Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: Djpes on 28.04.2013, Sunday, 14:05:03

Title: Помош околу поправка на електроника за скутер JONWAY ITALIA 50cc
Post by: Djpes on 28.04.2013, Sunday, 14:05:03
Ми треба помош за поправка на скутерот на него не работи свирката, трепкачите, часовникот на таблата,покажувачот за гориво и не пали на акумулатор? кога ке запали работат само светла: позиција, кратко, долго, ако има некој искуство со ваков проблем нека пиши.

Инаку го зедов пред една недела и од тој што го купив ми рече дека само акумулаторчето треба да се наполни и се било во ред, Ама не испадна така го наполнив ама е пробиено не држи струја ич го пробав со друго нема никаква промена.

Ве молам за помош или совет!
Title: Одг: Помош околу поправка на скутер JONWAY ITALIA 50cc
Post by: Bojan on 28.04.2013, Sunday, 14:36:40
види осигурачи дали има дали му се ок...
Title: Одг: Помош околу поправка на електроника за скутер JONWAY ITALIA 50cc
Post by: Djpes on 28.04.2013, Sunday, 17:29:21
Има еден осигурач и е во ред и сега проверив на акумулатор не иди струја нема полнење, а светла има  незнам што е проблемот.
Title: Одг: Помош околу поправка на електроника за скутер JONWAY ITALIA 50cc
Post by: StefanJapanac on 28.04.2013, Sunday, 18:14:50
Најверојатно те има зафркнато продавачот и му е отиден алтернаторот, и си го земал со полн акумулатор се работело и после некое време ништо како се испразнил акумулаторот

А може и во нешто друго да е проблемот, мене ова ми текна прво
Title: Одг: Помош околу поправка на електроника за скутер JONWAY ITALIA 50cc
Post by: nikola_bb on 30.04.2013, Tuesday, 16:42:39
Ќе мериш пред реглерот дали имаш наизменична струја, и после реглерот дали имаш еднонасочна струја. Моли се да имаш пред реглерот пошто ако немаш не ти бега вадење магнети намотки и такви глупост, ако е така тогаш само реглер ќе менаш ако има струја
Title: Одг: Помош околу поправка на електроника за скутер JONWAY ITALIA 50cc
Post by: Djpes on 02.05.2013, Thursday, 09:11:01
проблемот е решен и јас незнам како ама сега е во ред ништо посебно не направив само го запалив со друг акумулатор и сега си пали и со неговиот и нема проблем никаков, не ми е јасно како можи така ама тоа е
фала ви што се потрудивте да ми помогните
Title: Одг: Помош околу поправка на електроника за скутер JONWAY ITALIA 50cc
Post by: LordZi on 02.05.2013, Thursday, 09:33:59
Изгледа бил празен акумулаторот и сега се наполнил при работа, ако држи понатаму не го чепкај, ако не барај нов... ;)