Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: tefe_negro on 01.07.2019, Monday, 12:16:08
-
Како што вели насловот потребен ми е софтвер за апдејт преку усб за горе наведениот модел на ТВ или думп ама од нанд флешот .
Во прилог слики од шасијата и екранот
(https://i92.servimg.com/u/f92/11/35/05/19/quadro10.jpg)
(https://i92.servimg.com/u/f92/11/35/05/19/quadro12.jpg)
(https://i92.servimg.com/u/f92/11/35/05/19/quadro11.jpg)
-
Дали побара на рускиот сајт (како ли беше). :)
еве го
https://remont-aud.net/
-
Претежно сите дампови се од spi флешот а таму е само mboot-от . Ми треба дамп од nand чипот или комплетен софтвер со три фајлови mboot.bin , mb65en.bin и еден тхт фајл со скрипта за за инсталација за конкретниов модел .
-
А што е конкретно проблемот? Не се boot-ува, не работи како што треба, софтверот јавува error-и?
-
Може темата во канта најдов друга плоча од ист модел со скршен екран . Проблемот беше што боите на сликата беа дисторзирани . Екранот беше проверен со тестер така да тој отпадна проблемот беше матичната .
-
... боите на сликата беа дисторзирани ...
Претпоставувам ама не знам што значи зборот дисторзирани.
Ако имаш можност најди слика од нет да видиме како отприлике изгледала сликата.
-
Може темата во канта најдов друга плоча од ист модел со скршен екран.
Темата нема да оди во канта бидејќи можно е некој друг да побара или да сака да сподели, па да наиде на темава на Google и да се регистрира и да го сподели dump-от ;). Само поради тоа, инаку, да, нема логика да стои ако не е решена темата, т.е. не е најдено она што се бара во темата ;).
Претпоставувам ама не знам што значи зборот дисторзирани.
Ако имаш можност најди слика од нет да видиме како отприлике изгледала сликата.
Да, и ова не е лоша идеја, да не излезе на крајот дека воопшто не ни бил dump-от проблематичен туку бил некој сосема друг проблем со main board ;).
-
Кој работел со вестел шасии знае како се прави дијагностика . Инаку на телевизорот проблемот беше што немаше слика. Се пали позадинското светло стартува реагира на далечинско но нема ништо на екран . Напон од 12В оди на т-конот но ги нема напоните кои ги палат таб кофовите на екранот . Така да проблемот беше во т-конот. Е сега бидејќи некој друг претходно а може и повеќе луѓе се обиделе да го поправат го смениле софтверот најверојатно со некој од некоја слична шашија на вестел (17MB65,17MB65-1 или 17mb65-2) . Бидејќи немаше звук на телевизорот а сликата беше дисторзирана * откако го заменив т-конот* (може да се претпостави дека некој го сменил софтверот **разликата е во аудио ИЦ чипот на сите три плочи процесорот е ист ќе стартува може и ќе биде сетингот за екранот точен ама и2ц шината за аудио чипот е различна така да јок звук). И затоа барав точен софтвер по модел ,шасија и екран од вестел дали има некој бидејќи е простар модел.
Немам слика го вратив тв-то ама бојата на сликата е *дисторзирана* како неисправен гама коректор AS15F . А бидејќи е ЛГ екран а не АУО гама коректорот отпаѓа . ;)
-
Значи, муабетот е, поправаш проблеми кои ги направиле други „мајстори“ :-\ ;D... не се секирај, не си ни прв ни последен ;). Често сум бил last resort за многу дубиозни проблеми и да, на крајот излегува, поправаш и она што други дозезнале ::).
-
Претпоставувам ама не знам што значи зборот дисторзирани.
Ако имаш можност најди слика од нет да видиме како отприлике изгледала сликата.
Најголемиот дел од сервисерите наместо “дисторзирани“ го употребуваат изразот "соларизирана" (соларизација solarized solarisatie Solarization)
Пример
Samsung LE37B650 - solarized picture - defect AS15F gamma chip
https://alpengeist-tvrepair.blogspot.com/2015/03/samsung-samsung-le37b650-solarized.html
(http://www.mediafire.com/convkey/0657/1xsbtzvj3cy1dsvzg.jpg)
Philips 37PFL9604/H12 - distorted colors / solarization - AS15F chip defect on TCON board
https://alpengeist-tvrepair.blogspot.com/2016/01/philips-37pfl9604h12-distored-colors.html
(http://www.mediafire.com/convkey/84f9/5wetsbt7e5r4x82zg.jpg)
Нешто и во врска со тонот
Во сервисното мени кај некои ТВ има опција за овој проблем со сликата.
И затоа барав точен софтвер по модел ,шасија и екран од вестел дали има некој бидејќи е простар модел
Исто така за точен софтвер потребни се податоци кои ги има на лепенката од капакот и на самата матична плоча 17MB65-2
Обележените 4 бројки и SN бројот од првиот ред .
(http://www.mediafire.com/convkey/e496/3wuv33eebdj7pwnzg.jpg)