Па не, искрено не знам како работи, ама ќе пртпоставам.
Конкретно кај оваа ламбичка млазот се стреми кон средината на ламбичката, значи од двете страни (од горе од од долу) почнува син млаз и се стремат да се „допрат“ на средината од ламбичката. Кога е најдобро фатена станицата, тогаш скоро се допираат млазовите.
Е сега, принципот на работа е сосема друга ствар, претпоставувам дека станува збор за бомбардирање на некоја луминофорна (луминисцентна) површина со електрони (пошто и принципот на работа на електронските цевки горе долу се базира на тој принцип на работа, бомбардирање со електрони), така да претпоставувам дека со растење на напонот на некоја електрода од цевката се зголемува бројот на избиени електрони од проводникот и со тоа на некој начин се зголемува млазот на електроните и се зголемува должината на синит млаз. Е сега како точно се изведува ова не знам, ова чисто моја претпоствка, не знам дали ми е точна, но би требало да е
.