Author Topic: Случајни муабети  (Read 829562 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #5400 on 20.06.2014, Friday, 16:40:08 »
Јас на првото ќе одам, му препорачувам и тој да оди таму... ;)

Споено мислење: 20.06.2014, Friday, 16:40:27
Кога ќе дојди времето...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Re: Случајни муабети
« Reply #5401 on 20.06.2014, Friday, 18:03:51 »
Браво Киловолт одлично. ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5402 on 20.06.2014, Friday, 19:58:50 »
Прашувам бидејќи некој со електро факултет има во градов седат дома и каде што ќе ги викнат одат,а пак некои имаат сервиси.Јас прашувам дали има полза за да се запослиш во врвна фирма.

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Re: Случајни муабети
« Reply #5403 on 21.06.2014, Saturday, 00:57:51 »
Quote
Да ве прашам:
Прво
-Средно училиште за електроника како се вика смерот што е најблиску до електрониката,бидејќи по сајтовите на средно техничко училиште чисто нема има само комуникации нешто и едно друго.
Второ
-Со електро факултет каде се вработува ?

-Најблиску е елекроника и телекомуникации, а енергитика е на ниво на машински не оди таму.

-поглупо прашање, амин. зависи како се снајдеш така и ке се вработиш, ама ај мал си ке сфатиш подоцна.

Quote
Браво Киловолт одлично.

Што кажа со ова?

Quote
Прашувам бидејќи некој со електро факултет има во градов седат дома и каде што ќе ги викнат одат,а пак некои имаат сервиси.Јас прашувам дали има полза за да се запослиш во врвна фирма.
може и да си со магистратура, но ако немаш врски или пријатели тешко дека ке најдеш работа лесно и ке се вработиш на некое добро место. истотака предмалку читав во една друга тема имаш пишано дека парите не ти се проблем, па тогаш што се секираш за вработување?

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Случајни муабети
« Reply #5404 on 21.06.2014, Saturday, 01:13:08 »
кога ке завршиш факултет ако станеш било каков инжинер тогаш ке имаш работа, а ако станеш правник, економист или такво нешто тогаш ке можеш келнер да работиш без проблем :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5405 on 21.06.2014, Saturday, 12:05:12 »
Quote
истотака предмалку читав во една друга тема имаш пишано дека парите не ти се проблем, па тогаш што се секираш за вработување?

Јас цел живот мислиш парите на татко ми да ги трошам ? Епа неможи така,треба со сопствен труд да си ги заработам, а не само да кулирам и малце вулгарно ќе се изразам да си го л****. Поздрав

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #5406 on 21.06.2014, Saturday, 12:06:49 »
Во државава најдобар факултет ти е портокалова книшка, долго време треба да се оди по митинзи за да се заврши и да се биде многу борбен и по потреба да лижеш газ на тие што се на власт :D Едно е јасно што и да завршиш во државава не е ценето, земјоделски факултет да заврши некој да кажеме сите му се смеат, што си се запишал таму бе, кај ке работиш вака така, ама да е нормална држава и да има повеќе фабрики и индустријата да е ок за сите ќе има работа, буквално за сите, а не денес со шумарси факултет работи во драмски театар, мислам повеќе од јасно е дека државава е отидена кај што не треба. Ти секако како електро ижинер ќе најдеш работа, која секако не е ценета, ќе зимаш максимални 1000 евра плата, може и помалку, еве како програмер имам пријатели, работи во сивус, 500 евра зима, вреди ли за тие пари да го учиш факултетов и да седиш во државава, еден колега што викаше за туршија да се чуваш. Стварно како правник нема да работи може, бидејќи ја знаеме ситуацијата најлесен фаултет и сите го завршуваат, има со лопати да ги ринеш правници и адвокати, ама тука е грешка на државата бе, пушти го факултетот на 4 години само да им уписи да видиш како ќе се намали бројот, ама како што кажав и претходно се е отидено во бестрага :( така да, ако ти се пружи прилика пут под ноге, не слушај во други држави скапо било јадењето и такви други приказни, брат ми е во америка моментално секогаш кога ќе се чуеме ми чита цени на артикли, само лебот до сега заклучивме дека е поефтин, бидејчи по странство не се јаде многу леб, кај на на балкан е само тоа, имам дедо и баба во германија и они викаат дека не е скапо јадењето, не е како што викаат сите според платата и јадењето иде со цената, така да прва прилика и авионот :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #5407 on 21.06.2014, Saturday, 14:41:50 »
Не е дека нема работа и нема индустрија, има. Не плаќаат ;D, тоа е проблемот. Или плаќаат, ама малку, колку да се каже дека не си без ич ;D. Ќе ти кажат, 200 евра месечно, а за 3 месеци, ќе видиме, ако се покажеш, може и повеќе. По тоа „ако се покажеш“ се подразбира да седиш по 16 часа на работа, прекувременото да не ти се плаќа, како што ми кажаа на едно интервју „на нас ни треба посветен работник“ ;D. Посветен ;D ???. Ќе ти бидам посветен на работата колку што ќе ме платиш, ако не ме плаќаш, не може да очекуваш да бидам посветен ;). Мене сигурно не ми е животна желба да работам баш во твојата фирма.

