Овој засилувач го имам направено уште во 1995 кога беше објавен во првиот број на ЕМИТЕР, а го имаше и како комплетен проект објавено во некој број од списанието SAM негде во`80-тите, и тоа две верзии со симетрично и обично напојување. Иначе ова ми беше на времето првиот поозбилен засилувач, го правев буквално од нула, првото мрежно трафо во животот што го мотав беше за овој засилувач, кутијата ја правев исто така од нула од алуминиумски плочи (сообраќаен знак
) и поп-нитни итн...и што е најинтересно и до ден денес уште го користам без никакви дефекти. Не би го крстил баш аудиофилски, ама за нормално секојдневно слушање на нормална опрема (звучници) е повеќе од добар и го препорачувам на секој на кој што му треба work-horse за домашно слушање!