Многу често е потребно да проверите дали некој електролитски кондензатор се исушил (а со тоа и ја зголемил својата внатрешна отпорност - ESR - Equivalent Series Resistance). Ова поготово се случува во уреди каде има зголемено греење како телевизори, компјутерски напојувања и компјутерски плочи. Се разбира најдобро е да имате соодветен иструмент наречен ESR метар и да мерите дали електролитскиот кондензатор навистина ја зголемил својата внатрешна отпорност до недозволиви граници (најчесто повеќе од оми или два) или е сеуште исправен (ESR - отпорност под 1 ом).
Бидејќи уште почесто овој инструмент го немаме измислив начин за брза и едноставна проверка на кондензаторите но со една мана: кондензаторот мора да биде изваден од плочата за да го тестирате, неможе да го тестирате додека е залемен на плочката.
Шемата е следна:
Тестот е едноставен: Го поврзувате кондензаторот кој го тестирате во колото: доколку светилката светне (не само да жари туку да светне релативно нормално) тогаш кондензаторот е исправен а доколу само малку жари или не свети воопшто кондензаторот го фрлате и ставате нов на негово место во уредот од каде што сте го извадиле.
Напомена: Овој принцип на тестирање е успешен само со електролитски кондензатори поголеми од 220uF, помали кондензатори нема да ја светнат светилката и да се исправни.