Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: Toma on 14.09.2019, Saturday, 01:41:17
-
Купувам користени исправни TOP224/5/6/7.
Новите се за никаде.
Ако има понуди?
-
Зошто не ги купиш од некој од Кинескиве сајтови... имам одлично искуство со вакви „модерни“ (не STK или некои копии на транзистори кои веќе не се произведуваат) делови ;).
-
Купив нови од Алија ама се покажаа фуфло.
-
А во TO-220? Да пробаш со такви? Бидејќи гледам дека ги има и во TO-220... со дополнително ладилно тело, колку и да се лоши, нема да изгорат ;).
-
Нема да изгорат, ама шумот може да се одрази и на други делови...
-
TO-220 се новите што ги купив.
-
Нема да изгорат, ама шумот може да се одрази и на други делови...
Тоа лесно се решава со керамички и пластични кондензатори во паралела на излез од колото ;).
-
TO-220 се новите што ги купив.
Им монтираше ладилно тело? Било какво, па и некое мало?
-
Нема да изгорат, ама шумот може да се одрази и на други делови...
Тоа лесно се решава со керамички и пластични кондензатори во паралела на излез од колото ;).
не би рекол, шумот доаѓа од лоша преработка на сировините од кои е изгреаден самот полупроводник, ако ти текина кога се користеше германиум во излезните транзистори и даваа постојано некој специфичен шум, кој зависеше од многу фактори, па беше тешко да се опфатат саите фактори, али да може да се проба со кондензатор, јас би додал и калем (намотка).
-
Им монтираше ладилно тело? Било какво, па и некое мало?
Новите цркнуваат за 5 6 секунди па незнам дали ако заработат ќе греат иили
Ладник не епроблем тоа го знам
-
Не знам што да кажам... немам на лагер лично, користени.
Би пробал од друг продавач. Не може сите да се бофал... и кај нив има најразлични фабрики, нема само една ;).
Како изгледаа? Вакви да не беа?
https://www.ebay.com/itm/371098518805
(http://www.mediafire.com/convkey/9fe2/fljyb6blkl7erllzg.jpg)
-
Такви
-
Епа нарачај вакви ;).
https://www.ebay.com/itm/262917380264
(http://www.mediafire.com/convkey/cded/1oug8t7akxjbqblzg.jpg)
Се гледа дека штампата е различна, значи најверојатно се од друга фабрика или друга серија ;).
-
Ако некој има TOP224 со сигурност исправен, би го замолил, со дигитален инструмент да го измери отпорот меѓу средниот (source) и десниот извод (drain)
(како на сликата горе) колку е отпорот и во двата случеви (пр. црвена средно, црна десно а потоа обратно).
-
Ќе побарам дома, ако најдам, ќе измерам ;).