Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: DX-er on 24.01.2010, Sunday, 16:35:31
-
Јас ги знам следниве продавници за делови во Скопје:
-Loging Т.Ц, Беверли Хилс 1ви спрат
-Електронивест Т.Ц, Беверли Хилс 1ви спрат
-МТВ електроника кај Универзална сала во близина на Вучко
-БТ електроника карши олимписки базен
-ГАЦ Електроника после железничка во првиот подвожњак доле
Освен овие дали има уште продавници низ Скопје за електронски компоненти?
-
Јас ги знам уште овие меѓутоа не сум сигурен дали уште работат:
Е и П електроника, музичка академија (кај камениот мост);
Електро Ваце, Т.Ц. Бисер (позади во зградите);
Во зградата карши железничка одма кога ќе одиш накај аеродром, на први спрат по скалите ама заборавив како се вика продавницата.
-
Работат и двете, ама со некое килаво работно време, Ваце работи само од 18-20 часот (ако воопшто дојде да отвори 8) ), а ЕиП мислам дека имаат пауза од 14-17 часот. Таа продавница што беше карши железничка на први спрат по скалите беше КАМЕЛ, ама одамна веќе не постои, тој што ја држеше сега работи со аудио опрема во BOTS (до БТ електроника).
-
ама ЕиП како што знам не се на старата локација во подрумот на МНТ бар јас ги барав тамо.
-
Има и една продавница во Ѓорче Петров на последна стара 5-ка...
БДС Електроника или стар РТВ Сервис Баже, кој меѓу другото функционира како продавница за електронски компоненти и да ви кажам одлично е снабден со голем асортиман на разновидни производи. Квалитетот на делови е на одлично ниво.
Друга продавница е ЕФОР електроника во Топанско во трговскиот кои исто така е одлично снабден со делови.
Нова Електроника која се наоѓа позади Универзалната сала на улицата кај што е Вучко за велосипеди.
За други во моментот не можам да се сетам :)
-
Фала многу на сите, и баш ме чудеше зошто Електро Ваце неможев никогаш да го најдам отворен, дури мислев дека недајбоже умрел газдата па останал дуќанот онака како што бил заклучен :)
-
За квалитетот и цената на деловите не сум задоволен од BDS електроникс поранешен сервис Баже а НОВА електроника е затворена пред некој ден поминав од таму си мислам дека ја имаше еден од газдите на МТВ електроника.
@SaleSk
BDS електроникс Баже Деан и Саше да не си еден од газдите :)
-
Ако може да не се разговара за цената/квалитетот во поедини продавници бидејќи никој нема да сака да го спонзорира овој форум во иднина а без спонзорства знаете каде завршуваат веб страниците: во archive.org :) За цени и квалитет да се провери потребно е 1 час за да се помине низ сите продавници за електронски компоненти.
-
Во ред се извинувам за топикот ако е потребно нека го избрише некој од администраторите
-
@SaleSk
BDS електроникс Баже Деан и Саше да не си еден од газдите :)
Не, не сум еден од газдите...А и за Новаелектоника незнаеф дека ја затвориле...Конде, еден од ортаците на МТВ си беше сам отворил дуќан, но изгледа не успеа во бизнисот...Полека но сигурно мислам дека занаетот изумира...
-
Полека но сигурно мислам дека занаетот изумира...
Затоа и го формиравме форумот, за да има барем „збирно место“ каде што ќе останат тие на кои електрониката нема тукутака да им исчезне од дневен ред па макар и да затворат сите продавници за електронски компоненти :)
-
Благодарение на Борче успеав да ги маркирам локациите на продавниците па еве ги продавниците во Скопје за Електроника, па вие што знаете за други продавници можете исто вака да им ги ставите точните локации.
Ако им ги знаете точните локации на останатите продавници ставете ги на форум :)
-
Дали некој знае каде е преместена продавницата за електронски компоненти "EлектроИнвест" која се наоѓаше на Југодрво?
???
И дали таа се уште функционира и работи?
-
Во ТЦ Беверли Хилс, на истиот спрат како и Логинг, ама во друг ходник (паралелно на Логинг), прошетај, ќе го најдеш сигурно.
-
Во ТЦ Беверли Хилс, на истиот спрат како и Логинг, ама во друг ходник (паралелно на Логинг), прошетај, ќе го најдеш сигурно.
