Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: ddd on 09.11.2012, Friday, 11:03:14
-
Здраво на сите,како што кажува насловот има проблем со пералната.Јас не работам вакви работи но на пријател решив да заменам некој делчиња.Кога ја приклучувал погрешно поврзал 2 конектора и плочката се запалила.Има изгорено диоди отпорници што не е проблем.Проблем е ИК кое испукало.......Дали некој имал искуство со вакви кола и каде може да се најде???Или ако некој ја има целата плочка да ја купам.Еве и некој слики од плочката и колото како изгледаат.
Поздрав и се надевам ке ми помогнете...
(http://img502.imageshack.us/img502/1341/favoritduo.jpg)
(http://img62.imageshack.us/img62/7295/favoritduoic.jpg)
-
Што IC е? Да не е некој микроконтролер/микропроцесор? Има дисплеј машината за перење? Ако е микропроцесор, најверојатно има и EEPROM во кој е запишана програмата потребна за работа на машината за перење. Ако не можеш да најдеш dump од програмата, најверојатно нема да можеш да ја направиш машината за перење бидејќи шансите да е изгорен и EEPROM-от се прилично големи. Ако EEPROM-от е во склоп на микропроцесорот/микроконтролерот и ако не можеш да најдеш dump од програмата, дури и да успееш да најдеш ист или компатибилен микроконтролер, нема да ти врши работа :S.
Ако има EEPROM, пробај исчитај го EEPROM-от. Ако не дава „џибериш“ на излез (само FF или 00), можно е да преживеал и тој и програмата ;D. Ако не може да се исчита, дефинитивно е изгорен :S... или има заштита од читање, но оваа варијанта е помалку веројатна.
-
Сигурно има овластен сервис па обратете се таму, и за резервни делови. од готово не прави вересија
-
Мислам дека овие имаат комплет па прашај !
Зрак искра
Барај - Љубе
адреса: Питу Гули 14
место: Прилеп
телефон: (048) 415 504
телефон 2: (048) 415504
локација: близу кула
http://www.fanzo.org/forum/viewtopic.php?p=148048#p148048
-
Два дена звонам никој не се јавува.Да не имаш некој мобилен од нив случајно...
-
posle 21cas na 048/424440, ili u servisu ako me ima 048/415504, inajsigurnije 075/676415. Pozdrav.
-
Тоа интегралецот е микроконтролер на Freescale, би можел да набавиш друг микроконтролер (ист таков) да си го најдеш кодот за програмирање и да си го испрограмираш :D
мислам дека се базира на моторола микроконтролер, ама тоа пишува што како во даташитот повеќе :D
-
Toma ти благодарам завршив работа.........
Ја имаше човекот цела плочка и ми ја продаде за 3400 денари.