Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: DX-er on 08.12.2011, Thursday, 13:26:31
-
Имам проблем со едно далечинско од ресивер, имено кога стискам на далечинското не се уклучува/гаси ресиверот а пак од самиот ресивер од копче може да се пали и гаси. Еве што е интересното: Со TV-Gone успеав да го уклучам ресиверот, значи не е до ресиверот! Од друга страна пак IR диодата на далечинското емитува IR сигнал бидејки се гледа на камера тоа. Што може да е проблемот ?
-
Слаба батерија,смени ја IR диодата со нова(обична-како од TV-B gone) или пак отвори го цело далечинско,исчисти ги со чиста крпа контактите каде се наоѓаат тастерите,па попрскај ги контактите на копчињата со графитен спреј.
-
Има ли далечинското керамички филтер? Ако има без размислување смени го!
-
Има ли далечинското керамички филтер? Ако има без размислување смени го!
има некој пластичен ама би требало да е тоа филтер, портокалова боја е. Ако има таков да се продава да го снемам. Ама нели доколку е тој расипан не би имало никаков сигнал од IR диодата или ?
-
Има ли далечинското керамички филтер? Ако има без размислување смени го!
има некој пластичен ама би требало да е тоа филтер, портокалова боја е. Ако има таков да се продава да го снемам. Ама нели доколку е тој расипан не би имало никаков сигнал од IR диодата или ?
Ako имаш испитувач на кварцови со него можеш да го испиташ.И без него знае да дава некој сигнал кој нема врска со фреквенцијата на далечинското.Најсигурно смени го филтарот и евентуално диодата.
-
внатре има само интегрално коло, 2 транзистори, филтерот и некој отпорник и секако IR диодата... мислам дека е до филтерот
-
Која вредност ја има ?
-
на филтерот пише:
CRB
429P
На транзисторите
BC547B
C32725
-
Еве инфо за резонаторот:
http://www.hinhuat.com/content/view/96/33/
-
фала, се надевам дека може да се најде кај нас (освен во логинг)
-
429 Кхз е филтерот.Ке биде малку тешко,ама мислам во МТВ ке го имаат.Ако го имаш направено оној испитувач на кварцови со 2 тр.пробај го на него ;D Транзисторите провери ги со мултиметар,а диодата ако можеш за секој случај смени ја!Еве шема
-
немам АА130 >:( не знам дали се продаваат уште BC107.
Тој филтер што функција има?
-
Стави 1n4148.Стави ВС547,8,9... NPN што имаш!! Тој филтер е всушност осцилатор кој дава импулси за ИК.
-
Oвој филтеров/резонатор го има во гац МИСЛАМ,не сум сигурен...
-
Малку е специфичен - обично е 455- 460 Кхз ,а поретко под 455 Кхз.Мислам дека во МТВ го имаат,бидејки сум гледал цели кесиња имаа :D :D
-
и мене ми се расипа далешчинското од ресеиверот ама јас си купив ново за 150 денари универзално дури се мачам да го испитвам да го поправам појке струја ке потросам за леткумот исто и за климата си напрајв ама за климата универзалното го купив 50 денари од пазар а 1500 беше оргинал за оваа клима
сега поправките на електронски сколпови дојдоа поскапи од самите склопови
-
Го сменив тој филтерот и пак не работи, после сменив и IR диодата и пак ништо, што да правам?
МТВ електроника не постои повеке, таквите филтри ги има в БТ
-
А само копчето за вклучување и исклучување не ти работи или сите копчиња не ти работат???
-
се комплет
-
Имаш ли некое уредче со ИЦ приемна диода да го пробаш ( не со камери,мобилни и сл.)?
-
немам, но знам дека е до далечинското проблемот бидејки со TV-gone се пали ресиверот...
-
немам, но знам дека е до далечинското проблемот бидејки со TV-gone се пали ресиверот...
а да пробаш со нови батерии.
-
Не мора да значи тоа ништо.Според мене пробај го на уредче со ИЦ диода да видиш дали навистина работи или има само неосечки сигнал.Се случува далечинското да извршува само една команда ,или да има носечки сигнал ,а кодовите да ги нема. Значи*празен сигнал* да дава.Еве ти проста шема на едно ИЦ тестерче со кое ке го провериш далечинското.Кога ке го доближиш до приемната диода ледицата треба да трепка,а не само да светне.
-
немам приемник за IR светлина. Ке треба прво тоа да купам па после да ја правам шемата. Пробав со батерии од други далечинска но залудно. Не верувам да е до батериите, ма да ке купам нови и ке пробам за 100% да сум сигурен.