За сите оние кои беа скептици дали шемава за USB тестеров работи или не, работи
. Се разбира, не е совршена, но многу често и онаа индикација која ја дава е доволно добра
.
Уредчево сакав да го изработам пред се бидејќи често ми се случува да треба да врзувам Front USB порти за матични плочи, а не секогаш се означени пиновите (Vcc, DATA+, DATA- и GND) на матичната плоча, а често и на самите куќишта, не се означени пиновите за врзување на предните USB порти, па затоа... што е сигурно, сигурно е
. Ми се има случено вака да изгорам USB Flash меморија (требаше да пробам со USB Mouse, ама на кој да му текне
), затоа, решив веќе да не фрлам пари за џабе
. Уредчето е просто и не ме чини ништо да го изработам и да го пробам
. Освен тоа, од самата шема се гледа дека, барем ако е исправно врзан USB портот, не може да изгори ништо, па си реков, ајде, ќе ја пробам
.
Од шемата следува дека овој уред може да испитува две работи:
1) Да испита дали правилно се поставени Vcc и GND пиновите на USB портот (затоа се поставени двете LED диоди и отпорникот со вредност 1K). Предните USB порти кај куќиштата се врзуваат со кабли за матичната плоча. Распоредот на пиновите за Vcc, GND, DATA+ и DATA- на матичните плочи се „горе долу“ стандардни, но, понекогаш, производителите се „егзибиционистички“ настроени, па распоредот не е стандарден туку измешан. Исто така, многу често се случува да има едни ознаки (или бои) за пиновите на матичната плоча, а сосема други во user manual-от на плочата. Така да, со овој уред можете да испитате дали правилно сте ги поставиле пиновите за Vcc и GND, бидејќи тие се најважни. Дури и да ги згрешите DATA+ и DATA- пиновите (да ги поставите обратно), уредот само нема да работи, а ова лесно се забележува
. Уредот може да изгори ако обратно ги врзете Vcc и GND. Затоа, ова мало уредче може да биде многу корисно
.
2) Може да испитува дали е исправен USB портот (од страната на PC-то) или не
. Тоа го прави со дефинирање на некој напон кој не спаѓа баш ни во логичка единица, ни во логичка нула, па USB портот не знае што да прави и праќа команда кон оперативниот систем „абе имам нешто приклучено за USB портот, ама не знам што е“
. Односно, доколку е исправна USB портата, оперативниот систем ќе јави дека за него има приклучено Unknown USB Device
. Доколку е неисправна, нема да јави ништо. За дефинирање на ова „нерегуларно“ логично ниво, одговорна е зенер диодата од 3.3V, отпорникот од 100Ohm-и, отпорникот од 1.5K и еден од отпорниците со вредност од 22K. Другиот отпорник од 22K претставува само „вештачки товар“
. Диодата 1N4148 е поставена за да обезбеди правилна поларизација на зенер диодата
. Нема потреба од појака диода, струјата која тече по диодата 1N4148 е околу 7mA, што 1N4148 може без проблем да ја поднесе
.
Сега, да се префрлам кон тестирањето на USB тестерот
.
Тестерот правилно работи и го детектира оперативниот систем како USB Device
. Не знам зошто, но Windows XP детектира како портата да е USB 1.1 порта бидејќи го јавува оној warning дека USB уредот може да работи и побрзо ако се вклучи на USB 2.0 порта. Во секој случај, најважно е дека портата детектира дека е нешто приклучено на неа
.
Интересно е тоа што, без разлика дали колото со отпорниците од 100R, 1.5K, 22K, диодата 1N4148 и зенер диодата, се приклучени на DATA+ или DATA- пинот, во секоја ситуација оперативниот систем детектира дека има нешто врзано за него
. Тестирано е на две различни матични плочи (различни модели, различни производители). Значи, нема разлика дали тој дел од колото ќе се врзе за DATA+ или DATA-, контролерот враќа назад дека има нешто врзано за него
. Вредноста на напонот кој ја дефинира овој дел од колото на пинот DATA+ e 2.8V, што е недефинирано логичко ниво, па поради тоа, USB портата не знае што има приклучено на неа
. Важно е да детектира дека има нешто приклучено за неа
.
