Македонски форум за електроника
Стручна литература => Книги => Topic started by: bicikle on 11.05.2017, Thursday, 06:01:51
-
Мислам дека нема стриктно ваква тема, нормално ќе се разменуваат книги од овладта на електониката и "соседните" области, не станува збор за стрипови ;D
Да почнам прв,
Дали има некој нешто од Николај Лобачевски и/или од легендарниот Панчо Врангалов, без разлика дали е во елелтонска форма, дали може да се копира или купи по некоја нормална цена (10 еу)
Барав на нет од Николај, ама испод 100-тче не најдов, па може да е некој по уходан..
Админ, ако веќе има тема бриши, али би те замолол да ме известиш во пп да не се чуда кај е темата :)
-
Панче Врнгалов другар слушнав дека бил страв и трепет
-
Да да, а и книгите му се ептен исцрпно објаснети, како и предавањата.
-
Здраво на сите ;D,
Да не има некој електронска верзија (pdf) учебникот Електроника 2 од Проф. Методија Камиловски.
Ви благодарам многу однапред.
-
Имам една од Камилоски, ќе ја постирам. Само незнам дали е таа што ја бараш.
Споено мислење: 05.06.2017, Monday, 13:21:12
грешка, Електроника 1 ја имам :/
-
Стави ја Електроника 1, од корист ќе е на некој.
-
Еј stiffy ај биди фин и ставија
-
Ако книгата е со копирајтс немој да ја ставате тука, споделете си ја ако планирате помеѓу вас..
-
Во право е Devil. Наша книга е, може проблем да ни направите.
-
нсу пиши ми меил пп ќе ти ја пратам. ;)
Книгава е над деценија стара, Камилоски прашање дали е жив...а професориве без авторски права и бутур ни ја даваат во пдф да ја копираме на факс. Така да не сметам дека би имало проблем..ама како што ќе речите :). Ако ми дозволите ќе ја постирам, ако не за секој случај по меил најдобро ;D
-
Ами ај пратија и на вака.. во пп или меј ќе ти треба? Фала.
-
нсу пиши ми меил пп ќе ти ја пратам. ;)
Книгава е над деценија стара, Камилоски прашање дали е жив...а професориве без авторски права и бутур ни ја даваат во пдф да ја копираме на факс. Така да не сметам дека би имало проблем..ама како што ќе речите :). Ако ми дозволите ќе ја постирам, ако не за секој случај по меил најдобро ;D
Жив е и сеуште пие пиво. Книгата е со авторски права во МК :-)
-
Книгава е над деценија стара, Камилоски прашање дали е жив...а професориве без авторски права и бутур ни ја даваат во пдф да ја копираме на факс. Така да не сметам дека би имало проблем..ама како што ќе речите :). Ако ми дозволите ќе ја постирам, ако не за секој случај по меил најдобро ;D
Мислам дека е жив и дека уште предава... дали е редовен професор или вонреден сега, не знам, ама знам дека ми беше во комисија на дипломска, а дипломирав пред... 4 години, така нешто, 2013-та.
И да, даваат да се копира бидејќи и онака само по 500 копии се прават од книгата, не ни можеш да ја најдеш во оригинална верзија, се печати... колку да се испечати бидејќи е поднесено барање до УКИМ за издавање на академска литература, бла бла бла, и мора некако да се оправдаат тие средства.
А сега ги дваат така бидејќи ем не им одобруваат средства веќе (сега веќе им бараат да имаат идадено написи во некои странски академски списанија или нешто трето, не бараат да имаат издадено своја книга, тоа беше еден краток период и го укинаа тоа кога видоа дека ќе треба барем 2/3 од професорите да ги бркаат од работа бидејќи дали 20% нив си ја знаат работата и проблематиката како што треба ::)), ем поради тоа што мислам дека е задолжително во електронска форма да ги има материјалите, а опционално е дали ќе бидат во печатена. Кога видоа дека 10% од оваа академска литература не можат да ја продадат во книжарници... си рекоа, за*би, ова е само трошење на време и хартија, дај во електронска и готово ;). Искрено, паметна одлука ;). Исто е со стручната литература на многу други факултети под УКИМ... Машински, Шумарски, Медицински, Технолошки, ФИНКИ, итн. Исклучок се, како и секогаш, Правен и Економски ::), нели, она мора од секаде пари да млатат, па и од книгите ::), мораш да купиш книга, инаку, немаш право да полагаш ::).
