Author Topic: Ми треба помош околу дизајн на звучни кутии за Ei-Nis бас звучници  (Read 1420 times)

Offline Mirko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Ми треба помош околу дизајн на звучни кутии за Ei-Nis бас звучници
« Opened on 26.06.2012, Tuesday, 12:29:21 (Edited 26.06.2012, Tuesday, 13:39:58) »
imam 4, 12-ki Ei nish sakam da napravam 2 kutii so 2. 12-ki vo kutija i horna, ama nemozam da najdam dimenzii za takva kutija. Pa ako imate dimenzii ili nekoj link kazete  :)

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Одг: zvucni kutii
« Reply #1 on 26.06.2012, Tuesday, 12:32:03 »
Господине Mirko пиши на кирилица, и среди го насловот зошто ке ти пискаат од администрациата  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: zvucni kutii
« Reply #2 on 26.06.2012, Tuesday, 13:20:49 »
Мирко ,подобро направи 4 кутии со по една дванаесетка,по нишки стандарди.Ако си ептен за 2х12 -ки ке ти постирам нацрти.Само прво,за која намена ке ги изработиш кутиите (подобро - кој тип да бидат ,спрема тебе- компресиони,бас рефлекс ,хорни,лавиринт...).Во моментот не сум со пристап до серверот,ама се надевам дека уште денес ке ти пратам барем две ,три нацртчиња.

Offline Mirko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Епа со оглед на тоа дека се тврдовежана мембрана , насочува дека се за озвчување на поголем простор.
А ако не е проблем и ако сси во можност да ми пратисш од повеке типови на кутии па да видам која највеќе ке ми одговара, јас најдов несшто од JBL ама незнам колку е паметно да правам по тоа.  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве неколку предлога,токму за овие 12 -ки,со два спајдера и долг калем.Јас препорачувам 4 кутии со бас и хорна ( или твитер ) по желба.

Offline Mirko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
фала мн ке ми користи ова  :)

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
d.t

Offline ZEC ELECTRONICS

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
  • Секој новитет денес...утре е историја !!!
    • zec.mk
Пријателе....

убаво што ги имаш тие басови...но прво треба да иим ги средиш дуплите балерини.....имаат две - една горна и една долна...залепени на пластичен прстен.....бидејќи се ех- ју...т.е. од 1980 година последен пат правен тој модел......тие се всушност професионални мид бас звучници, и свират најдобро во што понал волумен на компресиона кутија....ако им ставич поголема кутија премногу ќе оди горе- доле мембраната т.е. екскуријата ќе им биде голема и ќе го оштетиш и такка тенкиот горен картонски амортизер.....би ти препораќал знаќи 40 х 65 х 28 кутија.....компесиона...без отвори за издув...најверно свири .....и добра хорна наормално...по можност магнетна .....но ако си тенок стави некоја пуезо но без намотка во неа и со поголема инка негде 20 на 8 цм што се моделите.....скретница воопчто не му ставај на басот......

Инаку ако си ги планирал за дома ич не се нафаќај да ги правиш...звучников е иделан за слави и веселби...галама колку сакаш ... ;D

...и уште еднаш бас од нив не очекувај...ако сакаш бас...ќе ти требаат бар пар 15 со добро вешање....и пар здрави појачала.......

Поздрав

ЗЕЦ
Сите се добредојдени .....

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721

Mirko,не го слушај ZEC ELEKTRONICS, ќе ги зезнеш басовите,направи басрефлекс кутија по нацртот  12- bas refleks.pdf од batka,само цефката замени ја со поширока со фи=75мм,а дужината останува иста.
Пиезо не ставај,ако немаш доволно пари прво заштеди ги па тек онда купи си вистински драјвер и хорна.

Offline ZEC ELECTRONICS

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
  • Секој новитет денес...утре е историја !!!
    • zec.mk
Зашто да не ме слуша ?!?!?!?!?

Советот што му го дадов е повеќе од на место !!!!......извини ако мислиш дека имаш познавање....но јас секојдневно им ги решавам проблемите на лугето....незнам кој се крие позади псвдонимот МАКИ....јас отворено кажувам кој сум.....а позади мене стои 20 години искуство.....и репутација која ја имам кај многу големи брендови  ( ПИОНЕЕР , ЈВЦ , ЈАМО , МАГНАТ , ОНКИО ) ...така да секоја ти чест и ти оддавам признание за твоето знаење или не- знаење ...но сите совети што му ги дадов се апсолутно точни и исправни....ако сакаш јави ми се или може счободно да се видиме и да продискутираме ...телефонотмој многу лесно се наоѓа....

... А мирко сам нека си одлучи што ќе направи !!!

Поздрав

ЗЕЦ
Сите се добредојдени .....

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Маки,уште една опомена за тебе. Твојот пристап во коментарите е на граница на пристојност,а она * не го слушај....!!* не е начин за да ги пласираш твоите мислења! Секое мислење ,било какво да е ,не треба да се напаѓа во стил *..... јас знам,а ти појма немаш....*.Ако имаш спротивно мислење ,слободно искажи го ,без да навредиш некого.Секој има право на мислење,а кој чие мислење ќе го прифати,тоа веќе е работа на оној на кој му се обраќаме или бара помош на Форумов.

ОК,прифаќам,малце претерав,али у најдобра намера,да не се направи грешка со звучниците.

Зашто да не ме слуша ?!?!?!?!?
Советот што му го дадов е повеќе од на место !!!!......извини ако мислиш дека имаш познавање....но јас секојдневно им ги решавам проблемите на лугето....незнам кој се крие позади псвдонимот МАКИ....јас отворено кажувам кој сум.....а позади мене стои 20 години искуство.....и репутација која ја имам кај многу големи брендови  ( ПИОНЕЕР , ЈВЦ , ЈАМО , МАГНАТ , ОНКИО ) ...така да секоја ти чест и ти оддавам признание за твоето знаење или не- знаење ...но сите совети што му ги дадов се апсолутно точни и исправни....ако сакаш јави ми се или може счободно да се видиме и да продискутираме ...телефонотмој многу лесно се наоѓа....
... А мирко сам нека си одлучи што ќе направи !!!

Советот што го даде на Mirko е погрешен,независно од тоа кој си и што си и незавсно од тоа дали ќе се видиме и ќе се запознаеме.Што ќе смени тоа што ќе се запознаеме??  ???  Советот што му го даде на Mirko и даље ќе остане погрешен.
Зад псевдонимот Maki се „крие“ Марјан,а кој се крие зад ZEC ELEKTRONICS уопште не ме интересира,може да биде некој кој работи у продавниците на ЗЕЦ електроникс,а може да биде и некој кој нема благе везе со ЗЕЦ електроникс него едноставно му се свиѓа тој назив.Поентата на сите форуми у свет е од членовите да не се захтева да дадат полно име и презиме и адреса и телефон,баш затоа да не му текне некому да ме дави по телефон у ниедно време или да ми истура ѓубре пред врата.

Ево зашто твојот совет е погрешен: волуменот на компресионата кутија што ја препорачуваш има више од 50 литри,тоа уопште не е мала кутија,тоа е волумен таман за бас рефлекс за 12 инча бас,ево и batka ќе ти потврди ова.
Мембраната у компресиона кутија стално прави поголеми екскурзии него у бас рефлекс кутија,и тоа за сите фрекфенции изнад резонантанта за бас рефлексот.Према тоа,твојот совет е погрешен.
Екскурзиите на мембраната за фрекфенции под резонанттната на бас рефлекс кутијата лесно се средуваат со low cut филтер кај претпојачалото или појачалото.Ова не помага кај компресиони кутии.