Јас не би нарачувал од Conrad, не поради друго, и они веќе имаат многу неквалитетна опрема, сега Voltcraft уредите ги произведуваат UNI-T (порано беа Metex и одлични беа, а и поевтини од уредите и инструментите на Metex, квалитетот, ист, на ниво, исто како и за Metex), Кинеска компанија за мерни уреди, а мерните уреди на UNI-T се поевтини од тие на Voltcraft, моделите им се исти, само ознаките се разликуваат
. Така да, би нарачувал, но строго проверена опрема, бренд и модел. Инаку, не, не би нарачувал. Имаат и определена опрема која, барем според бренд, е одлична, но тоа се најчесто моделите кои имаат пониска класа на квалитет, а цената најчесто не им се разликува многу од онаа на истите тие модели да ги купите во продавници за „тој и тој“ специфичен бренд (на пример, Bosch, сите знаеме дека фабриките ги преместија во Кина и дека Bosch не е тоа што беше :S).
Така да, како заклучок, да, би нарачувал, но многу претпазливо, со претходна проверка (барем online, а пожелно е да имате и некој човек кој веќе купил, директно да ви го пренесе искуството) на брендовите и моделите на уредите и алатот
.