Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: DS on 23.06.2016, Thursday, 22:22:57
-
дечки потребна ми е мала помош. не стално, понекогаш кога колата ми е запалена ми горат средните светлата на автомобилот. значи вака мерев и светлата трошат 3.5A кога возилото е изгасено при напон 12.8V, a 3.8A когае е запалено при напон 14V како на сликата. најверојатно некогаш струјата премногу расте и горат светлата...
што да направам за постојано да тече помала струја пример 3,5А. пробав со отпорник од 5ohm како на сликата но голема е струјата и отпроникот не може да ја издрзи грее...
(https://s32.postimg.cc/5e73khyzp/sijalica.jpg)
како да го решам проблемот? ви благодарам однапред :)
-
Проблемот ќе го решиш само со замена на реглерот, се друго е импровизација... ;)
-
тoa и мислев. кaквa импрoвизaцијa дa нaпрaвaм :)
-
диода да ставиш и шпсле неа кондензатор... може и да шмелца релето... мада 120 денари е реле
-
мoже некoјa шемa сo кoјa немa дa имa греење нa кoмпoнентите? :)
-
Дали треба да се менува, или не, регулаторот на напон (реглер), потребно е да се знае колкав е напонот на акумулаторот при ≈3000 вртежи/мин. на моторот (во зависност од тип на возило, акумулатор, алтернатор (генератор) и.т.н.).
најверојатно некогаш струјата премногу расте и горат светлата...
Струјата неможе премногу да расте ако напонот не се зголемува повеќе од ≈14V.
Сметам дека дека имаш проблем во системот за регулација на работата на регулирањето на напонот без разлика дали е механички или електричен причинител.
-
bicikle може да е до тоа. Но другар колку често ти прегоруваат сијалиците дали често се случува тоа и кога турираш како работат светат мирно или постепено се јачаат ако се јачаат значи отиден е реглерот ќе треба него да го смениш цел реглер на алтернаторот. Ако не е во ред со реглерот треба да се поврзе амперметар кога работи колата во серија со плусот од акумулаторот односно од плусот што искача од алтернаторот D+ и оди према акумулатор за негово полнење како даваш гас таа струја варира но не смее да надмине повеќе од 15 ампери кај некои реглери 16 +15 па потоа -15 нели она празнење. Зборам за оној инструментот за контрола на полнење на акумулаторите што накнадно во возила се додава а денес е демоде а е многу добра и корисна работа секое време визуелно знаеш како работи реглерот дали е добар. Ова е сериозен проблем ако е отиден реглерот DS испитај. Ако е отиден ќе мора да земеш нов реглер.
Тома друже дури сега видов што си пишал истото твое мислење го имам ми ги зеде зборовите да не пишувам на празно. Твојата метода со мерење на напонот е најлесно нешто така и се проверува волтметарот на плус и минус и турирај ако варира и оди нагоре не е добро.
Дали треба да се менува, или не, регулаторот на напон (реглер), потребно е да се знае колкав е напонот на акумулаторот при ≈3000 вртежи/мин. на моторот (во зависност од тип на возило, акумулатор, алтернатор (генератор) и.т.н.).
најверојатно некогаш струјата премногу расте и горат светлата...
Струјата неможе премногу да расте ако напонот не се зголемува повеќе од ≈14V.
Сметам дека дека имаш проблем во системот за регулација на работата на регулирањето на напонот без разлика дали е механички или електричен причинител.
Одлично кажано впрочем така и се работи
-
ако е реглерот најверојатно за кратко време ќе прегореле и многу други работи, но сосем е во ред да се осигураш дека е се во ред со него.
-
Никаде не ни спомна за каков тип ( модел) на возило станува збор.Ако е од постариве ,смени реглер и крај! Ако е поново и има електроника,барај го кварот во електрониката за регулација на светлото.Во инсталација во кола отпорници и диоди НЕ се ставаат! Се се сведува на испитување и замена на реглер и алтернатор (евентуално диода прегорена!).Ова се однесува на постарите возила.