Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: GigaWatt on 29.04.2010, Thursday, 16:14:17

Title: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 29.04.2010, Thursday, 16:14:17
Значи вака, барам некој евтин фото апарат, не е битно баш колку мега пиксели има, да не биде под 5, не е бито ни дали вади „феноменални слики“ или дали има ваква или онаква леќа, не мора да снима клипови и некои такви работи. Битни ми се неколку работи:

1. Да се полни на USB или на полнач, значи да не мора да купувам батерии.

2. Да има барем 512MB меморија.

3. Да има auto zoom, значи сам да си наоѓа фокус, она со зеленото/црвеното/жолтото квадратче кога ќе држите подолго на копчето за сликање.

4. Да има механички zoom, значи да се „отвора“ кога ќе се пушти, не како на телефоните, само леќа и дигитален zoom.

Не ми е важно дали е на ново или старо, мада на pazar3 барав и не го најдов тоа што го барав, или малку меморија имаа, или не се полнеа на USB или на полнач, а тие две работи ми беа најбитни :S.

Имам 4500 ден. на располагање, би дал и до кај 5000, но не повеќе од тоа, можам ли да најдам фото апарат со горенаведените перформанси за овие пари?

Знам дека ова звучи многу лаички, ама никогаш не сум се интересирал за фото апарати, сега се интересирам од чиста потреба ;).
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: DX-er on 29.04.2010, Thursday, 16:31:10
како што знам сите новиве камери имаат USB, ауто баланс и фокус. Вградена меморија од 512MB мислам дека немаат но имаат помалце како 16 или 32MB ама ке си купиш SD или MMC картичка.
За тие пари што ги имаш ке најдеш нова и супер подобра од таа 5MP камера. Види во техномаркет и го имаш решението
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 29.04.2010, Thursday, 16:46:18
Знам дека се сите на USB, само дали се полнат на USB, знали да си имаат вградена батерија. Иначе кај се не барав, Техномаркет, Neptun, сите можни фото студија, Ahnoch, AMC, Niko, Set, многу помали фирми за компјутери, секаде. Под 6000 (овој во Neptun го најдов), фото апарат што се полни на USB или на полнач нема. Би дал и 5000 ама не повеќе од тоа, па затоа прашав, случајно некој да не знае некаде каде има некои евтини марки на фото апарати, па да идам да проверам ;).
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: DX-er on 29.04.2010, Thursday, 16:49:22
Знам дека се сите на USB, само дали се полнат на USB, знали да си имаат вградена батерија. Иначе кај се не барав, Техномаркет, Neptun, сите можни фото студија, Ahnoch, AMC, Niko, Set, многу помали фирми за компјутери, секаде. Под 6000 (овој во Neptun го најдов), фото апарат што се полни на USB или на полнач нема. Би дал и 5000 ама не повеќе од тоа, па затоа прашав, случајно некој да не знае некаде каде има некои евтини марки на фото апарати, па да идам да проверам ;).
Извини не те разбрав, иначе јас имам една што се полни преку USB и само преку USB (нема друг полнач) има вградена батерија и е најмалата дигитална камера воопшто која сум ја видел да се продава, само што не е 5MP туку 2MP и ја купив во 2001 година

EDIT: Таа камера сеуште ја користам одвреме навреме.
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: SaleSk on 29.04.2010, Thursday, 16:55:51
Се надевам дека нема да ми замериш ако малку те исправам, на грешки кој верувам дека ненамерно си ги направил  ;)


Значи вака, барам некој евтин фото апарат, не е битно баш колку мега пиксели има, да не биде под 5, не е бито ни дали вади „феноменални слики“ или дали има ваква или онаква леќа, не мора да снима клипови и некои такви работи.

Мега пикселите воопшто не се толку многу значаен фактор, така да јас те уверувам дека и со фотоапарат од 3,2 мегапиксели се прави феноменална фотографија.
Најбитниот момент е леќата. Значи подобро е да има квалитетна леќа  одколку мегапиксели.

1. Да се полни на USB или на полнач, значи да не мора да купувам батерии.

На УСБ се полнат само оние најлошите, кинеските а и не траат долго. Најчесто сите дигитални фотоапарати се напојуваат со 2 батерии од 1,5В АА или пак имаат нивни сопствени. По мене оние првите се попрактични бидејќи замисли ја ситуацијата: Ти си со девојка у Париз и сакаш да се сликаш пред ајфелова кула и одеднаш немаш батерии.Тие се празни :)) одиш во прва трафика и купуваш две обични алкални батерии и среќни си се сликате. Во спротивно ти стануваш едно од најизвиканите домашни животни, а + тоа девојката ке те изеде и ке те направи лом :)
Со вторите батерии добиваш во тежина, односно се полесни и потенки (мислам на апаратите).

