Две различни подесувања се најчесто. Едното е brightness и со тоа се подесува колку од светлината на заднинското осветлување да пропушта LCD панелот (практично, се подесува нивото на black burst по старо, како што беше на CRT-ињата). Другото е баш backlight, јачина на заднинско осветлување. Вакви опции немаа старите CRT-иња... односно имаа (sort of
) преку подесување на анодниот напон (еден од потенциометрите што беше на каскадата, понекогаш беше и само тој, а ако имаше друг, беше за фокус), но овие подесувања не беа достапни за обични корисници, дури ни преку сервисно мени (можно е некои скапи модели да имале и вакво подесување, но над 99% од телевизорите, сигурно немаа).
Како и да е, ако во сервисното мени нема подесување за заднинското осветлување, ништо, ќе мораш да одиш „пешки“, т.е. како што рече, да додаваш отпорници во серија со диодите
. Тоа е тоа, нема друга опција... освен ако не планираш да го хакнеш firmware-от
.
ПС: Сега ми текна дека Eco Settings можно е да ја намалуваат јачината на заднинското осветлување, но ќе треба да го расклопиш за да видиш дали навистина ја намалуваат јачината
. Или евентуално ако се гледа некаде од задната страна колку јако осветлуваат диодите (некоја дупка на кадата или нешто слично), да гледаш и да анализираш кога ќе подесиш некој Eco Setting дали се намалува јачината на светење на диодите
.