Македонски форум за електроника

Останато => Алат => Topic started by: GigaWatt on 20.08.2019, Tuesday, 02:41:51

Title: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: GigaWatt on 20.08.2019, Tuesday, 02:41:51
Devil имаше ставено слики од негова изработена контрола за леткум (или било каков уред кој може да се контролира со помош на dimmer/димер) во оваа (http://elektronika.mk/index.php?msg=8758) тема. Контролата беше монтирана во О-Г (Г-О ??? ::)... никогаш не научив) дозна со штекер. За жал, сликите се избришани од pic.mk (ах, зошто го користевме pic.mk :-\), но идејата многу ми се допадна :), па решив (скоро 10 години подоцна ::)) и јас да си направам една :).

(http://www.mediafire.com/convkey/72ee/qbu5am5e390elf5zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/e64f/z7f38mtossfpyvrzg.jpg)

Контролата може да се користи за огромен број на уреди: сијалици, леткуми, вентилатори, бормашини, брусилки, убодни пили, гравирки (под услов да нема фабрички контрола во нив, инаку ќе „трокираат“), греалки... практично било кој уред до 2KW кој може да се контролира со димер.

Искористениот димер е купен од eBay.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/152686965377
(http://www.mediafire.com/convkey/b2f6/agg1gzw72c8mzibzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/1a33/nypwv2khcskx1ywzg.jpg)

Морав малку да ја „осакатам“ контролата за да можам да ја монтирам во дозната, но важно е дека работи :).

Шемите за овие типови на контроли (димери) се општо познати и има многу вакви на форумов, вклучувајќи и онакви кои имаат елиминација на Snap-On (шема за таков димер има во оваа (http://elektronika.mk/index.php?topic=14350.0) тема). Разликата помеѓу нив е само што ќе се искористи како активна компонента за контрола (триак, SCR) и колку е моќна истата ;). Имено, оваа контрола користи триак кој може да издржи товар до 2KW. Се разбира, со промена на триакот со помоќен, може контролата да се користи и за помоќни потрошувачи, на пример моќни греалки (слични контроли се користат во кафулињата за контрола на греалките кои ги пуштаат зимно време, но тие се дигитални и со далечинска контрола... има и такви на eBay/aliexpress ;)).

Како и да е, поентата на темава беше повеќе околу тоа во што е монтирана контролата, а не толку околу тоа каква е контролата ;). Сакав уште по универзална да ја направам идејата за контрола на било кој леткум на Devil, па еве, само со користење на помоќен триак, си направив универзална контрола за цела плеада на машини и уреди :).
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: Devil on 20.08.2019, Tuesday, 13:28:11
Мислам дека негде низ дома се уште ми се наоѓа оваа контрола, последно ја користев за контрола на вентилатор пред неколку години, во меѓувреме си набавив нова лемилка за која што направив димер во малку покултурно куќиште.
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: LordZi on 20.08.2019, Tuesday, 13:51:08
Ова е корисна работа да ја имаш, не знаеш кога и за што ќе ти затреба, иначе прв пат вакво нешто видов во списанието SAM некаде 80-те и баш си помислив дека е супер идеја ова со дозната.
Мада, искрено, јас не ги пуштил 2кW низ ова... ;D
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: GigaWatt on 20.08.2019, Tuesday, 15:31:09
Мислам дека негде низ дома се уште ми се наоѓа оваа контрола, последно ја користев за контрола на вентилатор пред неколку години, во меѓувреме си набавив нова лемилка за која што направив димер во малку покултурно куќиште.

Без разлика, идејата ти беше одлична ;).

А инаку, првичната причина зошто ја направив беше контрола на вентилатор :D. Имам дома еден вентилатор од клима и нема контрола, а многу јако дува :D.

Мада, искрено, јас не ги пуштил 2кW низ ова... ;D

Пробано со 1.5KW греач, нема никаков проблем ;). Максимумот е 2KW (10А), но и јас не би го терал до толку.

А со замена на триакот со некој многу моќен, може и кварцна печка ако сакаш да контролираш ;).

