Македонски форум за електроника
Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: Lux on 19.11.2015, Thursday, 09:49:18
-
Ми треба помош,имам еден ЛЦД монитор на работнава маса,и два десктоп компјутери односно куќишта,ми треба совет како да ги поврзам двата компјутери на еден монитор,односно двата компјутери да работат, а по потреба да земам слика (излез) од било кое куќиште без да сменувам насекое вга кабле.има такво кабле да се купи,свич, преклопник или незнам што треба да се изработи нешто или ?
-
KVM switch, keyboard, video and mouse.
-
супер фала Жан,видов сега на ebay што е тоа,да не има овдека некаде да се купи или да порачувам од ebay.
-
Би требало да има во секоја подобро снабдена продавница за компјутерска опрема.
-
KVM switch-от вршеше добро работа кога на VGA излезот немаше I^2C комуникација помеѓу мониторот и PC-то. и Xp оперативен систем. Ако користиш различни монитори и Win7 или понов тогаш при секое преклопување на KVM switch-от оперативниот систем јово на ново ќе го детектира новиот монитор, па ќе менува резолуција, па некои дијалози.....налет... Дури и со монитори со иста резолуција сум ги имал истите проблеми. Тоа се моите искуства а ти како сакаш. Друго, кабли за KVM имаш во Анхоч , ама не земај од тие комбинираните. Видеото е не е добро и не ќе можеш нормално текст да читаш.
-
MURO, за ова не сум знаел, јас уште користам Windows XP и немам никакви проблеми со него.
-
МУРО-значи спомнуваш различи монитори јас сакам да користам еден монитор значи постојано е еден ист едно постојано куќиште,незнам баш што windows,и едено променливо куќиште односно различно,и значи сњичот може проблеми да прави со резолуцијата или незнам што,тогаш нешто да се изработи со VGA каблите со преклопник или......незнам има електроника за разделувње VGA или не во самиот свич,значи еден монитор тастатури и глушец си има секој посебно компјутер.
-
Да, имаш право, малку бев нејасен. Јас имав намера да користам 2 компјутера на една конзола (монитор + kbd+mouse) . Едниот -за работа а другиот само за online филмови и концерти на ЛЦД телевизор. Идејата ми беше од ист монитор и тастатура да го одберам клипот па да го пуштам на LCD телевизорот и пак да се вратам на првиот копјутер (работниот). Проблемот беше што на оној мултимедија- компјутерот имав VGА сплитер еден крај кон KVM свичот а другиот кон LCD -то. Значи so browser-от одбирам клип, го пуштам да вози, ја префрлам конзолата и продолжувам со работа а слика имам на ТВ -то.
-
Ти бараш вакво нешто
http://www.aliexpress.com/store/product/2-Port-VGA-Monitor-LCD-PC-Video-Sharing-Switch-1-Monitor-to-2-PCS/601043_350830591.html
Работи во два мода ,види слика
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/467443170_624.jpg)
-
Ете баш тоа ми треба Батка -кратко и јасно,но ова во Мк. не можеш да го купиш преку алиехпрес.да не имаш батка вакво нешто во продавница кај тебе?
Споено мислење: [time]20 Ноември 2015, 14:53:21[/time]
Уф бе БАТКА после толку време ме потсети дека јас и имам вакво нешто но е data box swich еве слики,па да направам само дата во VGA каблина и ништо друго мислам не ми треба,е сега незнам дали да купам кабел VGA-VGA па да ги скинам краевите или се продава кабел ваков на метро бидеќи досега немам земано. и на една страна VGA на друга за во swich -от.Ова ми беше купено од на буљак за 50 ден. пред 2-3. год.
Слики со таква големина не се ставаат директно на Форум!
-
;D Не ,немаме одамна,не се бараат воопшто! 8)За 7$ се исплати да си набавиш ,а не се исплати да го правиш.
-
Lux, не вреди да се замараш, за 7-8 долари купи си готов уред.