Како може да видиме каков конвертор има?(во спецификации пишува Audio D/A Converter 24bit / 96kHz)
Тоа не се баш некои спецификации :S (иако не се лоши, сепак, за подобро да се оцени потребни се повеќе податоци). Треба да се отвори и внатре да се види кој е производител на чипот, па да се побараат подетални сепцификации за него
.
Ако не е нај нај што би било подобро решение некоја подобра звучна картица или?
Да, најчесто решение е подобра звучна картичка, по можност екстерна, само не е само картичката одговорна за квалитетот, треба да се разгледа дали звучниците кои ги користиш би ја „забележале“ разликата
. Ако купуваш само за слушалките, не знам колку ќе ти се исплати, тоа веќе зависи и од твоите потреби и колку често планираш да слушаш музика, дали ти пречи ако звукот и не е баш нешто „нај нај“... многу фактори се вплеткуваат во оваа „равенка“ :S.
За да не биде на крајот муабетот „више дара него масло“, дaј кажи прво каков тип на кмопресија користиш за музиката, lossless или lossy, lossless формати се FLAC, WV, APE, lossy формати се MP3, WMA, AAC, AACPlus, ATRAC. Јас на пример повеќето од музиката што ја имам ми е во lossless формат и така и ја слушам, така да, оправдано беше да купам екстерна аудио картица. Ако повеќето од музиката ти е на MP3 или некој друг вид на lossy формат, не ти се исплати да купуваш екстерна аудио картица, garbage in, garbage out е крајниот заклучок :S. Доволное ако купиш некоја поскапа интерна картица, и таа солидно ќе те служи, а ќе биде доста подобра од интегрираната
. Ако не повеќе, барем подобра побуда ќе има на излезот одколку интегрираната
.
Значи, ако слушаш музика со lossy компресиај како што слушаат повеќето луѓе, екстерна аудио картица можно е да ти биде само трошок кој не мора да го имаш, а реално гледано, многу малку работи ќе подобри :S. Не може картицата „магично“ да го врати она кое се изгубило при компресијата :S, тоа е невозможно :S. Јас дури и на мојот портабилен плеер слушам lossless музика (пушта и FLAC, APE и WV фајлови
). Се разбира, кога немам избор, слушам и lossy формати, само не повисок квалитет на снимка (на пример, MP3 на 320kbps, separate channel, не joint stereo). Фајловите се огромни, особено на lossless компресијата, но и на lossy форматите, но ако навистина сакаш и уживаш во музиката, ќе ти значи и ќе има (доста голема) голема разлика меѓу lossy и lossless компресијата ако се слуша на квалитетна оперма. На пример, разликата во звукот на lossy и lossless форматите на интегрираните onboard картици на матичните плочи едвај се осеќа, освен ако lossy формтатот нема некоја навистина низок bitrate, на пример MP3 @ 128kbps. На скапа и квалитетна оперма, веднаш се осеќа разликата, дури и помеѓу FLAC и MP3 @ 320kbps
. Затоа и спомнав дека многу фактори треба да се земат во предвид пред да се донесе ваква одлука
. Ако си спремен да жртвуваш неколку стотици евра и многу време барајќи lossless музика online, join the club
. Ако не, купи си една интерна аудио картица (некоја подобра, по можност TerraTec нешто слично на неа
, Creative во никој случај, барем не оние евтинине „X Pro Gamer“, за никаде се
) и решен проблем
.