасни :S). Средно кога бев, некако се дистанцирав од се ова, иако по нешто работев од време на време, плус летно време во сервис работев, ама не бев премногу заинтересиран за електрониката, повеќе се насочив кон музиката (плус, забава, журки, излегување, девојки, ова она, знаете како е
, тинејџерски години, па да знаеш да свириш на инструмент, тоа само по себе е афродизијак за девојките на тие години
... добро, барем на времето беше така, сега веќе не е колку што сум разбрал од други :S). Пројдоа тие години, и сега пак се вратив, колку толку
.