п.с. ова ми е 2000ти пост....
Ај со среќа 2000-ти post
, уште x10 од 2000 да имаш (памтам еден член на еден странски форум имаше 35000 post-ови, ама е член на форумот уште од 2000-та година, кога беше отворен форумот, така да до некаде и разбирливо е
).
Во однос на прашањето дали може да си направиш добар стабилизатор со истите компоненти кои ги има во интегрираниот, одговорот е не. Прво, бидејќи сите компоненти се изведени интегрирано, отпорници, кондензатори, транзистори, се е изведено на една полупроводничка плочка (отпорниците се прават како транзистори со определени сменети параметри и начин на изработка, треба малку да се навлегува во микроелектроника за да се разбере принципот на изработка и на пасивните и на активните компоненти во интегрираните кола). Второ, сите се поставени на една полупроводничка плочка, што значи дека сите се температурано зависни едни од други, така да на некои од транзисторите не им е ни потребна температурна стабилизација (сите се загреваат заедно, па поради тоа на сите има се менуваат параметрите пропорционално, што значи дека ако едне транзистор смени нешто во неговиот излезен степен и се зголеми или намали струјата низ него, истото ќе се случи и со транзисторот во наредниот степен од ланецот кој, на пример, е наменет за да ја ограничи струјата низ тој тој вод, па пошто се температурно врзани, вториот ќе ја намали струјата за онолку колку што се зголемила кај првиот транзистор). Има и многу други причини, но овие две се едни од најбитните, така да не се исплати, а башка што е скоро неизводливо (поради температурната зависност на сите компоненти, треба сите да ги врзеш „во купче“ за да бидат барем до одреден степен температурано зависни).