А дека можно е да има проблем, можно е. Зошто? Бидејќи оваа книга ја има само во печатена верзија. Никој (издавачката куќа или авторот) ја нема ставено online и во електронска верзија, ниту пак има пишано во самата книга дека смее да се умножува и споделува без дозвола од издавачката куќа или авторот. Има посебни GPL лиценци, за кои издавачките куќи и авторите кај нас воопто не ни знаат, кои го дозволуваат ова. Дури добиваш и свој сајт (под некој domain на GPL, не ми текнува точно како беше) на кој може да си направиш една проста web страна и линк за download на книгата, без ограничување во однос на времетрање (страната ќе постои се додека постои GPL, така да... практично вечно), но... кој да знае и да се информира, така ::). Згора на тоа, твојата книга е заштитена од страна на GPL, интернационална организација, така да, ако некој стави цитат или има нешто искористено во свој труд од твојата книга, мора да наведе од каде го има земено тоа ;). Кај нас, со нашите заштити на авторските права, тешко дека ќе успееш ова да го докажеш, а дури и да го докажеш... никому ништо. GPL е сосема друга работа... дечките кои се зад GNU и GPL многу сериозно го сваќаат ова и има некои ретки исклучоци каде ова се толерира. DD-WRT е типичен пример, но бидејќи firmware-от е многу популарен, а и лиценцата што треба да се плати, ја плаќаш само ако сакаш да активираш Super Channel, така да, практично ги имаш сите опции кои ги нуди firmware-от, освен Super Channel, и затоа не го чепкаат тој проект од GNU... иако реално крши некои од правилата на GNU GPL.
Најдобро е да не ја post-ираш тука јавно, споделете си ја едни меѓу други преку mail ;). Ја има и на Scribd. Само пишете "metodija kamilovski elektronika 1 pdf" на Google, првиот линк што ќе го извади е од Scribd ;).
-
Па и не му е лоша толку книгата баш е разбирлива мене ми се допадна 8) ;D
-
Па ако не бараат права нека биде објавена....
-
ОК... знаете како иде муабетот? Нели понекогаш намерно се правиме „на будали“ во определени ситуации... епа така е и за ова. Не биди трн во око и нема те чепкаме. Во превод, седи си мадро да не бидеш модро ;).
И да, развирлива му е книгата... и една од ретките Македонски академски книги од стручна област (барем од оние јас кои ги имам учено и читано) кои покриваат и мал историјат пред да почне со навлегување во проблематиката, што е одличен „предговор“ за да те припреми за тоа што доаѓа.
Во принцип, сите книги на Камиловски се одлични... барем според мене. Се е прилично детално објаснето, а сепак не е тешко сватливо. Ретко се начекува таква литература на Електро. Во принцип, повеќето книги, дури и оние кои се официјално издадени, како Електроника 1 и 2 (мислам на книги што не се споделуваат како скрипти), се пишувани во стилот на „ова е тоа, ова е вака, вака се изведува формулата, ова вака оди, крај на лекција, наредна лекција“ ::). Монотоно и досадно. Стилот на Камиловски е далеку од тоа. Неговите книги се најдобрата академска литература која ја имам прочитано од Македонски автор ;). Браво за него ;). До некаде, се придржува кон начинот на пишување на Српско-Хрватската литература пишувана за време на Југославија. Искрено, тоа многу ми се допаѓа. Директни преводи или „парче од овде, парче од онде“ преводи од странска литература, колку сака нека е добра, не одговара начинот на презентирање на материјалот на Македонски јазик. Едноставно... не оди... не знам како да го објаснам на друг начин... барем мене не ми одело. Немам ништо против да ја читам таа врвна академска литература на Англиски, и да, навистина одлична е... ама одлична е на Англиски, на Македонски... не штима :S.
-
Ми треба литература/книга за процес и машини за производство на лакирана бакарна жица, не сум пребирлив може од упатство за користење на некоја машина па до книги за дизајнирање на такви машини.
-
Хммм... нешто вака можеби :).
https://www.elsevier.com/books/wire-technology/wright/978-0-12-802650-2
-
Книгата е за жица од нерѓесувачки челик, мене ми треба нешто такво/ во тој стил само за лакирана бакрна жица.
Ке разгледам можеби истиот автор има нешто.
-
Една интересна страна со многу книги со различна содржина
Epdf.pub
-
Да, вади доста резултати од неа на Google :). Некоја нова е, не сум забележал резултати од неа на Google порано.
Најде нешто што би ти одговарало? Да продолжам да барам?
-
Најдов некоја литература треба да ја разгледам подобро но мислам дека ке биде доволно.
-
Ми треба литература на македонски јазик ( книги) кои можам да ги купам или од библиотека за синхрони/ асихрони мотори може да биде и електронски
-
На времето, пред 10-тина години, преведував една книга од Англиски на Македонски за секакви типови на електрични мотори, синхрони, асинхрони, степ, секакви. Но, прво, не ги чувам фајловите од преведениот материјал, и второ, дури и ако го чував, не смеам да ги споделам.
Не верувам дека ќе најдеш литература на Македонски за оваа проблематика. Можно е да имаат нешто во електронска форма на Институт за Енергетика на ФЕИТ/ЕТФ, ама ќе треба таму лично да прашаш... не верувам дека ќе ти ги дадат онака „на батфтаана“ (само со електронска комуникација, без лично да се појавиш таму).
-
На крајот од пдф форматот има нешто за мотори проверете дали ќе ви одговара. За преземање на форматот мислам дека треба да се логирате (можете со facebook или google акаунт).
http://e-lib.ugd.edu.mk/824
(https://e-lib.ugd.edu.mk/upload/server/php/files/Osnovi%20na%20primeneta%20elektrotehnika-za%20studenti%20od%20tehnickite%20fakulteti.jpg)
-
Што предава камилоски? Панчо си го читал?
