Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Осцилатори => Topic started by: DX-er on 19.03.2012, Monday, 21:02:51
-
На шемава е претставен бркач на кучиња за кој ви треба посебен кристален звучник кој може да ги репродуцира фрекфенциите кои им пречат на кучињата.
Користете алкална батерија бидејки овој склоп троши повеке струја.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/dog-repellent-circuit.jpg)
-
Одамна сакам да направам вакво нешто а оваа шема ја видов и на други сајтови.
Колку децибели да очекувам од шемава, дали би надминало над 90-100 децибели?
Колку максимум вати се испорачува на високотонецот во шемава? Некој хорна високотонец да барам или имате некој конкретен предлог што од средна класа поробусни високотонци може да се најде кај нас...
Сакам да го комбинирам ова со некаков свич што ќе го активира бркачов само кога ќе има гласно лаење. Нешто со насочен микрофон. Кај животните најдобро функционира акција-реакција принципот. Ако на секое гласно лаење за „казна„ доаѓа многу гласна и непријатна бука, животното брзо ќе научи ште не треба да прави.
Од друга страна, ако бркачов постојано и непрекинато емитира високи тонови, претпоставувам по извесно време ќе предизвикува само уште повеќе лаење заради иритација.
Некои идеи или конкретни шеми за вакво нешто?
-
Околу идејата само кога лае кучето, само тогаш да се пушта во работа бркачов на кучиња, тоа може да се направи со звучен прекинувач, ама ќе треба да го штимаш и најверојатно нема да реагира само на кучиња, најверојатно ќе реагира и на други звуци (деца, пискање, гласно зборување, ако е блиску до миркофонот).
-
Звучи доволно добро, со насочен микрофон треба да е доволно. Плус, се е подобро од нон-стоп емитирање или мануално пуштање.
Што со другиот дел од прашањето, имаш представа колку децибели ќе произведува ова со нешто подобар високотонец?
-
Што со другиот дел од прашањето, имаш представа колку децибели ќе произведува ова со нешто подобар високотонец?
Искрено, не знам, никогаш немам правено вакви конструкции. А и конкретнава шема никогаш не сум ја изработил практично.
-
се надевам дека ова ќе ја замени пушката ;)
-
Нека кажи некој какви се ефектите, ако се нафати да го прај.