Сакате да заработите „дебели“ пари во МК? Насочете се кон C#, Java, web дизајн или нешто слично. А тоа „дебели“ е во наводници бидејќи тоа се дебели пари во МК, во странство се зема x10 од тоа што се зема тука ако работите како програмер или web дизајнер. И тоа ако сте добри. Ако не сте, немојте многу да очекувате.

Како што спомна некој од членовите на форумов, на крајот работата се сведува на тоа како ќе се снајдете. Имам еден пријател кој заврши машински, а работи како менаџер во фармацевтска компанија ;D. Знам колку го бива и знам како заврши, ама ете, човекот си се снајде ;). Тоа е тоа, како ќе се снајдете ;).

Има коњи за трка и коњи за парада. Во животот, вие си бирате што ќе бидете ;). Ако не сте таков карактер, да бидете помолен, да „газите преку живи луѓе“, ма дури и најдобар да бидете во тоа што сте го учеле, секогаш ќе си го тегнете подебелиот крај. Тоа е тоа ;). Кратко и јасно ;).

А ако сте на ново работно место, некое време ќе бидете „млада невеста“. Тоа е тоа, не очекувајте дека веднаш ќе напредувате и дека ќе ве третираат исто како и другите вработени. На почетокот, ќе си мкнете, тегнете, поголемиот дел од работата на вас ќе ви се префрла, тоа е тоа. Нов сте.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #5408 on 21.06.2014, Saturday, 15:37:01 »
Според мене неколку услови се многу битни.
Дали одиме да се школуваме за да чекаме да добиеме работа „некаде“.
Дали одиме да се школуваме за да со стекнатото „врвно“ знаење си направиме сопствен бизнис.
Дали одиме да се школуваме за да им ги исполниме желбите на нашите родители.
Дали одиме да се школуваме за да добиеме диплома затоа што „братучедот или комшијата“ има диплома.
Дали одиме да се школуваме за да се наречеме академски граѓани.
Дали одиме да се школуваме за да одиме во странство.

И на крајот малку демагогија.
На кого како му е пишано

Имам пријател кој има завршено Осмо ( 8 ) одделение а денес е фабрикант кој што сето тоа што го има направено и заработено во животот не е „сина или жолта„ книшка... ама е многу бистар и му „фаќа„ главата.
Ќе се вратеше од некој саем и ете гледаш без никакви нацрти или слики или документација ја направил машината и таа функционира па дури има и некои модификации.

