Денес бев во Катланово и со станцата испитував кој репетитор го отварам.
Бев овдека:
Криво ми е што ми сметаше еден рид за да можам да го видам Скопје, така да за жал немав оптичка видливост.
Прво пробав да се уклучам на Р2 на Копаоник но безуспешно
Потоа го отворив Р7 на Солунска глава без проблем и сигналот беше Q4 или Q4,5 на 5W, а далечината меѓу мене и репетиторот беше 32,41km
Го отворив и Р6 Бреза каде сигналот беше Q5, едино не знам каде точно се наоѓа репетиторот и не можам да измерам далечина но секако од прилика е околу 20km
Потоа пробав со RU5 на врв на Водно но за жал не сакаше по ниедна цена да се отвори.
За крај го отворив скопслиот Р0 каде разговарав со колега радиоаматер и ми рече дека ме слуша Q3 а јас него го слушав Q5, далечината беше 25,5km до R0 во Скопје.
Нај интересното беше што го отворив и прилепскиот Р0 и тоа без никаков проблем, остварив контакт со колегата Ивица од форумов кој ми даде оцена Q4 а потоа зборев и со друг колега радиоаматер од Прилеп, тој ми даде оцена Q5, вероватно малце ја мрднав станицата па и сигналот се променил. Работев со ниска снага од 2W и со 5W снага.
Прилепскиот репетитор се наоѓа на Селечка планина и помеѓу мене и репетиторот имаше одприлика 63km далечина.
Еве сликовито:
Ако некој знае каде точно на планината се наоѓа репетиторот нека пише координати за да одредам точна далечинаИначе према
http://ham.pirot.org/
репетиторот е 5W но според спецификациите за репетиторот снагата е минимум 10W. Така да не знаеме која е точната снага на репетиторот.