Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: MetallicA on 30.08.2013, Friday, 13:17:04
-
еј. а колку цена е ова launchpad, бидејки вчера нешто јас порачував од TI, дека ги немаше тие аудио чипови кај нас, и дека сум циција ;D ;D ;D инаку истотака има и атмел продава, па кој сака некој atiny ili atmega нека отиде на страната на атмел нека се регистрира и нека си порача.
-
претходно беа 4.99$ со платена поштарина од нивна страна, сега последно беа околу 6-7$, тоа за MSP430, a stellaris и piccolo се од 7 до 9 долари, исто со платена поштарина, има сега и некој нови Tiva C, тие се замена за stellaris launchpad-oт оти тој се покажа како неквалитетен (процесорот) со фабричка грешка, односно првите верзии беа само тест верзии додека развијат нешто подобро, после Tiva C го замени, како подобрена верзија и така натака.....
еве нешто повеќе што како
http://www.ti.com/ww/en/launchpad/overview_head.html
-
Ова е нешто како ардуиното така ? :D
-
Не е баш како ардуиното, слично е
-
Тоа што ти го нуди Devil е развојна околина и debugger. Не знам дали тоа ќе ти сврши работа за програмирање на PIC-ови (нека пише Devil дали може да се програмираат и PIC микроконтролери со таа развојна околина, но мислам дека не може). Прашањето беше за програмирање на PIC-ови. Тие развојни околини се корисни ако планираш да развиваш свои програми и свои дизајни.
-
Нема да може да програмира PIC, ама ќе добие развојна околина со програматор кој подоцна може да го користи и за други контролерии од таа фамилија (MSP430) нема да се замара со правење програматори и слично, едноставно добива нешто што сигурно ќе работи, плус има многу голема поддршка од TI, и од нивната заедница.
Според најновите анкети на EDN, MSP430 е пред атмел и пред пик, поточно на прво место е :D, така да вреди да се разгледа
-
Ако гледам така на работите, вреди да купам и развојна околина и за микроконтролер со јадро ARM Cortex-A15 (ако воопшто постои такво нешто ;D), ама што ќе ми е ;D. Колку за експериментирање, да вреди, ама реално, освен тоа што ќе научиш некои работи, за подготвување на проекти, не е адекватна алатка.
Според најновите анкети на EDN, MSP430 е пред атмел и пред пик, поточно на прво место е :D, така да вреди да се разгледа
Тоа е мода. Денеска се први едни, утре се први други. Добро, да бидеме искрени, не е само мода, сигурно има предности и затоа избил на прво место (преформанси, достапност, цена) ;). Но факт е дека во DIY заедниците, најкористени се микроконтролерите на ATMEL и Microchip ;). Најдостапни се, доаѓаат и во DIP пакување и најмногу книги (материјал) има за нив ;). Не дека не ги преферирам и другите производители на микроконтролери, но, да бидеме искрени, не се баш ептен наклонети кон DIY заедницата, односно, нивните микроконтролери гледаат пред се да ги пласираат на пазарот на сериозните производители (компании), а не на некој кој сака, на пример, да направи еден обичен термостат со ON/OFF функција кога ќе достигне определена температура сензорот. Доказ за тоа е и фактот што ретко кој од тие микроконтролери доаѓа во DIP пакување. Најчесто се во SMD или BGA, а да бидеме искрени, овие пакувања првично се наменети за индустриско производство, каде што лемат машини, а не луѓе. Тоа што се имаат пронајдено начини да се одлемуваат и залемуваат и овие пакувања на чипови и рачно, тоа е сосема друга приказна ;).
Е сега, ако планираш да експериментираш, да дизајнираш и да учиш, да, развојна околина е совршена алатка ;). Не дека не го поттикнувам ова, далеку од тоа, иако можеби јас не би купил развојна околина (сега за сега, задоволен сум со можностите на PICkit2 како debugger), ако некој планира да купи и учи, би го поттикнал ;).