2. Да има барем 512MB меморија.

Меморијата е најмал проблем. Препорачливо е да користи СД картички. Поевтини се од М2 и слични.


3. Да има auto zoom, значи сам да си наоѓа фокус, она со зеленото/црвеното/жолтото квадратче кога ќе држите подолго на копчето за сликање.

Ауто зум не постој! Тој може да е оптички или дигитален. Постои ауто фокус и скоро сите дигитални го имаат тоа како опција.


4. Да има механички zoom, значи да се „отвора“ кога ќе се пушти, не како на телефоните, само леќа и дигитален zoom.

Механички зум има на старите фотоапарати со филм...Новите се опремени со оптички зум, кој се менува, односно е променлив. Отварањето е за леќата. Постојат исто така два типа на леќи, кои можеш да ги гледаш како се отвараат (случај кај повеќето дигитални фотоапарати) и некој кај кој тоа не можеш да го забележиш од проста причина што изведбата им е таква (некој модели на Кодак и Сони)

Не ми е важно дали е на ново или старо, мада на pazar3 барав и не го најдов тоа што го барав, или малку меморија имаа, или не се полнеа на USB или на полнач, а тие две работи ми беа најбитни :S.

Имам 4500 ден. на располагање, би дал и до кај 5000, но не повеќе од тоа, можам ли да најдам фото апарат со горенаведените перформанси за овие пари?

Знам дека ова звучи многу лаички, ама никогаш не сум се интересирал за фото апарати, сега се интересирам од чиста потреба ;).

За тие пари кои си ги навел можеш да купиш солиден фотоапарат и тоа со многу подобри перформанси од оние кои ти се поставени за критериум.
Погледни го Канон А460 или А470. Одличен фотоапарат.
 ;)
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 29.04.2010, Thursday, 17:25:40
Извини не те разбрав, иначе јас имам една што се полни преку USB и само преку USB (нема друг полнач) има вградена батерија и е најмалата дигитална камера воопшто која сум ја видел да се продава, само што не е 5MP туку 2MP и ја купив во 2001 година

Тоа е се убаво, ама не ми помага во конкретнава ситуација, случајно да не знаеш нешто за поновиве фото апарати, значи нешто за овие шо ги има на пазарот последниве година дена... ;).

Се надевам дека нема да ми замериш ако малку те исправам, на грешки кој верувам дека ненамерно си ги направил  ;)

Јас убаво си кажав дека „врска неам“ од фото апарати, само на крај на постот беше, така да, корегирајте колку сакате, баш нешто и да научам... хахахахаах :D :D :D

Значи вака, барам некој евтин фото апарат, не е битно баш колку мега пиксели има, да не биде под 5, не е бито ни дали вади „феноменални слики“ или дали има ваква или онаква леќа, не мора да снима клипови и некои такви работи.


Мега пикселите воопшто не се толку многу значаен фактор, така да јас те уверувам дека и со фотоапарат од 3,2 мегапиксели се прави феноменална фотографија.
Најбитниот момент е леќата. Значи подобро е да има квалитетна леќа  одколку мегапиксели.

хммммм, значи подобро да барам фото апарат со добра леќа, нешто измеѓу муабети со друштво некој спомна нешто „карл сајз“ или нешто такво беше, не ми текнува, овие добри се...?


1. Да се полни на USB или на полнач, значи да не мора да купувам батерии.

На УСБ се полнат само оние најлошите, кинеските а и не траат долго. Најчесто сите дигитални фотоапарати се напојуваат со 2 батерии од 1,5В АА или пак имаат нивни сопствени. По мене оние првите се попрактични бидејќи замисли ја ситуацијата: Ти си со девојка у Париз и сакаш да се сликаш пред ајфелова кула и одеднаш немаш батерии.Тие се празни :)) одиш во прва трафика и купуваш две обични алкални батерии и среќни си се сликате. Во спротивно ти стануваш едно од најизвиканите домашни животни, а + тоа девојката ке те изеде и ке те направи лом :)
Со вторите батерии добиваш во тежина, односно се полесни и потенки (мислам на апаратите).

Не планирам да го носам некаде надвор, не сум некој фан на сликање, ако нешто правам, тоа е избегнувам да се сликам, не си се допаѓам на слики, а исто и девојка ми, и она нејќе да се слика, ниту пак е заинтересирана за сликање. Значи чисто за домашна употреба го земам. Јас сакам да си ги помнам моментите на „мој начин“, а не оној кој го прикажува фото апаратот ;). Немам многу слики ни од детство, така да не ми недостасува сликањето многу многу ;).