Благодарам многу ;)
-
Него ставете некој Kmz фајл од Google Earth за продавници
-
А како се прават kmz фајлови од Google Earth? Можам да ги правам со online едицијата на Google Earth, онаа што се подига во web browser?
-
немор атаков фајл правете принт скрин и посел во пејнт обоете со некоја по јака боја кај се наоѓа и како се стигнува, што комплицирате толку :)
-
И пак нема одговор на мистеризоното прашање, дали уште работи ЕиП или е само преместена некаде и ако е преместена, каде е преместена...?
-
Изгледа дека не работи, пошто тој газдата што и беше у последно време ептен се распиша за Емитер, во секој број го има, сигурно има многу слободно време ;D
-
И пак нема одговор на мистеризоното прашање, дали уште работи ЕиП или е само преместена некаде и ако е преместена, каде е преместена...?
Нај интересно ми е кога ке се спомне ЕиП и после селди одговор каде се наоѓа? Бидејки знаеме дека не е тамо кај МНТ.... и одма молк :( Ај ке ви речам купете во "нова електроника" а нова електроника повеке не постои
-
Епа значи можеме да заклучиме дека не постои, така...? значи не е преместена, едноставно се затвори и крај... :S... штета... :S
-
Епа значи можеме да заклучиме дека не постои, така...? значи не е преместена, едноставно се затвори и крај... :S... штета... :S
точно така
-
Се отвори продавница (претставништво) на Conrad во Скопје, ГТЦ први кат одма десно кога влегувате од страната на плоштадот. Бев, има засега донесено малку роба но може да нарача се што сакате од програмата на Conrad :)
-
Знам, и јас баш тоа видов, малку слабо е снабдена, ама не знаев дека може да се нарача роба ;), фала за информација ;). A нарачаната роба ја продаваат по „нормална“ цена или и ставаат маржи и такси?
-
Се отвори продавница (претставништво) на Conrad во Скопје, ГТЦ први кат одма десно кога влегувате од страната на плоштадот. Бев, има засега донесено малку роба но може да нарача се што сакате од програмата на Conrad :)
Еј како не кажа порано дека ке идеш во ск. Него со што се бават тие? електронски компоненти или аудио опрема?
-
Еј како не кажа порано дека ке идеш во ск. Него со што се бават тие? електронски компоненти или аудио опрема?
Со се, препродаваат се и сешто, од игла до трактор ;D, аудио опрема, видео опрема, мерни инструмени... Ако ги знаеш мерните инструменти Voltcraft, епа специјално се произедуват од страна на Metex (мислам дека така се викаше фирмата, нека ме корегира некој ако грешам) за Conrad ;).
-
а транзистори, диоди, чипови, отпорници, кондензатори и сл. ?
-
Е за тоа мислам не, ама не ме земај за збор... :S
-
имаше и тоа, но колку што заприметив сега засега имаа само отпорници набавено, ако во меѓувреме имаат донесено и нешто друго
-
Еве им ја страницата ама малку компоненти имаат
http://www.conrad.mk/
-
ако ова му се реални цени треба да се засрамат ;D
лед диода 3мм кај нив е 10ден. а јас ги земам по 2ден.
-
И јас тоа викам многу се високи цените.Еве гледав NE555 26ден,а секаде е по 10-15ден.
-
еве ви и на двајцата + позитивна репутација . За констатацијата и за линкот... значи скапи се и нема потреба да идам кај нив.
му треба на некој радивце за слушање музика? Ама 20 000 денари е
http://www.conrad.mk/artikel.php?ID=517
-
Благодарам DX-er :).
-
Еве алфа електроник во Скопје:
http://newpages.com.mk/detail.asp?fid=27576
-
сигурно има алфа во скопје ?
пошто јас колку што знам само во битола ја има ?
или кога ја отворија
-
мислам дека се работи за друга алфа електроник која може и не ни постои веќе. Да е истата од Битола мислам дека ке дознаев за неа и немаше да нарачувам и да плаќам поштарина туку ке купував од овде. Едино да ни каже некој од вработените во Алфа Електроника од Битола дали има продавница во Скопје.
-
Еве ја лопкацијата на таа продавничката во Ѓорче за која што зборував ;).
