Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: ISKRA ERO on 14.05.2013, Tuesday, 11:34:35

Title: Помош за правосмукалка Sloboda
Post by: ISKRA ERO on 14.05.2013, Tuesday, 11:34:35
Здраво, менував лагер на правосмукалака  sloboda  700К , сива по боја , долгунеста претпоставувам знаете за каква се работи, и го скршив едно колце назад зад колекторот, колцето е како вентилатор со перки во големина е 5 cm одприлика и е од алуминиум претпоставувам , но не знам зошто толку се крши како од некој кршлив материјал да е . Претпоставувам дека беше наместено за подобро ладење на колекторот, да не грее.
Е сега не знам што да прам , дали можи да вози вака или да барам друго?
Ја собрав и им реков да не ја теретат многу, една соба па да ја одморат.
Ваше мислење?
Title: Одг: Помош за правосмукалка sloboda
Post by: GigaWatt on 14.05.2013, Tuesday, 16:03:09
Ако може да сликаш бидејќи вака не те разбрав баш добро за што станува збор ???.
Title: Одг: Помош за правосмукалка sloboda
Post by: munja on 14.05.2013, Tuesday, 21:46:08
Терај нема маки мојата нема ниту едно од тие и работи веке повеке од 5 6 години од кога менував лагери и четкици главното ладење е од вакумот- воздухот што го смука и струи низ моторот.
Title: Одг: Помош за правосмукалка sloboda
Post by: ISKRA ERO on 14.05.2013, Tuesday, 23:48:42
Ако може да сликаш бидејќи вака не те разбрав баш добро за што станува збор ???.
Станува збор за мало колце со мали перки , меѓу колекторот и лагерот .  Наликува како вентилатор како што опишав со големина од 4-5 см. и лесно се крши, можеби е од алуминиум. Вероватно е за подобро ладење на колекторот, да ја трга топлината побрзо од котвата.
Title: Одг: Помош за правосмукалка sloboda
Post by: batka on 15.05.2013, Wednesday, 03:01:15
Па растури некое кулерче од РС ,може да пасува.
Title: Одг: Помош за правосмукалка sloboda
Post by: GigaWatt on 15.05.2013, Wednesday, 07:56:59
Станува збор за мало колце со мали перки , меѓу колекторот и лагерот .  Наликува како вентилатор како што опишав со големина од 4-5 см. и лесно се крши, можеби е од алуминиум. Вероватно е за подобро ладење на колекторот, да ја трга топлината побрзо од котвата.

Вака, како што опиша (иако не можам да бидам сугурен без слика), станува збор за „вештачки товар“ и додатно ладење. На тие мотори им треба да има „товар“ кога работат во празен од (како што створува фрикцијата меѓу перки и воздух), а под празен од мислам на „ја немам врзано перката за вшмукување за моторот“, инаку прегреваат и можно е да изгорат. Освен тоа, да, добро наведе, тие перки имаат функција и на „ладилник“ (кулер) за роторот.

Ако е скршена една, по некоја логика, би требало да се изгуби балансот меѓу останатите перки, поради што ќе почне оската на роторот да осцилира. Но, ако тежината на перките не е преголема (преовладува тежината на роторот), можно е и да не осцилира (до определен број на вртежи). Ако гледаш дека нема проблем (моторот не осцилира), не би требало премногу да му пречи на моторот ако му фали една перка за ладење ;).