Апаратов го купувам за да можам да сликам слики за туториали, некои проблеми што можеби би ги имал со сревисирање или диајнирање на некоја шема, или така нешто (плус да ви го покажам новиот Fluke 97/AUTO ScopeMeter ;)), значи подалеку од дома нема да отиде, а и да ми го позајми некој за да слика за некаде надвор, или за во странство, баш ми е гајле дали му се изпразнил или не, јас сум му го дал и сум му кажал што треба да направи за да биде полн и да може да слика, а он/она што сака нека прави... хахахахаха :D :D :D


2. Да има барем 512MB меморија.

Меморијата е најмал проблем. Препорачливо е да користи СД картички. Поевтини се од М2 и слични.

Значи повеќето немаат (или имаат многу мали) вградени мемории како MP3 плеерите, добро е да ја знам оваа информација, зашто начекав еден Olimpus со 3.2 мегапиксели на pazar3, ама имаше 16MB меморија, а не пишуваше дали има SD или МicroSD слот на него. Значи најубаво да си прашам, фала за информацијата.

Инаку човекот го даваше за 2000 ден. Добра цена е тоа или...?

3. Да има auto zoom, значи сам да си наоѓа фокус, она со зеленото/црвеното/жолтото квадратче кога ќе држите подолго на копчето за сликање.

Ауто зум не постој! Тој може да е оптички или дигитален. Постои ауто фокус и скоро сите дигитални го имаат тоа како опција.

Епа на тоа мсилев, auto focus, хахахахах :D :D :D... Убаво си пишав јас, врска неам од фото апарати, знам само да сликам, и тоа ако ми кажат каде е копчето за сликање, иначе ни тоа нема да го знам, имам некоја „вградена“ аверзија према нив, и како што претходно пишав, го змеам од чисто практични потреби ;).

4. Да има механички zoom, значи да се „отвора“ кога ќе се пушти, не како на телефоните, само леќа и дигитален zoom.

Механички зум има на старите фотоапарати со филм...Новите се опремени со оптички зум, кој се менува, односно е променлив. Отварањето е за леќата. Постојат исто така два типа на леќи, кои можеш да ги гледаш како се отвараат (случај кај повеќето дигитални фотоапарати) и некој кај кој тоа не можеш да го забележиш од проста причина што изведбата им е таква (некој модели на Кодак и Сони)

Aха, значи има такви што се „овараат“ и такви што не „не се отвараат“ а сепак се квалитетни. Јас мислев дека тие што не се отвараат се за никаде, ама од кај да знам. Добро е и ова парче информација, thanks ;).

Не ми е важно дали е на ново или старо, мада на pazar3 барав и не го најдов тоа што го барав, или малку меморија имаа, или не се полнеа на USB или на полнач, а тие две работи ми беа најбитни :S.

Имам 4500 ден. на располагање, би дал и до кај 5000, но не повеќе од тоа, можам ли да најдам фото апарат со горенаведените перформанси за овие пари?

Знам дека ова звучи многу лаички, ама никогаш не сум се интересирал за фото апарати, сега се интересирам од чиста потреба ;).

За тие пари кои си ги навел можеш да купиш солиден фотоапарат и тоа со многу подобри перформанси од оние кои ти се поставени за критериум.
Погледни го Канон А460 или А470. Одличен фотоапарат.
 ;)

А некој од овие два модели се полни на USB или на полнач, зашто навистина нејќам да трошам пари за батерии или да морам да купам батерии на полнење од минимум 2600mAh само за да можам да терам приближно колку со обични (алкални) батерии. Сакам да е Plug-N-Play, да нема многу многу замарање, го оставам, си се полни, си знае кога е full, и сам си се гаси, крај ;).

Знам дека многу барам за тие пари, хахахахах :D :D :D.


EDIT: Еве link за фото апаратот Olympus што се продава на pazar3, па ако може некој да пише нето за тоа дали е добар или не, би било добро ;). Kолку што видов, не се полни на USB, но има опција да се полни преку полнач :D. Има слот за картичка, но не знам каква... :S

За фото апаратот:

Code: [Select]
http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=567419
За полначот:

Code: [Select]
http://www.google.com/products/catalog?hl=en&q=olympus+C+-310&um=1&ie=UTF-8&cid=617575234387441565&ei=tarZS7mcNsyWOLCFte8P&sa=X&oi=product_catalog_result&ct=image&resnum=3&ved=0CBcQ8gIwAg#
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 14:16:05
Епа се решив, го земав овој Samsung фото апарат ;).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Samsung_ES55.jpg)