-
Овие за кој јас пишувам скоро сите ги има во DIL и во SMD пакување :D, со самата плоча добиваш 2 микроконтролери кои се во DIL, и се на подножје за да си ги менуваш по потреба :D
разгледај ќе видиш колку глупи и колку корисни проекти има.
Многу забегавме од темава, ќе ја поделам
-
Се што не би можело да оди во другите теми, или пак од други теми се оддвоени одредени мислења (темата е поделена) би се нашло тука ;)
-
колку се исплака ова да го земеш незнам бидејки е 10долари, ама погледни на нет пример instructables повекето од проектите се со арудино и атмел, со пикови има малку а со ова сеуште немам сретнато ниту еден, мислам дека е подобр да го имаш ардуиното, и ке видам може ке земам едно. ;D сепак дај кажи ти за што го користиш ова од TI, и уште едно прашање, сите ли производ од тексас инструментс имаат песплатна поштарина? :D
-
па досега она што сум купил од TI, било со бесплатна поштарина, MSP430 можеш да го користиш исто како и ардуино, можеш на исти начин со слично IDE да го програмираш, ги користи скоро истите команди на ардуиното, или пак можеш во Code Composer Studio да си го работиш за да ја откриеш неговата моќ :D
-
а ова launchpad ке може ли да се програмира и да се користи на пример како flight controller за tricopter или quadcopter? ;D
-
а ова launchpad ке може ли да се програмира и да се користи на пример како flight controller за tricopter или quadcopter? ;D
Со иновативно пишување на код - како сѐ може да се користи
-
не сум сигурен, ќе проверам, ама мислам дека некој веќе имаше нешто такво изработено на stellaris плочата
-
Дали може наместо PIC16F887 да употребам PIC16F877A?
-
Дали може наместо PIC16F887 да употребам PIC16F877A?
Зависи како ќе го користиш. Ако сам пишуваш код, или ако имаш open source код, тогаш може да го прилагодиш кодот за било кој микроконтролер.
Доколку немаш код, туку само hex фајлот за микроконтролерот, тогаш не може да употребиш друг микроконтролер, освен оној за кој е наменет hex фајлот.
-
Дали може наместо PIC16F887 да употребам PIC16F877A?
Зависи како ќе го користиш. Ако сам пишуваш код, или ако имаш open source код, тогаш може да го прилагодиш кодот за било кој микроконтролер.
Доколку немаш код, туку само hex фајлот за микроконтролерот, тогаш не може да употребиш друг микроконтролер, освен оној за кој е наменет hex фајлот.
877 со 877A се разликува само во компараторите. Друго сѐ горе-долу е исто. Доколку софтверот не ги користи тие опции, мислам дека може директно да се залепи .hex-от.
-
877 со 877A се разликува само во компараторите
Така е, но прашањето беше за 887.
-
877 со 877A се разликува само во компараторите
Така е, но прашањето беше за 887.
Аха, тогаш 100% може да се искористи, затоа што 877A е drop-replacement за 877 :)
-
Ама прашање е за 887, а не за 877 или 877А
-
знае ли некој дали може да се програмира AT89S52 со овој програматор??? како што гледам на интернет може ама да си прашам за да не го правам за џабе..
http://diy4fun.blogspot.com/2009/01/simple-serial-programmer-for-avr.html
-
Направи го на protoboard и така пробај ;).
-
Дали некој има Шеми фајлови за електроника за соларен систем нормално барем да има LCD дисплеј.. јас имам една но никако да ми тргни да проработи :(
-
Направи го на protoboard и така пробај ;).
проблемот е што го немам микроконтролерот кај мене, за женската на другар на колега го правам што живее во неготино и затоа е проблем да се испроба...
