Да, доколку немаш извадено ресет од микроконтролерот на некој тастер, директно исклучување и вклучување на напојувањето ќе го ресетира. Понекогаш ресет преку пиновите не помага, па мора со напојувањето, тоа е најсигурно
. Е сега чудно ми е како е успеала да се избрише програмата. Сум имал слични проблеми, ама никогаш ми се нема избришано програма од флеш меморијата на микроконтролерот.
Инаку околу оштетувањето на електрониката, колку што сум информиран, се мисли на електронските компоненти во почетокот кога почнала да се развива дигиталната електроника. Тогаш почнале да се јавуват многу проблеми со електромагнетната интерференција, па биле принудени да обратат внимание на дизајнот на компонентите и печатените плочки. Се сеќавам, порано кога купував CMOS интегрирани кола ми ги даваа во алуминиумска фолија. Денес се повеќе имуни на електростатско празнење.
Е сега дали може да се оштети кога е исклучена електрониката, немам размислувано
. Претпоставувам дека би можела при доволно јако ЕМ поле.
Поентата ми беше дека при дизајнирањето на електронски уреди, потребно е да се обрати внимание и на електромагнетната компатибилност (EMC), што всушност претставува имуност на уредот на ЕМИ.
А и твојот пример е многу добар показател.
Затоа при дизајнирање на PCB, не треба да се размислува за помалку од 4 слоја на плочката, каде што еден цел слој е GND, а друг POWER. Останатите два сигнални слоеви.