Моето размислување околу запишувањето на факултет или било какво училиште е ...
СПОСОБЕН СУМ СО ДОБИЕНОТО ЗНАЕЊЕ И СО РЕЛАТИВНО МАЛА ФИНАНСИСКА ПОТКРЕПА ОД РОДИТЕЛИТЕ ДА ПОЧНАМ ЗА ДА  СТВОРАМ СОПСТВЕН БИЗНИС И ДА СЕ ПРОБИВАМ НА ПАЗАРОТ!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #5409 on 21.06.2014, Saturday, 16:25:33 »
Не е само школувањето важно, имам една вујна, заврши електро факултет, по 6 години, ништо не знае од струката, иако факултетот го положи со десетки... Ако ја прашаш нешто во врска со електроникава вика, цитирам : "Кој памти...". А пак еден пријател на татко ми, падна втората година во смерот каде што ќе одам, се запиша во тутунско, го заврши, основа фирма- "ДК-електроник" и стана генерален застапник на PARADOX за Општина Прилеп, а размислува и за проширување. Како? Му фаќаше умот и се избори без партиска помош. Затоа велам, колку сакаш образувај се, ако не ти фаќа умот. Замислете сега- јас да се запишам економско (пример), што ќе биде од мене? Ништо, одбивен ми е секој аспект од тоа што ќе го учам, а и не ме инересира...
Quote
Според мене неколку услови се многу битни.
Дали одиме да се школуваме за да чекаме да добиеме работа „некаде“.
Дали одиме да се школуваме за да со стекнатото „врвно“ знаење си направиме сопствен бизнис.
Дали одиме да се школуваме за да им ги исполниме желбите на нашите родители.
Дали одиме да се школуваме за да добиеме диплома затоа што „братучедот или комшијата“ има диплома.
Дали одиме да се школуваме за да се наречеме академски граѓани.
Дали одиме да се школуваме за да одиме во странство.
Да дадам пример за третото:
Еден другар, многу го бива за програмирање. Има досега направено неколку програми во C++, и мислам дека за неговата возраст, има големо искуство и талент. Во средно каде што одам јас, има и посебна насока- програмирање. Тој не иди ваму, туку оди во гимназија поради тоа што мајка му не сака да оди во индустриско. Чија е грешката?
Моето размислување е второто. Или ако не создадам мој бизнис, да се вработам, не да ме вработат... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5410 on 21.06.2014, Saturday, 17:21:16 »
Мајка му не го пушта бидејќи таа е професорка по германски јазик во Битола,и несака да го пушти бидејќи таму оделе ученици со низок просек.А и да, не треба да чекаме некој да не вработи,најдобро е да си создадеме свој бизнис,али во Македонија и да најдиш работа и да те вработат нема да ти платат.

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Re: Случајни муабети
« Reply #5411 on 21.06.2014, Saturday, 18:12:09 »
Quote
Во државава најдобар факултет ти е портокалова книшка, долго време треба да се оди по митинзи за да се заврши и да се биде многу борбен и по потреба да лижеш газ на тие што се на власт  Едно е јасно што и да завршиш во државава не е ценето, земјоделски факултет да заврши некој да кажеме сите му се смеат, што си се запишал таму бе, кај ке работиш вака така, ама да е нормална држава и да има повеќе фабрики и индустријата да е ок за сите ќе има работа, буквално за сите, а не денес со шумарси факултет работи во драмски театар, мислам повеќе од јасно е дека државава е отидена кај што не треба. Ти секако како електро ижинер ќе најдеш работа, која секако не е ценета, ќе зимаш максимални 1000 евра плата, може и помалку, еве како програмер имам пријатели, работи во сивус, 500 евра зима, вреди ли за тие пари да го учиш факултетов и да седиш во државава, еден колега што викаше за туршија да се чуваш. Стварно како правник нема да работи може, бидејќи ја знаеме ситуацијата најлесен фаултет и сите го завршуваат, има со лопати да ги ринеш правници и адвокати, ама тука е грешка на државата бе, пушти го факултетот на 4 години само да им уписи да видиш како ќе се намали бројот, ама како што кажав и претходно се е отидено во бестрага  така да, ако ти се пружи прилика пут под ноге, не слушај во други држави скапо било јадењето и такви други приказни, брат ми е во америка моментално секогаш кога ќе се чуеме ми чита цени на артикли, само лебот до сега заклучивме дека е поефтин, бидејчи по странство не се јаде многу леб, кај на на балкан е само тоа, имам дедо и баба во германија и они викаат дека не е скапо јадењето, не е како што викаат сите според платата и јадењето иде со цената, така да прва прилика и авионот

македонија е посебна прича, тука владее само партиската книшка, ама да не се залажуваме не те чека никој и во странсто и таму мора да попушташ пред другите, во секој случај за оние на кои има фака главата е многу полесно да се вработат таму.

Quote
Сакате да заработите „дебели“ пари во МК? Насочете се кон C#, Java, web дизајн или нешто слично. А тоа „дебели“ е во наводници бидејќи тоа се дебели пари во МК, во странство се зема x10 од тоа што се зема тука ако работите како програмер или web дизајнер. И тоа ако сте добри. Ако не сте, немојте многу да очекувате.

Мина времето и на програмерите како што оди светот напред така се повеке ке се бараат стручни кадри коишто може да работат на терен а не само пред монитор.