Еве како светат LED диодите кога правилно се распоредени Vcc и GND пиновите.
А еве како светат LED диодите кога Vcc и GND се обратно приклучени.
Значи, кратко и јасно, ако е се ОК, со полн сјај свети зелената LED диода, а ако се обратно приклучени, со полн сјај свети црвената LED диода
. Жичките од USB конекторот се обоени како: црвена = Vcc, сина = GND, зелена = DATA+, безбојна = DATA-.
Ако жичките се распределени во било која друга комбинација, LED диодите послабо светат или воопшто не светат.
Можеби ова и не е баш многу видливо од сликите, но верувајте, помалку светат
. Јас избрав bright LED диоди бидејќи појасно се гледа дека светат на фотографиите. Подоцна сватив дека можеби подобро ќе беше да искористам обични мат LED диоди. Освен тоа, бидејќи bright LED диодите светат прилично јако, дури и послабо да светат, ова малку тешко се забележува. Затоа, најдобро е да користите обични мат LED диоди
. Пробав и со мат и во определени комбинации на водовите од USB портот, кога bright LED диодите светеа прилично јако (послабо од тоа кога уредот е правилно врзан, но сепак, прилично јако), мат LED диодите воопшто не светеа или едвај светеа, што е уште подобра индикација дека нешто не е како што треба
. Ако користите мат LED диоди, можно е да треба понекогаш да ги затскриете со раката од светлина за да видите дали правилно индицираат.
Јачината со која светат LED диодите е диктирана од отпорникот со вредност 1K, но не би препорачал да се менува оваа вредност со помала. Напојувањето на USB портот, односно пиновите Vcc и GND, може да дадат прилично голема јачина на струја, па оптеретување од една LED диода нема да го оштети USB портот. Но, ако го имате згрешено распоредот на пиновите и некоја од LED диодите почне да влече струја од некој од DATA пиновите (DATA+ или DATA-), можно е да се оштети USB портот бидејќи овие пинови не се наметени за напојување, само за комуникација, па следува дека не може да дадат многу големи јачини на струи. Отпорникот со вредност од 1K ја ограничува струјата од LED диодата на прилично мала вредност, со што и ова течење на струја на некој од DATA пиновите према GND е ограничено на мала вредност, со што шансите да се оштети портот при тестирањето се сведени на минимум
.
Како што напоменав, при определени комбинации на пиновите од USB портот, прилично јако светеа LED диодите, што може да се види и од следната слика.
Дури и да се случи оваа ситуација, има една „финта“ која ќе ви индицира дали правилно се поврзани жиците од USB портот или не
. Ако LED диодата (било која... се разбира, ако е црвената, значи дефинитивно нешто сте згрешиле
) прво засвети јако, па слабо или обратно, слабо па јако, значи дека нешто имате промашено во врзувањето
. Времетрањето на ова префрлување „од слабо на јако“ или обратно, е прилично кратко, од редот на 200 или 300ms, но се забележува со голо око. По префрлувањето, диодата останува да свети јако или слабо. Во која позиција ќе остане :S... од тоа што тестирав, заклучив дека ова не зависи секогаш од тоа како се врзани пиновите, туку и од други фактори: колку брзо го приклучувате тестерот на портот (дали наеднаш е ставен или полека), која била претходната позиција (дали претходниот пат кога сте го ставиле тестерот, светела слабо или јако некоја од LED диодите), а сигурно имало и уште некој ситен фактор кој не сум го забележал
. Затоа, гледајте во диодите кога ќе го приклучувате уредот на портот, да не случајно настане ова „префрлување“
.
Исто така, како што напоменав, дури и да се обратно врзани DATA+ и DATA- пиновите, тестерот јавува дека се е исправно врзано и згора на тоа, оперативниот систем детектира дека имате врзано USB уред за портот.
Затоа, не е лошо и по употребата на тестерот, да врзете некој USB Mouse за USB портата за да бидете 100% сигурни дека портата е навистина поврзана како што треба за матичната плоча
.
Во прилог на post-ов се и монтажната шема и ППК-то за уредов
. Не се мои, ги начекав некаде online
.