Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: KiloVolt on 21.02.2014, Friday, 09:15:45
-
Ова е еден прост, но ефективен (и мачен) начин на множење на напон, два кондензатори, жица и пожелно - некој спроводник за да не се чувствува болка... Видеото го кажува останатото...
Инаку, она со ламбичките при крајот е индикатор за поларитет на електричен полнеж, со еден
P-channel MOSFET и еден N-channel MOSFET.
Pfaff and Svanberg electrostatic multiplier experiment (http://www.youtube.com/watch?v=k-DDZgf19zo#ws)
-
Ова е принципот на кондезаторите, одоздола става еден проводник, потоа стакло или плексиглас кое служи како диелектрик и пак уште еден проводник, само не ми е јасно како ги полни ? да не е случајно приклучен некој генератор на статички електрицитет? :D
-
Стварно чудно ;) ;D ;D
-
Овакви * штосови* има цел куп на .net.Не верувајте дека е ова баш така.Ако е баш така во кујната ке имам мала атомска бомба! ;D ;D Што се однесува на овие * штосови* тоа е исто со оние 4 разводници на напон од кои без кабел изегува напона ако ги врзеш помеѓу себе или оној разводен кабел кој го врзуваш сам со себе и приклучуваш сијалица и таа свети ( а одоздола не се гледа кабелот со кој е поврзан во штек кабелот) ;D И овој израз * множење * не го разбирам.Таков израз не сум сретнал досега!?? 8)
-
И овој израз * множење * не го разбирам.Таков израз не сум сретнал досега!?? Ладен
Тогаш во второ да те вратиме...Се шалам ;D
Нели пишува Pfaff and Svanberg electrostatic multiplier ?
Мислам дека со сликава ќе ти стане нешто појасно...
(http://www.coe.ufrj.br/~acmq/svanberg.gif)
-
Батка,го видов и јас ова ,ама не верувам дека е токму така. 8) Дали си го пробал ти ова?? Јас познавам еден што проба,ама вели * ујдурма* ;D Ако пробаш,пиши за искуствата. ;)
-
Просто е, ќе пробам, ама без заштита, ако се осеќа, значи работи... ;D
Нека ме спеца ако ме спеца, мислам дека се навикнав на празнења од високонапонски кондензатор, со исклучена каскада се имам 20-ина пати јако здрмано ;D ;D ;D
-
друже не значи дека ако 100 пати те има здрмано струја дека си отпорен на тоа, и при работа не е финтата да те здрмува струја секој пат кога ке чепнеш нешто, финтата е да не те здрма струја ниеднаш.
-
Го реоткрил кондензаторот ;D. Интересно, ама познато ;).
-
друже не значи дека ако 100 пати те има здрмано струја дека си отпорен на тоа, и при работа не е финтата да те здрмува струја секој пат кога ке чепнеш нешто, финтата е да не те здрма струја ниеднаш.
Порано тоа... си ја научив лекцијата, затоа сега сум екстремно претпазлив, и да е, и да не е опасно..
(освен со нисконапонска се разбира ;) )
Ако те здрма стопати, нема да бидеш отпорен, но ќе се навикнеш не електричен удар и нема да ти биде болен како првиот пат ;)
Го реоткрил кондензаторот ;D. Интересно, ама познато ;).
За кого го кажуваш ова?
-
Го реоткрил кондензаторот ;D. Интересно, ама познато ;).
За кого го кажуваш ова?
За типчето од клипот ;). Знам, сака да покаже како може рачно да се направи напонски множител, ама е веќе познато ;). Интересен е методот на кој е презентирано и корисно за луѓе кои не се разбираат од техника ;). Сепак, сметам дека е недостаток што не коментирал за време на клипот за да биде уште појасен методот.
-
Мислам дека повеќе ке ме пецне најлонот со кој се обвиткани РС куќиштата и кога го вадиш стиропорот се наелектризира и најлонот и самото куќиште.Мораш со штрафцигер да го празниш бидејќи добро дрма ;D Овде овие садови не ми делуваат толку опасно, а диелектрикот е многу дебел за да постигнеш ефект. Но,едно ми боде очи - преводот на македонски е просто смешен ( не се однесува на Киловолт тоа! 8)).Јазикот не ни е погоден за вакви технички изрази :D :D :D :D :D -*рачно множење...* ( има ли и делење?? ;) ;D ;D)

мултиплицирање :D
-
има ли и делење?? Шмекерко Зеленко Зеленко
Да не нема? Е сега добро, не механичко и не електростатичко ;D ;D ;D
(http://i.stack.imgur.com/dOZf7.png)
-
За електростатско зборуваме_ се фаќаат двајца за рака,едниот го допира новото куќиште а другиот по него го удира струја! :D :D Тоа ти се вика делење на електростатски напон. ;D ;D е,сега вака оди насловот - Електростатички ( подобро е електростатски! ТАКА БАРЕМ МИСЛАМ ДЕКА ТРЕБА ДА БИДЕ) мултипликатор на напон*
-
Електростатички полнеж (статично електрично поле)
Ако биде електростатски, тогаш како? Статско електрично поле?
-
Македонски е - електростатски а не електростатички.....
-
Го пробав, и видов дека едната плоча треба да биде ПРЕТХОДНО наелектризирана. Слаби се резултатите ако немате соодветни материјали, кога мислам слаби мислам НАВИСТИНА слаби! Едвај едно мало искриче што се малку зголемува со повторување на движењето, раката ме заболе додека добив искра со должина од 3mm ;D ако го прави некој- му препорачувам да не се мачи за џабе- поарно само каскада (што ја користев за полнење) да искористи, отколку да се мачи за џабе... ;)