Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Забава => Topic started by: DX-er on 05.04.2015, Sunday, 14:06:32

Title: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: DX-er on 05.04.2015, Sunday, 14:06:32
Бидејки има членови кои ни од блиску не пишуваат правописно македонски а со тоа го кршат едно од правилата. Но сепак тоа не е толку голем проблем во споредба со тоа дека некои од нив пишуваат некакви си зборови кои не постојат во ниту еден јазик на светот.
Нема да ги објавуваме никовите на луѓето за да не дојде до караница, ама ке го пишеме само зборот за да евентуално ако се совесни и самокритични да се корегираат.

Ајде да почнеме:

Опаљач ваков збор секако дека не постои на планетава, но некако ми заличува на српскиот збор „упаљач" кој на македонски се нарекува „запалка"

Аколуматор Не постои ни ваков збор во нашиот јазик, но најмногу наликува на зборот „акулуматор"

ајде уште еден збор па после вие кажете некој пример
Сјалица Ваков збор не постои никаде на планетава, заличува на зборот „сијалица" кој на македонски се вика „светилка"
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: didy on 05.04.2015, Sunday, 15:30:32
Кога учев средно во ЕМУЦ Никола Тесла, имаше професор по географија Фоти Керамитчиев, беше посебен човек на свој начин, но кога ќе галамеа учениците во ходникот и ќе урлаа како неандерталци, тој ќе кажеше :
“од ова школо ќе излезат стручњаци, ама луѓе тешко“, јас си дополнував и за стручњаци потешко.
некој треба да има доблести и добар карактер како човек, па потоа да надградува една стручност.
овде е касно за корекции и едукација, ама не е на одмет  :)
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: Z31GH on 05.04.2015, Sunday, 15:43:48
Отворив слична тема пред неколку месеци, наведувајќи ги и никовите на членовите, ок еден беше, со децениски гаф за кој пукнав од смеа. За жал темата беше избришана. Сепак го поздравувам отворањето на ваква тема која би била не само за правописни грешки, туку и за гафови  ;)
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: DX-er on 05.04.2015, Sunday, 15:47:40
Сепак го поздравувам отворањето на ваква тема која би била не само за правописни грешки, туку и за гафови  ;)
Фала другар :) Темава нека биде и за гафови, нема проблем. Кој не му се свиѓа темава (или се препознал) не ка не се*е (спамира) со разно разни глупости по неа. На кој му се допаѓа темата е добредојден да пише :)

ајде уште еден збор кој пред некоја минута го прочитав:
без везе на македонски се вели без врска!
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: Hahahaha on 05.04.2015, Sunday, 15:51:56
фала за забраната да не се*ам :D
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: Toma on 05.04.2015, Sunday, 16:14:03
Сепак, кога се сака да се напише дека некој збор или израз е точен или неточен, пожелно е да се консултира или праша:
Code: [Select]
www.makedonski.info
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: Lux on 06.04.2015, Monday, 14:52:24
Спрема мене ова се "глупости" ако некој згрешил некој збор или го изговара спрема местото каде што живее не е грешка сигурно,сепак ова е форум за електроника, а не за да учиме допрва македонски јазик,доколку се згреше некој збор во некоја тема сигурно се разбираме во што се состои одговорот,или прашањето,е сега ако сакате сите да имаме повеќе колеги на форумов ок, а ако не уште учете како да говорите и пичувате мк. јазик.
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: Z31GH on 06.04.2015, Monday, 14:56:41
Ок ако се однесува за правописните грешки, можеби сте во право, но за гафови ова би била идеална тема.
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: Toma on 06.04.2015, Monday, 16:01:42
Quote from: Lux
Спрема мене ова се "глупости" ...
Според мене оваа е Бисер
Quote from: Lux
а не за да учиме допрва македонски јазик...доколку се згреше некој збор во некоја тема сигурно се разбираме во што се состои одговорот...

Ако се разбираме или ако се подразбира тогаш...протолкувај ја реченицата подолу со свои зборови во контекст на правопис и додадени или одземени интерпукциски знаци (точка, запирка, прашалник, извичник, загради), така да сите можат да те разберат.

 Во војна не ја губиш главата.


ПП. Иако темата е "Бисери"  сметам дека напишаното е во контекст на темата!
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: DX-er on 06.04.2015, Monday, 19:17:27
Lux ова е подфорум за општи муабети, имаш и други подфоруми каде се пишува само за електроника!
Ако во Македонија има место на живеење, каде се употребуваат зборови кои никаде на друго место на светов не се употребуваат, тие зборови не се правописни грешки туку бисери.

Еден член упорно наместо зборот СТЕРЕО пишуваше скратено СТЕРО. Страмота ! Вака се губи писменоста а по неа и многу други нешта.
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: nsu on 07.04.2015, Tuesday, 22:07:31
Quote
Трансформаторот е изграден од следните делови:

-Магнетно коло (Молам?Молам???)
-Намотки  ( примарна и секундарна)
-Изолација
Quote
“Приборот што служи за лесна и економична промена на напонот и јачината на
наизменичната струја, со непроменета фреквенција, се вика трансформатор. “
Ај ова ќе се свари али првото да помине и тоа во учебник 8) 8)
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: GigaWatt on 07.04.2015, Tuesday, 22:15:03
WOW :o... прибор ;D ;D ;D. Првото е грешно и не ми е баш толку смешно, ама ова второво ;D ;D ;D. Забегаа со терминологијава пробувајќи да измислат топла вода ;D.
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: batka on 07.04.2015, Tuesday, 22:36:28
Абе,ако го прочитате целиот текст на *проектот* на Атанас ќе видите што е бисер до бисер! Ама ме чуди Менторот(ката)!?? Не го прегледа ли воопшто?? И на крај заклучокот - абе полнење батерии со Теслин трансформатор - кој бисер  е тоа!!? ;D Абе Кинезиве можат да плачат,а  НАСА под хитно треба да го земе овој вундеркинд.
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: Unforgiven on 10.04.2015, Friday, 21:52:45
Quote
На кој му се допаѓа темата е добредојден да пише Смешко

другар dx-er отвараш тема каде се пишуваат бисери од членовите, и велиш дека треба да пишуваме литературно, а и ти самиот беше напишал "Свиѓа" наместо допаѓа, па гледам си го преправил постот. Инаку дијалектите се богатството на еден народ, и за такви ситници немора одма да реагирате позз.
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: DX-er on 10.04.2015, Friday, 23:36:52
Немам против дијалектите, немам против ни србизмите кои кој повеќе кој помалце ги употребува, особено во Скопје и Куманово. Имам против да се користат непостоечки зборови (глупости). Разликата помеѓу зборови мутанти и дијалекти е очигледна и огромна.
Тоа што сум го едитирал постот е проблем? Овој пост го едитирав за да ја допишам последнава реченица.
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: Z31GH on 02.05.2015, Saturday, 10:02:12
Да се фокусираме на бисерите како што кажува темата. Еве ќе потсетам на нешто што сум пукнал од смеа.

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10487.msg89724#msg89724 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10487.msg89724#msg89724)

хахаха и ова...

Со ова што е пишувано во последниве постови ме терате да направам страна и да пишувам на ваква тема,ама ќе ме стават во поправен дом.

П.С. Мислам дека и од таму ќе те исфрлат
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: nsu on 02.05.2015, Saturday, 11:07:09
Ај како не сум ја видел јас темава скоро сите од Атанас ги имам прочитано  :) ;D
Title: Одг: "Бисери" од членовите на форумот
Post by: Z31GH on 02.05.2015, Saturday, 14:45:40
Еве уште нешто

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12351.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12351.0)