Иначе за што служи тој филтер?
Електромагнетни пречки од околината (Electro-Magentic Interference Filter - EMI Filter). Обично се става на напојувачки водови за да може колку што може напонот „почист“ да биде кога ќе влезе во мрежата, особено во денешно време, покрај еден куп SMPS напојувања кои внесуваат пречки во мрежата, и те како е потребен овој тип на филтер. А на VGA каблите кај мониторите се става од практични причини. RGB сигналот и синхронизационите импулси може многу лесно да се изобличат од електромагнетни пречки, да сменат боја, да се појавува ехо на сликата, да се губи синхронизација, особено во индустриски средини, па поради тоа се става тој филтер. Не е задолжителен (имам видено многу постари монитори, од 1995-та, 1994-та кои го немале тој филтер на VGA кабелот), но е пожелно да се стави. Производителите скоро задолжително го стваат, дури и на новите LCD монитори кои користат VGA приклучоци, бидејќи не знаат каде тие монитори ќе бидат монтирани, а никој не сака да биде „руган“ како лош производител (слика катастрофа, ехо има, губи синхронизација) само поради тоа што корисникот решил да го стави тој монитор во машинска работилница веднаш до местото каде што швајцува, а производителот сакал да заштеди на едно парче магнет
.