Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 31.08.2010, Tuesday, 13:33:11
-
Ме интересира во врска со аудио засилувачите со интегрално коло зошто е тоа ST-BY и mute ?
ај за Mute да не го гасиш од штекер туку само тамо ке стиснеш (доколку има прекидач за mute) ама st-by ?
-
Обратно е, со stand-by го гасиш, а mute е за исклучување на звукот ;)
-
Обратно е, со stand-by го гасиш, а mute е за исклучување на звукот ;)
само пак не ми е јасно, зошто би го користел mute или stand-by кога би му направил прекидач на напојувањето?
-
кое интергирано коло го имаш???
Споено мислење: [time]31 Август 2010, 13:50:14[/time]
Обратно е, со stand-by го гасиш, а mute е за исклучување на звукот ;)
само пак не ми е јасно, зошто би го користел mute или stand-by кога би му направил прекидач на напојувањето?
Исто ти е и со прекинувач на напојување и без прекинувач т.е. со stand by тоа ти е една функција која ја има во интергрираното коло исто како и mute!!Кога ќе го исклучиш напојувањето со главен прекинувач нема да има струја никаде додека пак со притискање на копчето (тастерот) stand by само интергрираното коло ќе се исклучи!!
-
Ако го користиш stand-by нема потреба да ставаш прекинувач, ќе го палиш и гасиш со тастер, како што се сите понови ТВ, ДВД и сл.
-
аааа значи тастер (на допир) еее тоа е супер, значи не е прекидач :) а пак зошто е тогаш mute, нели и двете имаат иста функција ? односно да нема звук (во мирување).
Иначе јас барам некој интегралец што работи на струја до кај 15V, да не треба 30 или 50V или 2х30V :o
-
mute не е исто со stand-by, со mute се исклучува само звукот, а не целото коло.
-
Mute е како кај телевизорот, ако сакаш да го исклучиш гласот на пр. додека зборуваш на телефон и сл. и после пак можеш да го вклучиш..
-
значи кога е на mute засилувачот работи активно и засилува само што сигналот не иде на звучник а при stand-by не работи засилувачкиот дел туку само некој мал дел од интегралецот што треба да го подигне засилувачот. Добро сум сватил ? :)
Ако добро разбрав при mute засилувачот си засилува ама не иде на звучник, дали тоа може да поттикне повратна снага SWR ?
-
Не, нема врска тука SWR, меѓутоа идеата мислам дека ти е дали засилувачот грее (троши мирна струја) додека е на муте = да, а доколку е на stand-by не (ладен е).
-
е да да точно и тоа ме интересираше, дали грее и троши струја на mute исто како кога работи ?
-
па...што имам гледано интегралци и stand by и mute се на еден пин.... така да јас мислам дека сеедно е...
-
Не кај сите, ама кај некои да, mute и standby се на ист пин, и во принцип станува збор за mute копче, а не за standby, така да интегрираното коло не е баш „исклучено“ кога е ставено на mute. Инаку, доста често поинот mute кај интегрираните кола од овој тип во самоградбата се користи како пин за „мек старт“ на засилувачот, што е доста практично ;).

ништо неможе да го замени прекидачот... :D
-
Mute и Stand-by на некои интегрирани кола (на пример на некои кола од серијата TDA) се на ист пин но се вклучуваат на различен напон, на пример ако на тој пин донесете од 2 до 5 волти (на пример) прави Mute а ако донесете над 8 волти прави stand-by (или обратно, ова беше само пример, за најточно видете во Datasheet за колото).
-
stand by се користи за да се избегне непријатниот звук (бумм) при вклучување и исклуцување на засилувачот .Најчесто се користи отпорник од 10к и кондензатор од 100 микро или поголем
-
Па немора и тоа може да се направи едно едноставно коло со реле за доцнење на сигналот ;D
-
Па немора и тоа може да се направи едно едноставно коло со реле за доцнење на сигналот ;D
Методот што го има спомнато danix01 е далеку поедноставен и поевтин од методот со реле.
-
Па немора и тоа може да се направи едно едноставно коло со реле за доцнење на сигналот ;D
а зошто да ставаме реле кога скоро сите интегрирани засилувачи имаат вградено stand by коло, треба само правилно да се поврза и добиваме безшумно вклучување
-
Тоа се однесува за транзисторски засилувачи ;).
-
јас на транзисторски засилувач му ставам само еден прекинувач и завршена работа ;)
-
јас на транзисторски засилувач му ставам само еден прекинувач и завршена работа ;)
Може и така, ама при вклучување ќе се слуша бум на звучникот ;D.
-
јас на транзисторски засилувач му ставам само еден прекинувач и завршена работа ;)
Може и така, ама при вклучување ќе се слуша бум на звучникот ;D.
Да ама може да се изработи коло за мек старт на звучниците,имаше таков проект во емитер. ;D