За сите што им треба или сакаат да експериментираат со звуци, еве еден мал и ефтин модулатор на глас со интегралното коло HT8950 (се наоѓа на ибеј за помалце од 2$). Има можности за разни интересни ефекти, кои се подесуваат со три прекинувачи и четири тастери, кој сака може да побара на јутуб како звучат...
Шемата и изглед на плочката:
Иначе, делот од шемата со излезниот засилувач го исфрлив од плочката, на кој му треба може да додаде мал засилувач со LM386 или сл. Исто така имајте во предвид дека плочката е цртана за HT8950, а не за HT8950А, кој не е пин-компатибилен со првиот, има помалку пинови и помалце опции за подесување на ефектите.
Готовиот модул:
За крај, плочката и даташит за колото: