Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => ВФ засилувачи => Topic started by: DX-er on 12.11.2009, Thursday, 14:58:44
-
цела шема
(http://pic.mk/thumbs/ppdtd.jpg) (http://pic.mk/?v=ppdtd.jpg)
Дел од шемата што сакам да ја направам
(http://pic.mk/thumbs/pppp.jpg) (http://pic.mk/?v=pppp.jpg)
Дали вака како што ја одделив ке работи или треба нешто да се додаде\одземе од неа?
Колку mW треба да внесам за да добијам нешто задоволително околу 1W?
-
Ке работи вака како што си ја оделил а за да го пободиш транзисторот ке ти требаат околу 100mW бидејки работи во C класа неговото засилување е 10 пати за VF сигнали и ако му пратиш побуден сигнал од 100mW на излез ке добиеш оклолу 1W
-
фала ти за одговорот, баш ке пробам. Иначе јас само го додадов тој 30 или 100 нано кондензатор.
Имам предавател кој едвај вади 100mW. :)
него на која волтажа да го приклучам? Гледам нема ниту еден отпорник до транзисторот па да не треба по слаба струја?
-
На 12 волти ке брка работа :) мема потреба од ограницување на струјата ама ке си грее.Aко ја ограничиш струјата нема да добиеш 1W
-
само уште две прашања ако може, дали плочката да биде двослојна или немора и дали измеѓу секој вод да има маса на пример каде што стои транзисторот дали меѓу секој вод да има маса (како граница) ?
Ова ми е многу важно оти да не се јават самоосцилации или пиштење во звукот.
-
ако правиш нешто поквалитетно и поубаво е најдобро на двострана плоча
може да има и маса измеѓу водовите.
Ако користиш двострана плоча добро е што ќе ти се намалат некој самоосцилаци
-
е тоа е малце проблем да направам да има маса меѓу сите водови а башка меѓу вод и вод треба да има 3mm простор плус и масата мегу водовите и плочката ке биде големка
-
ако ја имаш програмата Sprint Layout нема да ти биде проблем бдејќи има можност автоматски да ти исцрта маса околу водовите
кликаш на тоа и ти излегува супер плоча ;)
еве да видиш како изгледа ( сликите се зголемени ( се работи за засилувач со TDA2030A ))
(http://pic.mk/thumbs/zasiluvacs.jpg) (http://pic.mk/?v=zasiluvacs.jpg)
се што е со светла зелена се водови, се што е со потемна зелена ќе биде маса, се што е со црна е растојание измеѓу
и еве како ќе изгледа ако се испечати
(http://pic.mk/thumbs/zasiluapa.jpg) (http://pic.mk/?v=zasiluapa.jpg)
црните се водови а белата е растојание
п.с. имам некоја грешка на плочите не замерувајте ;D :P
-
фала ти сега ке ја симнам таа програма па да си ја олеснам работава :)
-
За предаватели не се препорачува масата да биде поблиску (растојанието меѓу маса и вод) да биде под 2mm бидејќи се создава капацитет од неколку пикофаради што ќе влијае на работата. За пример видете го ова:
http://servv89pn0aj.sn.sourcedns.com/~gbpprorg/lpfm/veronica_pcb.gif
-
тоа да треба да има простор. Но еве пресметував ако мегу водовите на транзисторот има маса бар по 2mm и оставам 3mm простор меѓу секоја маса и водот плус секој вод ке е најмалце 2mm па нема да е изводливо да го ставам транзисторот бидејки не само што ке бидат раштркани ногарките туку и прашање дали ке стигнат :( оти ке бидат кратки. Па изгледа 1,8cm ке биде оддалечен емитерот од колекторот :(
-
па нема кај транзисторите измеѓу нозете да има
може околу ним да биде
-
приметив нешто невообичаено, на оваа шема за појачало тримерите се 60pF но тие вероватно се 10-60pF а на datasheet за истиот транзистор се нацртани тримери од 4-29pF па сега што да правам?
-
Па пробувај експериментирај малку види со кој ке имаш најдобри резултати а ке работи и со едните и со другите ако е се во ред само пази на калемите да бидат под прав агол да не си сметаат.
-
под прав аглол се мисли вака?
(http://pic.mk/thumbs/ppppppppp.jpg) (http://pic.mk/?v=ppppppppp.jpg)
-
Да како на сликата само првиот калем да биде поправ :)
-
Под прав агол се мисли:
-/\/\/\-
|
\
/
\
/
|
Гледано одозгора.
-
(http://pic.mk/thumbs/pppp.jpg) (http://pic.mk/?v=pppp.jpg)
Баш приметив нешто како да фали, да не треба да ставам калем на влезот или нетреба?
-
Се рачуна дека има калем на излезот од претходниот степен.
-
А дали ке е проблем ако на самиот засилувач додадам калем на влезот с на самиот предавател (на излезниот степен) има калем?
-
ако наместиш да има резонанција добра би требало да нема скоро воопшто слабеење.
-
некој од вас правел појачало во Ц класа со 2N3553? Која волтажа и побуда ја користел за да извади максимум?