Малку почекав да видам како вие ова го организирате,ама верувајте ние Велешани ,ако треба и ке гинеме ,ама Топилница нема да има повторно во Велес.На 9 Ноември ке организираме протест! Тоа е само почеток,ако некој се уште има мисла преку нас нешто да работи,ке и порачаме на Владата и сите бизнис интересенти ,оти тоа во Велес нема да помине.Сите сме едно,а многу сме,знаеме што сакаме,но знаеме и што не очекува ако некој сепак дозволи да почне таков злостор.Нема таква вода за да се испере никој ,ако се дрзне преку народот да прави сметки.Ние знаеме што е тоа Топилница за олово и цинк во град! Нема теорија тоа повторно да се случи.Нека ја носат каде што сакаат,нас не ни треба и немаме веке генерации деца за фрлање.Ова на Јутјуб не е ништо,не сте виделе во живо.Поздрав до сите добронамерници и очекуваме подршка и митинзи не само во Велес,туку и во Скопје,Ресен ,Куманово,Охрид... Цела Македонија треба да застане зад нас! Имаме добар и совесен Градоначалник,локална власт и харод зад себе! Ке има и Нови Гемиџии ако треба,верувајте,дотука е дојдено! Поздрав од Велес,се спремаме за митинг,повелете ако можете!!