Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: warningteam on 25.05.2018, Friday, 00:57:07

Title: Потребна ми е помош околу осветлување во автомобил
Post by: warningteam on 25.05.2018, Friday, 00:57:07
Потребна ми е помош околу осветлување во автомобил, имено  се работи за компјутерска заштита од страна на колата така што сијалиците што се за амбиентално осветлување сакам да ги сменам со лед, но  вкупната потрошувачка на сегашните со жаречко влакно им е 20W 2x10W, a лед диодата е 3.5W една што значи јас имам 7W вкупно и автоматски компјутерот на колата ги гаси сијалиците, би можело ли некако да се направи некој лажен потрошувач  но секако да не е со некој сијалички дополнителни и слично за да се добие потребната ватажа?
Title: Re: Потребна ми е помош околу осветлување во автомобил
Post by: GigaWatt on 25.05.2018, Friday, 02:50:57
Стави дополнителни LED диоди во паралела со постоечките. Ако ти е многу светло, затемни ги со изолир трака.
Title: Re: Потребна ми е помош околу осветлување во автомобил
Post by: bicikle on 25.05.2018, Friday, 06:24:27
Или отпорник, пресметај со омов закон, напон земи 14.4в. Отпорникот клај го 10% плус( во снага). Можеш и помал со ладилниче, ама по комплицирано е така.