Еве со што го пробав: брусилка, вентилатор, леткум, греач.
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: LordZi on 20.08.2019, Tuesday, 15:45:50
На триакот за тие струи му треба озбилно ладење, со фабричкото ладилниче не би го треал повише од неколку стотини вати континуирано ;). 
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: krema on 20.08.2019, Tuesday, 15:48:22
Имам една бормашина со расипана контрола (има и преклопниче за лево/десно) и ваков китајски димер, па ќе гледам дали ќе можам да го сместам во рачката или ќе правам како во првиот пост.
Ако биде како во првиот пост тогаш ќе треба да го исфрлам (расипаниот) контролер од бормашината.
Инаку одлична идеја. :)
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: GigaWatt on 20.08.2019, Tuesday, 15:49:20
На триакот за тие струи му треба озбилно ладење, со фабричкото ладилниче не би го треал повише од неколку стотини вати континуирано ;).

Го оставив 10-тина минути со греачот... топол беше ладлиникот (се допираше со рака краткотрајно), но не би рекол дека е пред горење триакот ;).
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: GigaWatt on 20.08.2019, Tuesday, 16:10:11
Имам една бормашина со расипана контрола (има и преклопниче за лево/десно) и ваков китајски димер, па ќе гледам дали ќе можам да го сместам во рачката или ќе правам како во првиот пост.

Има место каде да се стави, но јас не би го поставил на рачката... би го ставил на една од трите позиции на сликата, зависи каде има место и каков е внатрешниот дизајн на бормашината ;). А на местото на старата контрола, би ставил само тастер ;).

(http://www.mediafire.com/convkey/8711/d06tiof60t7pfnxzg.jpg)

Според мене, најдобро е да е долу, во близина на прстот ;). Во таков случај, најдобро е ако ставиш прекинувач во форма на тастер (како кај старите телевизори и монитори, стискаш за да го пуштиш во работа, уште еднаш стискаш за да го исклучиш ;)) за да може потоа прстот да ти биде слободен за да може да го движиш потенциометарот ;).
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: LordZi on 20.08.2019, Tuesday, 16:10:24
Го оставив 10-тина минути со греачот... топол беше ладлиникот (се допираше со рака краткотрајно), но не би рекол дека е пред горење триакот ;).

Абе ти знаеш дека кај мене се мора да биде over-engineered, па и ладилникот :D.
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: GigaWatt on 20.08.2019, Tuesday, 16:12:13
Абе ти знаеш дека кај мене се мора да биде over-engineered, па и ладилникот :D.

Хахахаха ;D ;D ;D... добро де, ти може да монтираш надворешен ладилник на дозната ;D ;D ;D.
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: krema on 20.08.2019, Tuesday, 16:20:56
@GigaWatt
Предлозите се секогаш добредојдени, ми се допаѓа идејата за тастер (од стар телевизор) но имам едно прашање! :)
Која е улогата на променливиот (плав) тример од димерот? Претпоставувам дека со тоа се штелува колку да биде почетната (стартната) струја кога регулаторот ќе почне да се врти од нула према +.
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: GigaWatt on 20.08.2019, Tuesday, 16:30:33
Која е улогата на променливиот (плав) тример од димерот? Претпоставувам дека со тоа се штелува колку да биде почетната (стартната) струја кога регулаторот ќе почне да се врти од нула према +.

Не е за струјата (уредот ќе си повлече онолку колку што му треба ;)), тоj е за напонот ;). Врзан е во серија со големиот класичен потенциометар и ја одредува минималната точка на окидање (ставање во проводна состојба) на триакот ;). Практично, одредува колку да биде минимумот ;). Тоа може да се изведе и со класичен (обичен) тример потенциометар, не мора да биде повеќеобртен, но овие делчиња кај Кинезиве се веќе џабе и затоа ставиле повеќеобртен ;). Не мора да има некоја кој знае каква прецизност ;).
Title: Re: Универзална контрола со димер за леткуми, сијалици, бормашини, брусилки, итн.
Post by: krema on 20.08.2019, Tuesday, 16:44:47
На тоа и мислев, само што лошо се изразив, наместо "напон" употребив "струја". :) Моја грешка. :D