Го купив за 5700 или 5800, не ми текнува, треба да ја видам фискалната сметка, и беше малку поскап од максималната сум што планирав да ја одвојам за фото апарат, ама па не можев да најдам некој поевтин што ги има опциите кои ги барав од фото апарат (најважно, да се полни на USB). Има Lithium-Ion-ска батерија, доаѓа заедно со адаптерче за полнење „од штекер на USB“, така да совршена комбинација беше, плус адаптерчето ќе ми користи и за SanDisk Sansa Fuze МP3 плеерот што го купив (тој не дојде заедно со адаптер за од 220V на 5V USB адаптер, а не сакам да морам да го имам пуштено PC-то цело време само за да го наполнам MP3 плеерот или фото апаратот). Кратко речено, it's a win win situation ;D.
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: nCounTr on 10.05.2010, Monday, 14:41:53
Честитки за новата дигиталка и да си штракаш квалитетни слики и да те служи убаво.
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 18:04:23
Фала, фала, сите да си купите поубав ;D.
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: Bojan on 10.05.2010, Monday, 18:44:17
ај со среќа да си чкрапаш со апаратот, па и слики од Fluke-то да видиме...
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 18:46:51
Денеска планирав да го сликам ;), ќе ги post-ирам најбрзо што можам ;).


ПС: Не знам како да сликам од блиску. Читав на net дека има некоја опција која се вика Macro со која се слика од блиску, ова го имаат сите дигитални фото апарати, или само најскапите, зашто стварно не знам да работам со ова чудо, значи тотален „дудук“ сум за дигитални фото апарати.


EDIT: Мислам дека ја најдов опцијата, ај ќе пробам ;).
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: Bojan on 10.05.2010, Monday, 23:15:47
си ја нашол опцијата!!! сликите се супер испаднати!!!
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 23:26:15
Ќути, дур се снајдов, ми требаше малку време, ама мислам дека го „прокужив“... ;)
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: Bojan on 10.05.2010, Monday, 23:37:51
ако де, никој не се родил научен..цел живот учиме... и ај пак...да си го користиш со здравје, па да ставаш многу слики од твои уреди што си ги конструирал ти
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 11.05.2010, Tuesday, 00:02:47
Фала богу ;). И фала на сите што ги искажаа своите мислења и ставови во врска со конкретниот проблем ;).

А за уредите, ќе гледам меалку повеќе да се активирам на таа проблематика, малку сум пасивен последниве 2, 3 години ;).
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: VLATKO* on 11.05.2010, Tuesday, 11:30:21
micro модот е за сликање од ептен блиску,иначе добор апаратше си земал со здравје да се служиш.
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 11.05.2010, Tuesday, 13:40:22
Да да, тоа за Macro-то го „сконтав“ ;). Сега имам друг проблем, како да го подесам рачно (мауелно) фокусот кога фото апаратот е наместен да слика во Macro мод. Забележав дека кога ќе го подесам да слиа во Macro мод и кога е наместен на Auto Focus, го фокусира предметот, па ќе го помине "threshold"-от на добро фокусиран објект и застанува во некоја точка каде веќе е out of focus и квадратчето на средината на екранот за фокусот свети црвено (out of focus). Кога е поставен да слика во нормален мод на работа (не на Macro), може да се подеси мануелно да си го подесуваш фокусот, ама кога е ставен на Macro, ја нема таа опција.


Прашањето ми беше, дали некој претходно го има користено фото апаратов или сличен на него, па да ми каже дали е можно мануелно да си го подесувам фокусот кога сликам во Macro мод или има само Auto Focus во овој мод.
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: VLATKO* on 11.05.2010, Tuesday, 21:49:25
и на мојот canon А470 macro модот е со auto focus,тоаа можност можеми ја има на поскапите апарати.
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: SaleSk on 11.05.2010, Tuesday, 23:52:04
Не сум најсигурен но мислам дека таа опција ја нема на тој апарат...
Апаратот треба да има фул мануелен мод за да биде овозможена таа опција...
Како и да е кога сликаш во макро треба малку да го одалечиш објективот од предметот кој ке го сликаш и нема да имаш проблем...

Со здравје да си го користиш. ;D
Title: Одг: Евтини фото апарати ?
Post by: GigaWatt on 12.05.2010, Wednesday, 02:08:36
Па да, уствари во вправо си, само ќе ја подесам резолуцијата на максимум, ќе се оддалечам малку од објектот што треба да го сликам и ќе го сликам, па потоа crop на сликата, ќе си го отсечам само делот што ми треба и крај. Фала за идејата што ми ја даде ;).

Фала, фала на сите, поубав да си купите :D.