DX-ер, hfe ти е засилување на еднонасочна струја. Тоа во никој случај не важи за високи фреквенции. На високи фреквенции засилувањето е максимум околу 15 децибели од еден транзистор, што не е многу, околу 15 до 20 пати максимум. И тоа ова е за мали транзистори кои воглавном се користат во предпојачала (BF199, BFR91 и сл.) а тие кои се користат во појачалата (2SC1971 и сл.) засилувањето им е околу 10 пати од еден степен, некогаш дури и помалку.
Ова е вака поради една работа наречена Милеров ефект, ама тоа е цела наука.
Обичните мултиметри кои мерат hfe, пуштаат точно определена
еднонасочна струја во базата и после ја мерат колекторската струја и по ова го одредуваат hfe, кое инаку е познато и како бета на транзисторот.