Еве ова нека биде прва тема во 2012.Актуелна е бидејки сите имаме проблеми со акумулаторите,ако автомобилот стои надвор.Иначе,шемата ја добив од некаде,на српски е и веројатно има свој автор.Му благодарам што многу едноставно предвидел и реализирал неколку функции како старт на полнење,дел за полнење на никел кадмиумски батерии,избор 6/12 V,рачно подесување на праговите на полнење,светлосна индикација .И сето тоа со ефтини и * секојдневни* делови.Иако ви се чини дека 3А е некако премалку за полнење,според сите испитувања тоа е оптималната струја за 45/55 Аh .Значи,доколку ви треба полнач за акумулатори,го препорачувам овој.Јас веке ги собирам деловите,а печатена плочка нема,па ако некој биде добар и нема што да работи ,нека направи нацрт.Овој проект може да биде направен и на неколку посебни плочки ,па склопен во кутија.Ова го напоменувам поради тоа што релињата кои некој може да ги набави или ги има кај себе, се со различни големини и распоред на ножичките