Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: nsu on 14.11.2013, Thursday, 21:05:10

Title: Диоди кои трепкаат на музика
Post by: nsu on 14.11.2013, Thursday, 21:05:10
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/F7J0GZTHH2VYB6L.png)

Колеги дали некој знае зошто не работи шемава.Поврзав се како од сликата и диодите не трепкаат само светат.Изглеа шемава не е точна што мислите вие.Сигурно ова не е шема како може само со еден транзистор и да трепкаат мислам чиста глупост нели.Еве пример за сите оваа шема да не ја прават не работи.
Title: Одг: Диоди кои трепкаат на музика
Post by: Bojan on 14.11.2013, Thursday, 23:05:59
одкачи ја базата од транзисторот и ако ти светат уште значи отиден е транзисторот а иначе може да светат диодите како што е шемата ама не е препорачливо такво нешто да се прави зашто ако утнеш нешто ти отиде изворот на сигнал...
Title: Одг: Диоди кои трепкаат на музика
Post by: batka on 14.11.2013, Thursday, 23:44:33
Можеби и погрешно ти е врзан транзисторот.Треба да биде НПН,со емитер на маса,сигнал од НФ на база и ЛЕД на колектор.Јас би додал блок конд. на база ,евентуално отпорник(тример ,потенциометар ..) и можеби отпорник од + па до база на транзисторот.
Title: Одг: Диоди кои трепкаат на музика
Post by: nsu on 15.11.2013, Friday, 00:43:49
Така е првата ногица е база и на нејзе се носи нискофрекфентниот сигнал.Втората е колектор и на нејзе се поврзуваат диодите и емитерот иде на маса.Батка како што рековте значи треба да се додаде блок кондензатор на базата колкава треба да му биде вредноста.Инаку едниот транзистор пошто стар изваден тоест одлемен од плочка ми бил и го испитав со мултиметар прегорен е.Затоа не работело кога ставив друг проработе но не трепка на сите песни тоест трепка на сите но не убаво скоро и не се приметува дека трепка кога е пуштен на некоја обична песна.Кога ќе пуштам техно трепка може да се каже дека трепка.Но пак не е тоа тоа.Па што очекувам јас од еден транзистор кој е НПН ву метар да биде ли. Ви благодарам на сите за одговорите. ;) ;)
Title: Одг: Диоди кои трепкаат на музика
Post by: batka on 15.11.2013, Friday, 01:05:50
Не се мачи со  шемава.Пред некое време ставив една шема со ЛЕД,три канала за ваква слична намена.Побарај ја на Форумов.
Title: Одг: Диоди кои трепкаат на музика
Post by: Trolko on 15.11.2013, Friday, 02:39:19
Транзисторот нема претполаризација, којзнае каде работи и во кој режим. Без малку по-смислен дизајн тешко дека ова ќе работи :)
Title: Одг: Диоди кои трепкаат на музика
Post by: GigaWatt on 15.11.2013, Friday, 06:11:54
Батка како што рековте значи треба да се додаде блок кондензатор на базата колкава треба да му биде вредноста.

Пробај со 100nF. Ако пак светат цело време, намалувај, со 47nF па со 10nF. Можно е цело време да светат бидејќи носиш сигнал со многу бас. Намалувањето на вредностите на кондензаторот ја дига долната гранична фреквенција на RC филтерот формиран со влезната отпорност на транзисторот и кондензаторот.

Но, и Trolko е во право, можно е да гаѓам на празно :S.
Title: Одг: Диоди кои трепкаат на музика
Post by: warningteam on 22.11.2013, Friday, 01:06:43
TIP31 Make Led's Blink to Music Tutorial (http://www.youtube.com/watch?v=4Vz7wNoYFGE#)
 Еве го истото ова што пријателов  го има постирано, овде на типов му работи истото склопче.Ај другар види на клипов 2 :30 некаде како му е поврзан транзисотот  кој извод каде оди ко што гледам јас десниот е на аудио влез на клипот сепак провери, а пред се исто види дали е прво исправен транзисотот дали е НПН или ПНП.
Title: Одг: Диоди кои трепкаат на музика
Post by: nsu on 22.11.2013, Friday, 20:51:33
Да да проверено грешно ми беше врзан транзисторот во право сте.Истово ми го кажаа и     колегите.Работат диодите али ако сакам нешто по озбилно мора некој стробоскоп или некое лајт шоу да си направам. ;) ;D ;D ;D