Македонски форум за електроника
Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: at.koce on 25.05.2012, Friday, 23:22:10
-
Како што пишав во насловот, проблемот е тој само што мене звучниците не ми се приклучени во пинот за звучници обични него во пинот за буфер или за центар не знам точно, ама порано на win 7 работеше и така (сега ставив XP, win 7 кочеше многу). Иначе пинот за обични звучници е изгорен.
-
а да пробаш друг пребарувач??? мозила или во најлош случај интернет експлорер
-
Пробав, пак е исто
-
Наједноставно - купи си друга картица за звук.За некои 400 ден. имаш звучна и на усб.
-
Па што не ги префрлиш на главниот конектор за излез звучниците, на зелениот пин?
-
Прегорен е, не работи :(
-
Прегорен е, не работи :(
Не може само тој да не работи, а сите останати да работат. Тие се all-in-one audio card chip-ови, не е возможно не работи само тој излез (или многу неверојатно). Тие најчесто цели горат и ништо на нив не работи. Провери да не е само лош конектор во прашање. Тоа можеш лесно да го установиш со мултиметар и еден 3.5mm конектор на кој му се оголени жичките на едниот крај. Провери на beep-ер подачје дали се е преспоено на матичната плоча со жичките од конекторот (притоа, конекторот ти е приклучен на зелениот приклучок од матичната плоча).
Ако навистина е изгорен само тој излез, ништо друже, ќе мораш да си купиш некоја друга картица, на USB или на PCI/PCI-X слот. Проблемот се подесувањеата во драјверите и како функционираат истите под оперативниот систем, така да, ако сакаш да користиш XP, ќе мораш да се префрлиш на друга картица :S. Можеби и има некои софтверчиња кои прават routing на звуците од еден излез на друг, ама икрено, не знам такви. Провери про-Google-ај ;).
-
Океј, како и да е зборот ми беше совтерски некако да го подесам затоа што на win 7 работеше така :)
-
Океј, како и да е зборот ми беше совтерски некако да го подесам затоа што на win 7 работеше така :)
Побарај на Google, можеби и има начин, пиши "routing channels onboard audio" или нешто така ;).
-
А можно е со некаков програм, миксер да се контролираат излезите?
-
кај мене на звучната има можност мануелно да си го конфигурирам секој излез како влез или излез и како сакам, незнам што звучна е, некоја кинеска за 300-400 денари :)
-
И кај мене има исто, баш сега менував ама пак џабе >:( Никако да се добие звукот од пребарувачот >:(
-
види во опциите на пребарувачот да не ти фали нешто
да не е одштиклирано
провери да не треба некоја ддон или некој додаток за пребарувачот
пробај преинсталирај го пребарувачот и преинсталирај си драјвери на звучната
-
Многу е едноставно и просто. По default повеќето прoграми (кои може да имаат audio излез) даваат звук на "the first available output", а тоа по default (барем под Windows) e зелениот излез (не знам, можно е и да грешам, како што пиша at.koce, под Win7 го немало овој проблем, но од друга страна и начинот на пишување на драјвери под Win7 значително се разликува од тој под Win XP ;)). Или најди некое софтверско решение како да се „префрлат“ сите звуци од default (зелениот) излез кон тој за subwoofer, или најди некоја друга аудио картица (некоја што е целосно исправна), трето решение нема.
-
Момци, проблемот е решен само што не знам како го решив бидејќи се живо испочепкав. Ама мислам дека е до тоа што пак го избришав драјверот па го инсталирав па потоа го префрлив излезот на друг пин ;D