Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Дигитални камери и фото апарати => Topic started by: banjifiko on 19.04.2011, Tuesday, 12:08:17
-
Малку е покомплексен проблемот, за да биде во една речениц а сепак насловот да го опфати :(
Имено имам дигитален апарат HP 945, кој има блиц на извлекување, при што жиците што одат до блицот се прецвикале од отварање и при последното празнење на блицот, се случи краток спој на кондензаторот што го полни. Проследено со големо пукање. Го товорив апаратот и ги преспоив жиците, но сега не работи блицот. Дисплејот покажува дека софтверски е се ок, "charging flash" и потоа ништо. Му направив дијагностика, и таа покажа дека софтверски се е ок. Повторно го расклопив и со голема мака дојдов до кондензаторот
(http://www.mediafire.com/convkey/c015/pk7f2wttje5uyzjzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/9003/5q22hhxwy3o6evgzg.jpg)
И како што се гледа навидум, се е ок. Прашањето е како да ја проверам тубата од блицот дали е добра. Или некој друг процес за тестирање.
-
За тубата да ја провериш ти треба релативно висок напон,минимум 3-4KV...Јас овие цефки ги испитував на таква Plasma ball,отвори ја внатре и пипни ја тубата на анодата од трафото,и ако се појават во нејзе бели искри значи работи :)
-
Најверојатно се „заварил“ кондензаторот од внатре, пробиена е изолацијата, поради пребрзо празнење. Пробај стави го на унимер на подрчје на диода (beep-ер) и види што ќе ти јави. Ако јави краток спој секунда (или две, три), а потоа отворено коло, значи кондензаторот е ОК, ако јавува краток спој цело време, значи кондензаторот е пробиен :S.
-
Не постои ли можност од повторно празнење кога ќе го испитувам, бидејќи апаратот на дисплејот ми покажува "charging flash" па претпоставувам дека го полни.
-
Може да покажува дека полни,ама капацитетот да биде мал и не може цевката да ја *окине*.Најди најдобро друг кондензатор и пробај со него!
-
Пробај со некој кондензатор од CFL сијалица, би требало да има ист работена напон, само помала капацитивност, ако е наполнет кондензаторот, може и да не засвети блицот (поради помалата капацитивност на кондензаторот), но сигурно при краткоспојување на изводите на кондензаторот со шрафцигер или некој друг метален објект, ќе фрли искра ако системот за полнење работи правилно ;).
-
Колкава вредност и димензии има кондензаторот??
-
За жал не ја пишува вредноста на кондензаторот, претпоставуам дека е некаде околу 100-150 μF, 300 V... Добив совет да го мерам со аналоген унимер никако со дигитален.
-
Смени го кондензаторот и пробај така,