Quote
Има коњи за трка и коњи за парада. Во животот, вие си бирате што ќе бидете . Ако не сте таков карактер, да бидете помолен, да „газите преку живи луѓе“, ма дури и најдобар да бидете во тоа што сте го учеле, секогаш ќе си го тегнете подебелиот крај. Тоа е тоа . Кратко и јасно .

Лугето се лицемерни, лакоми, алчни и зависни, тогаш зошто да не ги прегазиме сите тие за да успееме напред?

Quote
А ако сте на ново работно место, некое време ќе бидете „млада невеста“. Тоа е тоа, не очекувајте дека веднаш ќе напредувате и дека ќе ве третираат исто како и другите вработени. На почетокот, ќе си мкнете, тегнете, поголемиот дел од работата на вас ќе ви се префрла, тоа е тоа. Нов сте.

секогаш е најбитно да се снајдете првите неколку недели на работното место за да после повекето имаат почит спрема вам. инаку иако се  смееме на оние кои работат како конобар уште во средно, понатака тие подобро се снаогаат бидејки уште од порано сознаваат како работи современиот свет.

Quote
Не е само школувањето важно, имам една вујна, заврши електро факултет, по 6 години, ништо не знае од струката, иако факултетот го положи со десетки... Ако ја прашаш нешто во врска со електроникава вика, цитирам : "Кој памти...".

битно да ти фака кликерот и да имаш доста пријатели

Quote
Еден другар, многу го бива за програмирање. Има досега направено неколку програми во C++, и мислам дека за неговата возраст, има големо искуство и талент. Во средно каде што одам јас, има и посебна насока- програмирање. Тој не иди ваму, туку оди во гимназија поради тоа што мајка му не сака да оди во индустриско. Чија е грешката?
Моето размислување е второто. Или ако не создадам мој бизнис, да се вработам, не да ме вработат...

не давај прерано заклучоци ваквите таленти се откриваат многу подоцна на почетокот сите се таленти најдобар е оној кој ке стигне до врвот, а она што дека му го прават не е во ред, ама ете има глупи луге.

Quote
Мајка му не го пушта бидејќи таа е професорка по германски јазик во Битола,и несака да го пушти бидејќи таму оделе ученици со низок просек

демек тоа што она одела германски е со голем просек?? одела на германски пошо нема математика таму, зошто не завршила на природно математичкиот или електро? или пак ке рече дека не ја интересирало тоа.

Quote
А и да, не треба да чекаме некој да не вработи,најдобро е да си создадеме свој бизнис,али во Македонија и да најдиш работа и да те вработат нема да ти платат.

