Никаде во post-от или насловот (мислам на првиот) не пишува дека 500W му е музичката моќност, едноставно пишува дека станува збор за засилувач од 500W. Непишано правило во DIY аудио техниката, моќноста на определен засилувач се дефинира како root mean square, односно RMS, или на нашки „синусна моќност“. Доколку е дефинирана моќноста како музичка моќност, треба тоа да се наведе уште во првиот post, да не се дојде до забуни, а не по 3 страни напишани post-ови.
Освен тоа, никој од нас не е видовит, за да види на каков тип на моќност всушност ти си мислел. Ние само коментираме врз база на фактите, дефинирана е моќноста на засилувачот на 500W, и според сите правила на DIY аудио техниката, ние мислиме дека станува збор за синусна моќност, а не музичка. Поради тоа и коментираме, бидејќи според дадената шема, нема теорија тој засилувач да извади 500W RMS. Тоа е бесмислено.
Затоа, нареден пат убаво дефинирај на што точно мислиш и како ги дефинираш единиците мерки, како што пишав претходно, не сме видовити. И тоа се прави уште во првиот post.