Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: ZlatkoT on 23.06.2018, Saturday, 03:49:39
-
Ми треба помош околу одредување на напонот и поларитетот (симетричен +0-, или +-) на претпојачалото со 4558D JRC и PT2399. Плочката ја извадив од стар DVD со караоке, ама недостасуваше плочката со RCA пиновите на излез а од таму добивало напојување. првите 3 жици на конекторот се претпоставувам ЛР и маса. Десните 2 жици се напојување (претпостаувам) ама не знам дали е симетрично или +- и колку V. Благодарам.
(http://www.mediafire.com/convkey/dc63/z2zbnrbwkvjsm44zg.jpg)
-
Према кондензаторите ориентирај се.
-
Да ама 0-та не е врзана за ниедна од тие 2 жици така да претпоставувам дека е симетрично напојување
-
Претежно се единачни напојувањата.
-
А да го пишеш брендот и моделот на DVD-то, да пробаме да најдеме шема ;).
-
Millenium model DVD 1500. Само тешко, ова е меѓу првите правени копии по порачка на Србите во Кина
-
На конекторот третата жица е маса. Ако е споена со четвртата или со петтата жица, тогаш треба единечно напојување.
-
Во право си, по ознаки не го наоѓа. Да, најверојатно е некое generic DVD со custom ознаки по нарачка на препродавачот.
Евентуално ознаки на плочките ???.
Ајде, сепак да го пробаме да го решиме проблемот без шема ;). Еве блок дијаграм и распоред на пинови на PT2399.
(https://s20.postimg.cc/e3860otct/PT2399.png)
Очигледно е дека PT2399 работи само со еден еднонасочен напон и не бара симетричен. За него, доволно е GND и 5V. Провери дали пинот 1 и пиновите 3 и 4 (би требало да се врзани заедно, барем така се прави на поевтините изведби) се врзани за било кој од водовите кои ги спомна (оние кои не се за влезен сигнал). Ова е лесна проверка ако го ставиш мултиметарот на beeper подрачје (ако не се снајдеш, дај слика и од мултиметарот, ќе гледаме да појасниме ;)). Ако и двата од водовите кои ги спомна се врзани за напојувачките пинови, тоа е тоа :). Обележи кои од двата вода е +5V а кој е GND, донеси +5V и GND на тие два вода и би требало се да работи како што треба ;).
За секој случај, пред да го поврзеш предзасилувачот за напојување, не е лошо да врзеш една шотки диода во серија со напојувањето (со водот за +5V). Ако немаш на располагање некоја, не е проблем, пробај и без неа, ама претпазливо. Само што ќе го врзеш напојувањето, допри ги полупроводничките компоненти (пред се мислам на интегрираните кола). Ако некоја од нив пегрева, веднаш изгаси го... најверојатно напојувањето не е врзано како што треба... или евентуално напонот е превисок, но од она што го видов од datasheet-от на PT2399 и судејќи по тоа колку е старо DVD-то (според она што го пиша, би требало да биде барем 10-тина годин старо, ако не и повеќе), напонот за напојување би требало да биде тој... толку пишува и во datasheet, 5V.
Во секој случај, ако имаш некој проблем, пиши, ќе пробаме да го решиме ;).
-
На 9-12v би требало да работи, после ваљда се делит со отпорници напонот за 4558D
-
На 9-12 бибтребало да работи, после ваљда се делит со о тпорници за 4558D
Не мислам дека е вака, но нека провери. Евентуално можно е да има стабилизатор ако напонот за напојување бил поголем од +5V, како што пиша, +12 или +9, но скоро никогаш вакви изведби не се решаваат само со напонски делители.
Zan е најверојатно во право. Изумив дека кај поевиниве изведби, се е врзано заедно. Најверојатно пинот 1 врзан за некој од двата дополнителни водови, а GND од аудио сигналот е врзан за пиновите 3 и 4 од PT2399. Во овој случај, колото најверојатно бара симетрично напојување... освен ако двата дополнителни водови не се врзани заедно (за да може да носат повеќе струја... ова е честа пракса во денешно време, но порано, до пред 10-тина, 15 години, особено кај поевтините изведби, не правеа вака... но сепак, провери). Во овој случај, GND е GND од аудио сигналот, едниот вод (кој и да е) кој е врзан за пин 1 од PT2399 е +5V, а другиот е -5V. Откако ќе најдеш кој е +5V, само провери дали другиот е директно врзан за пин 4 на 4558D. Ако е, тогаш да, тој пин е најверојатно -5V.
-
Мислам дека на плочката има регулатор 78L05 за 5 волти, најблиску до пинот 1 од PT2399 (на сликата), а дека останатиот дел од плочката се напојува со 9 до 12 волти како што кажа bicikle.
-
Да, можно е V401 да е регуларот, ама погледни го и V403 (најблиску до пинот 1 на 4558D). Мислам дека и тоа е регулаторче... најверојатно е за негативен напон... 4558D е операциски засилувач, не верувам дека се напојува со несиметричен напон, не ми прави логика.
Во секој случај, ZlatkoT нека ги пише ознаките на V401 и V403 бидејќи се сомневам дека и двата се напонски стабилизратори/регулатори.