-
Панчо Врангалов предава само во прва година, Електротехника I и II. Нема таму ништо за мотори.
@Mkdsime: Добра информација ;). Јас се имав откажано од барање на литература на Македонски јазик, така да, добра информација е ова ;).
-
Да, не се за ел мптори ама мн се добри. Да не ги имаш случајно?
-
Да, не се за ел мптори ама мн се добри. Да не ги имаш случајно?
Не. Ги имав како фотокопии, ама не знам дали сеуште ги имам... а и да ги имам, целите се испочкртани, така да, нема поента да ги скенирам.
Треба да се разгледа што друго има на линков што го даде Mkdsime... можно е да има некои интересни работи ;).
EDIT: Хммм... имало доста литература ;).
https://e-lib.ugd.edu.mk/kategorija=11&ugd=e1f6983fa35e729b71a5457b4cfb94d8
Ќе гледам ова се на форумот да го ставам ;). Тешко се наоѓа литература на Македонски, добро е да ја има на повеќе места ;).
-
Ја ќе ги скенирам, ако ги најдеш. Не знам как би се купиле .
-
Ја ќе ги скенирам, ако ги најдеш. Не знам как би се купиле.
Мислам дека веќе ги нема во продажба.
Абе на времето, кога ги скенирав оние електрониките од Тешич, тогаш уште студирав и ги земав книгите од библиотека, и да, таму не се шкртани... евентуално по нешто малку со молив, ама тоа лесно се брише. Арно ама, дипломирав :P :D.
Така да, ако знаеш некој кој е на ФЕИТ/ЕТФ и моментално да студира, па да ги земе книгите од библиотека и да ги скенираш, евентуално некако така да пројде работата ;).
Искрен да бидам, тогаш не ми текна :-\. Овие книгиве и збирките од Тешич некако ми беа приоритет, многу добра литература е тоа, одлична... ретко да се начека веќе таква, затоа и сакав да ги дигитализирам и споделам ;).
-
Ги дигитализира?
-
Ги дигитализира?
Да де, ги има во секцијата за книги ;).
-
Тури линк, не биди мрза ко мене xD
-
Така да, ако знаеш некој кој е на ФЕИТ/ЕТФ и моментално да студира, па да ги земе книгите од библиотека и да ги скенираш, евентуално некако така да пројде работата ;).
Еве јас. Бруцош. ;D
-
Епа чим се понуди, распрашај се што имаат од панчо, па ќе се договориме.
-
Тури линк, не биди мрза ко мене xD
http://elektronika.mk/index.php?topic=2495.0
http://elektronika.mk/index.php?topic=3133.0
http://elektronika.mk/index.php?topic=2851.0
http://elektronika.mk/index.php?topic=3654.0
http://elektronika.mk/index.php?topic=3286.0
Еве јас. Бруцош. ;D
Аууууу, ти дете веќе порасна беееееее :). Со среќа нека ти е ;).
-
GW фалимендерит :D
Лончар ви е познат, сте заинтересирани да ја копирам ?
мада е на хрватски али со оглед на тоа дека би требало да имате познавања ќе се снајдите, но е по неразбирлива ради јазикот. Али е мн добра.
Edit
Не работат линковите. Да поминам со усб ?
-
Не работат линковите. Да поминам со усб ?
Сите работат, проверени се пред една година, а и сега проверив. Само што таа првата е поделена во rar архиви, единствено тоа, што треба сите делови да ги симнеш за да ја извадиш содржината од архивата.
Лончар ви е познат, сте заинтересирани да ја копирам ?
мада е на хрватски али со оглед на тоа дека би требало да имате познавања ќе се снајдите, но е по неразбирлива ради јазикот. Али е мн добра.
Не го знам како автор... мислам, не ми е познат.
-
Proxy-то зезало
-
Здраво дечки.
Гледам дека во странство има мн. сајтови, групи и сл. за продавање/размена на книги, но кај нас(особено по фејсбук групите) тоа се само романи, речници, енциклопедии и сл.
Одамна веќе барам некое место/сајт/група каде има стари книги по областа електроника(и се поврзано).
Ме интересира дали знаете за нешто слично такво кај нас ?
-
лични колекции, кажи што сакаш. Нешто на weebly има нешто на ф акул тетот Шти пски. Тамо се слободни. од тамо ми се главно и мене.
-
Одамна веќе барам некое место/сајт/група каде има стари книги по областа електроника(и се поврзано).
Ме интересира дали знаете за нешто слично такво кај нас ?
Во смисол на дигитални копии или оригинали?
Ако сакаш, оние од кои имам направено до сега дигитални копии, можам да ги продадам, не ми требаат оригиналите :). Ми требаат само дигиталните копии, кој сака нека чува хартија, јас одамна се откажав од тоа :P :D.
-
Од што имаш дигитални ?
пиши пп/вибер.
-
Па од оние што ги имам споделено на форумов ;). Се што имам од дигитална литература, имам споделено на форумов ;).
-
аха.