Ова е отворен транзистор 2N3553 кој се користи за засилување на RF сигнали. Транзисторот е прегорен и затоа го отворив да го сликам. Ова на сликата е долниот дел од транзисторот а под него се трите нозе на делот. Остатокот на куќиштето е шупливо и нема ништо.
Ете внатре колку е мал и за што даваме по 120 денари за ваков транзистор.
Не можам да си разјаснам зошто делот има толкаво кукиште кога основниот дел на транзисторот е многу помал и истиот може да се смести во куќиште на BFR96?
Нели шуплината на куќиштето спречува добро пренесување на топлината до ладилникот?
Дали каде што се спојуваат двете жички е всушност силициумот (транзисторот) ?