EDIT: Сега те сватив. Мислиш во случај PT2399 да се напојува само преку стабилизаторот со +5V, а операцискиот да го користи +12V пред стабилизаторот и -12V?
-
EDIT: Сега те сватив. Мислиш во случај PT2399 да се напојува само преку стабилизаторот со +5V, а операцискиот да го користи +12V пред стабилизаторот и -12V?
Да, така мислев, тоа е една варијанта, а другата би била без -12V.
-
Дечки пин 4 на 4558 е дирекно на маса. Ниедна од двете жици не е врзана на маса. V401 i V403 се S8050 C331 i S913H702. Стабилизираното напојување е на посебна плочка и има изводи конектор со напони 12в, 8в, 3,5в, 24в, гнд 0в некои се негативни во однос на нула. Од PT2399 (
ПТ2399) пин 1 не е врзан дирекно на напајање. Напонската плочка е посебна и има стабилизатори на неа ама имаат ладилници од двете страни и не се гледаат ознали ама ќе ги измерам напоните
Напомена од Toma
Оваа ПТ2399 пишувај го со латинично писмо PT2399
-
Тоа што е пин 4 од 4558D врзан за маса значи дека колото најверојатно не се напојува со негативен напон. Види за што е врзан пин 8 од 4558D и дали е врзан за пин 1 на PT2399.
V401 = S8050 C331 --> UNPN (универзален транзстор за нисконапонски сигнали)
V403 = S913H702 --> не најдов податоци, можно е ознаките да не ти се прочитани правилно
Од PT2399 пин 1 не е врзан дирекно на напајање.
Како тоа „директно на напојување“. Па нели плочката за напојување е посебна (очекувано ;)) и не знаеш како да го врзеш чудово за плочката за напојување ???.
Значи, ај вака, најкратко. Следи ги пин 1 и пиновите 3 и 4 (види дали се врзани заедно, најверојатно се) на PT2399 и пин 8 и пин 4 на 4558D и направи една мала скица (шемичка) како се врзани едни со други, со кои компоненти се врзани, дали се врзани едни со други било кои од овие пинови (тие што ги наведов, не и останатите) на PT2399 и 4558D, дали се врзани со масата на адуио сигналот (GND), како и дали се врзани со оние две жици кои не знаеме што се (претпоставуваме напојување), итн. Потоа, сликај ја шемичката и стави слика на форумов да разгледаме ;).
-
Еве слика од напонскиот конектор
(https://s20.postimg.cc/n0knx0p65/f018346fa.jpg)
-
Еве
(http://www.mediafire.com/convkey/8013/02sq33hdoqdndq3zg.jpg)
-
Треба уште да видиш пиновите број 8 од двете ИК 4558 каде одат.
-
V403 = S913H702
Претпоставувам дека треба да е S9013
Type Designator: S9013
Material of Transistor: Si
Polarity: NPN
Maximum Collector Power Dissipation (Pc): 0.3 W
Maximum Collector-Base Voltage |Vcb|: 40 V
Maximum Collector-Emitter Voltage |Vce|: 25 V
Maximum Emitter-Base Voltage |Veb|: 5 V
Maximum Collector Current |Ic max|: 0.5 A
Max. Operating Junction Temperature (Tj): 150 °C
Transition Frequency (ft): 150 MHz
Forward Current Transfer Ratio (hFE), MIN: 120
Noise Figure, dB: -
Package: SOT23
-
Го решив +12 0 -12, децава веќе пеат караоке со ехо
-
Тоа делот со 16K отпорникот... најверојатно е дел од напонски делител, ама ако е навистина така решена плочката, тоа е лош дизајн.
Не дозволувај позитивниот напон да порасне многу над 12V, исто важи и за негативниот (многу под -12V да падне).
Со среќа да си го користиш ;). Ако можеш и сликни, да видиме како си врзал и обележи ;).
-
Дечки исправка. Работи моментално на 2 liion 7,2 V и тоа GND и +. Другата жица е во воздух, страв ми е да ставам - на неа
-
Ај види дали на отпорникот 16K, од страната на пинот 1 од PT2399, е врзан уште еден отпорник и дали тој оди према маса? Ако е врзан уште еден отпорник, ај пиши ја и неговата вредност.
И провери за што се врзани пиновите 8 на двата 4558D.
-
Отпорноста од 16 К е измерена помеѓу 2-т точки, не видов дали е еден или повеќе отпорници или отпор од некој полупроводник. Проблем да ги следам водовите е што има залемено лим преку пола плочка од долната страна заради елиминација на брумови (мислам). А и поголема лупа ми треба, сега кога почнав пак да лемам после 30 и нешто години пауза.
-
Не знам што да ти кажам... ако не најдеш како одат водовите, не можеме да ти помогнеме.
Евентуално, како што пишав, да пишеш ознаки од main board (CPU board) на DVD-то, па да пробаме да најдеме шема од таа Кинеска направија. Јас пробав да побарам нешто со ознаката од плочката што си ја сликал (D1500-H и GBKC7.820.368), ама ништо не најдов :S.
-
Благодарам многу на сесрдната помош. Проработе предпојачалото и со +0 7,2 V. Нека виси другата жица.
-
ОК, нека биде така ;).