Значи вака , измерив напон на усб портите и напонот се движи од 5.07 - 5.09 волти . Значи дека ако напојувањето е исправно тогаш, од што гори usb hub - от .Денеска купив нов usb hub , им го кажав проблемот во продавницата за компјутери и ми кажаа никако синхронизација со телефон , дигитален апарат или усб звучна,бидејќи тие повлекувале премногу струја. Епа да видиме
Напонот е во ред.
А чекај каков ти е новиот усб хаб, има ли додатно напојување со адаптер или слично?
Некои немаат додатно напојување, се напојуваат само од комјутерската усб порта, значи околу 500 милиампери максимум, некои хабови пак се приклучуваат на повеќе усб порти за да можат да влечат повеќе струја.
Значи можно е и ова да ти прави проблеми, не ги приклучуват сите уреди наеднаш особено ако хабот нема додатно напојување.