Друштво здраво,
Имам проблем со иницијализација на 16х2 дисплеј. На сервис пред некој ден дојде елекро опрема за контролирање на тотем на бензинска станица, со два рачни програматори. Едниот е целосно функционен на другиот кој е скрос идентичен во се беше скинат кабелот со кој се врши конектирање. Користи 12 пина од ,DB25 конектор. Кабелот беше заменет и оттогаш неможам да го инициализирам дисплејот. Покажува еден ред црни квадрати.Пробани се сите варијанти со врзување на потенциометар на пин 3, со заземјување но никако да профункционира. Дали има некој идеја каде би бил проблемот. Напоните се во ред, пробано е и со друг дисплеј. сменети се диодите на тастатурата за програмирање(тастатурата не е сменета). Во прилог слика од програматорот