Ма кој К** бизнис неможе секој да има фирма и да дигне сви четири у вис, мора да има и работна раја, мора да има и на нивата со мотика и во канцеларија пред пц да гледа пор**ч. ние може овде да дискутраме ама така ништо не правиме, туку се знае ако не ти иде овде правец странство ако имаш школо лесно ке се снајдеш ама ако си ќумбе си го наебал ама срека таму земјоделието е доста добро платено за разлика од овде.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5412 on 21.06.2014, Saturday, 18:24:40 (Edited 21.06.2014, Saturday, 19:06:10) »
Учењето е ок, пред се заради нас, да бидеме колку толку описменети за  некоја струка.
Што се однесува до она другото, дека ќе бидеме вработени одма или дека државата ќе ни помогне....заборавете.
Сега е скоро се приватно, и газдата може да ти каже „јас ќе ти плаќам 10.000 денари па ти ако сакаш имај имај и 2 факултети, ако ти чини арно ако не ај упм„
Што се однесува до мене, завршив машински техничар и по 10 години ја положив највисоката државна специјализација за ВКВ металостругар. Имав сопствен бизнис, микрофирма за металорезачки услуги. Годишно вадев околу 8.000 евра, а толку и плаќав на државата, ме отепаја од разноразни давачки. значи 8.000 евра имав давачки во годината, толку колку што фирмата заработуваше. Дури и мојата плата ја враќав назад во фирмата за да плаќам давачки.
Фирма да водиш во ова време е уште потешко и се поразочарувачки.
Мака мачев со тендерите, јас како политички неутрален гледав како им се доделуваа тендерите на тие што имаа партиска книшка. И на крај ми се јавија од инспекции дека ќе ме чешлаат. Тоа беше после некои избори мислам. Знаете како е, за време на партиските кампањи, многу пари се трошат од буџетот на државата, па тие пари мора некако да се вратат, па кој кој ќе мавнат? По стоката секако, нас граѓаните. Инспекциите излегуваат на терен, казнуваат се и сешто, полицијата казнува исто, и тоа само откако ќе завршат изборите. Не им ја дадов таа прилика да ме чешлаат и следниот ден покренав постапка за ликвидација на фирмата. Тој месец во Битола инспекцијата казне многу фирми. Замислете еден иако имал исправен против пожарен апарат, казнет беше бидејќи над ПП апаратот немало црвена плочка над која пишува ППА.
Со ова сакам да кажам дека и да се самовработиш пак ќе го примиш (се извинувам на изразот)
Сега иако сум вработен во јака компанија која ми го бере гајлето за осигурање и редовна плата (секоја им чест редовно плаќаат и задоволен сум) сепак мислам дека моето знаење во областа на машинството може многу повеќе да ми донесе ако работам за мене отколку за друг, ама ајде де?Молам? Осмели се, направи го првиот чекор, а после не се секирај УЈП ќе го направи вториот чекор.
Еден мој пријател ми се пофале дека аплицирал за бугарски пасош. Лелеееее како му се изнавикав јас. Нормален си бе ти, како можеш такво нешто да направиш бе му велам. На тоа тој ми одговоре. Љубе, останав без работа, живеам под кирија а имам 3 деца, а добро знаеш дека бев и ранет во 2001, а и добро знаеш дека бранителите се заборавени.
На некој начин човекот ми ја плесна вистината в лице и останав без збор. Човекот бара излез од сиромаштијата.
Што се однесува до мојата струка јас учев многу, ама тоа не ми носи ништо, знам и одлично германски јазик покрај англискиот. Ни тоа не ми носи ништо.
Немојте да ме разберите погрешно. Јас ја сакам оваа држава. Бев и бранител во 2001.
Еден мој пријател кој е спремен програмер го бараат во Тајланд, и сега е во фаза на преговори.
Полека странскиот пазар на трудот се отвара и за македонските граќани. Европската унија почна да увезува дефицитарни кадри од сите струки, па кој што има среќа може ќе најде излез не само од невработеноста, туку и на најде начин неговата струка да е фер платена
Hams do it! With Frequency

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5413 on 21.06.2014, Saturday, 18:44:00 »
Со ова што е пишувано во последниве постови ме терате да направам страна и да пишувам на ваква тема,ама ќе ме стават во поправен дом.

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Re: Случајни муабети
« Reply #5414 on 21.06.2014, Saturday, 20:36:48 »
Z31GH  ако си сеуште пред пееската, вади бугарски пасош и правец германија или британија. Таму барем ке знаеш дека трудот ке ти се цени и дека сите тие години поминати учејки не се залудно потрошени. Можи ке ме обвиниш дека не сум бил патриот зошто ти го велам ова итн. Но подбро да отидеш таму и да бидеш ценет одколку да се маваш у гради овде и да седиш социјалка, да те дрка државата цело време. или да се осекаш недоволно платен според знаењето. Баталете партии, глупости овие копиљаците кај нас се само од корист, не само овде секаде е така, ама јбг. А за борците немам коментар. на овие со рамковниот им дадоа све дури и министри ги направија, а бранителите на македонија ги заебаа, благо кажано. но то е, народот ужива во политика и патриотски глупости иако едвај живеат.
се кренало некој мирен протест во скопје, овие политичарите ставиле еден куп цајкани демек терористи протестираат, си го тепаат народот. ставија зонско паркирање и сега актуелно  поскапи регистрации, а платите минималец 150евра колку една регистрација и сега да незнае човек дали да живее или да се вози? се додека не дојде некој лидер кој ке биде од народот и ке работи за народот оваа држава не иде напред. се додека ги гледаме и читаме политичките написи ке бидеме овци за стрижење.
20 години трубат едно исто јуропска унија, ма дај ти се молам која унија ? ако сме дел од таа унија пак ке врне дожд нема да врнат пари.

Quote
Со ова што е пишувано во последниве постови ме терате да направам страна и да пишувам на ваква тема,ама ќе ме стават во поправен дом.

џабе оти ке правиш сега си изреволтиран ке се убациш на фб ке се насмееш два пати и ке ти помине револтот, таков е македонскиот народ затоа ништо не правиме.