-
пхахахха за женската на другар од колега, е не го правам :P
незнам, не е нешто скапо испробај, или побарај некој нека ти го испрограмира контролерот, јас имам некој USB програматор ама ќе мора да дојдеш кај мене :)
-
Дали има некој некакво искуство со DCcduino кинеска копија на ардуиното за мн поефтини пари
-
Линк ? Има мал број тон разни копии, најчесто сите работат како што треба :-) Јас досега имам купено едно 20тина вида и сум немал проблем со никој од нив
-
Здраво, мислам дека е вистинското место за ова прашање, ако не е нека се премести каде треба :) Работам на дигитален саат голем, е сега целата електроника е направен и сакам нешто да прашам, дали е некако возможно да се напраби со помош на диоди, да кажеме 60 диоди, да се бројат секундите. Поточно тие 60 диоди сакам да ги наредам како рамка на саатот и да биде супер среден. Еве воглавном што барам:
- да се бројат 60 секунди на 60 диоди
- да бидат синхронизирани со минутите, значи кога ќе светне последната диоди од секундите да се смени една минута и да се изгасат сите диоди
доколку некој има идеја како би се решило ова нека предложи :)
-
Целата електроника е направена.
Како си ја направил цела електроника, и што е таа електроника.
За прашањето, да возможно е да се направи нешто такво со микроконтролер :D
-
Под целата електроника мислев дека ги имам составено сите бројки и имам направено целосна контрола, се е испрограмирано, покажува саат и температура, сега сакам ова како плус да му го додадам :)
-
епа штом успеа тоа да го испрограмираш ова не би трбало да ти претставува проблем, набави шифт регистри со леч, за да мултиплексираш, и така од само неколку пина од микроконтролерот ќе добиеш да можиш поголем број на лед диоди да контролираш
-
Погрешно се разбравме, јас саатот сам не го програмирав, го најдов готов и со мали измени во електрониката сменив неколку транзистори го направив поголем, сега сакам ова како плус додаток да му го направам, еве и код од каде го правам саатот со температура
http://www.hobbyelectronics.net/con_digital-thermometer.html
-
можеш да направиш бројач до 60, и да му ставиш диоди на излез, а ко ќе дојде до 60секунди да се ресетира, и онака ти покажува тебе кога ќе помини 1 минута, е сега ти треба да направиш да сатов на секоја секунда ти дава сигнал на некој пин, како тој сигнал би го искористил за да имаш такт за тие бројачите
-
Да не го вртам муабетот околу на околу, ама мене не ме бива за микроконѕтолериве, ја најдов шемава на нет и ми изгледаше интересна и сакав да ја направам, јас ја направив со бројките и сето тоа си работи, сега сакам уште тоа да го среда со диодите, па дали има некој што би сакал да ми излезе во пресрет и да ми даде точна шема и што делови требаат за да го направам тоа и како да го поврзам со мојот саат.
-
Тоа што го бараш може да се направи со PIC ,а за некоја аналогна верзија треба некој да седне и да развие комплетна шема.Не верувам дека некој бесплатно ке стори таков напор. 8)
-
знае ли некој дали има посебна функција во mikroC за од бајт да прочитам еден (било кој) бит???
-
Може да прочиташ било кој бит од бајтот. После бајтот се става точка, а после точката, бројот на битот, од 0 до 7.
byte.bit
byte.0 // bit 0
byte.1 // bit 1
byte.2 // bit 2
byte.3
byte.4
byte.5
byte.6
byte.7 // bit 7
-
значи би било нешто како
int a;
bit b;
a=1;
b=a.0;
и би се добило b=1...или не сум сватил нешто како што треба???
-
Да, така е, само наместо int a; треба да биде byte a;
Овој начин на читање на бит од бајт функционира, но не сум сигурен дали може истата постапка да се користи за читање на бит од интегер.
ЕДИТ
Нема byte во mikroC, треба да биде char
char a;
bit b;
void main() {
a = 1;
b = a.F0;
while (1) {
}
}
-
Здраво.
Сакам да научам да програмирам микроконтролер
па би сакал да работам со најновиот MIKROC.
Ве молам ако сака некој да ми помогне да ми даде линк и крак за некоја
понова верзија од овај програм
Благодарам