(http://img231.imageshack.us/img231/6987/prodavnichkata.jpg)
-
фала ти друже, имаш реп. за ова.
Некој од членовите уште порано спомна за продавница во топанско поле а и за некоја електро васе или слично нешто па ако некој знае каде поточно се наоѓаат тие продавници нека сликне од Google earth и нека стави слика.
-
Уживај ;D, нема проблем ;). Мислам дека сите знаат каде се четирите кули на стара последна петка, кај оние големите семафори што се (едни мислам дека се во Ѓорче, малку погоре од тие семафори почнува Ѓорче два ;)).
-
сигурно има алфа во скопје ?
пошто јас колку што знам само во битола ја има ?
или кога ја отворија
Јас кога отворив алфа електроник на нет излезе и во Скопје локација како што е оваа: http://newpages.com.mk/detail.asp?fid=27576
е сега дали е точно тоа незнам,треба да се контактира преку телефонот на линков. ;) :).
-
јас се знам со газдата на алфа и колку што имам од него разбрано само во битола има продавница, нема спомнато до сега никогаш за скопје, да не е некоја друга како што напоменаа погоре
-
Треба да се провери оваа информација, дали е точна или не ;).
-
некој кога ке нарачува од Битола нека праша дали има и во Скопје продавница.
-
Здраво,ако сака некој делови од Конрад може да нарача од нивната страна www.conrad.de (http://www.conrad.de) Германска фирма која препорачува делови насекаде низ светот!!Ова го дознав кога сакав да нарачам делови!!!Влезете на страната(www.conrad.de (http://www.conrad.de))има место за пребарување и кога ќе пронајдете тоа што го сакате за секој производ има шифра,шифрата се праќа кај нив во ГТЦ и тие ви го нарачуваат делот (предметот)но се плаќа и поштарина!!!! Пишува best nr. 666666 - 55 вие им го кажувате бројот 666666.Тоа е шифра која секој предмет ја има!!!
Споено мислење: 12.08.2010, Thursday, 22:34:03
Бројот т.е. шифрата се наоѓа над сликата!!!!
-
Баш гледав цени на делови на Conrad, скапи се, барем сега за сега. Освен за мерни инструменти, за нешто повеќе не вреувам дека ќе се исплати да се нарачува :S.
-
Скапи се ама квалитетни ;D ;D ;D ;D
-
Па и не с ебаш нешто преквалитетни :S, еве на пример продваат производи од Behringer, што сите што се разбираат во аудио техниката знаат дека се евтини копии од многу поскапи уреди (имам дома Behringer миксер VMX-300 и знам како звучи, а сум имал можност да користам и Ecler Nuo 2.0, разликата во звукот е неспоредлива, а искрено разликата во цената не е преголема ;)).
Мада морам да признаам дека Voltcraft мерните инструменти им се релативно солидни, односот цена/перформанси е одличен ;).
-
Ама може да нарачаш некој дел кој го нема во Скопје (во големите продавници за електроника) па јас би нарачал да го нема во МК!!!И тоа по интерпол ќе го барам тој дел!! ;D ;D ;D
-
Ама може да нарачаш некој дел кој го нема во Скопје (во големите продавници за електроника) па јас би нарачал да го нема во МК!!!И тоа по интерпол ќе го барам тој дел!! ;D ;D ;D
е ај дали може да се нарача транзистори KT920A/Б/В или MRF237 или варикап диоди KV1310 :) ако овие работи може да се најдат во таа продавница тогаш ке ти поверувам за постот.
-
Па провери, можно е да можат да ги нарачаат ;), само по која цена, тоа е прашањето :S. Да не излезе на крајот старата народна „више дара него масло“ :S.
-
Еве ја лопкацијата на таа продавничката во Ѓорче за која што зборував ;).
(http://img231.imageshack.us/img231/6987/prodavnichkata.jpg)
Абе ај брзо кажете како се вика оваа продавница и ако може бројче, ако не ке барам на 188
-
Ај ќе видиме, со време можеби ќе донесат и нешто поинтересно ;).
EDIT: Не знам како се вика, порано беше TB Сервис Баже, сега не знам како се вика :S, а и бројче немам :S.
-
a до колку работи да не знае некој?
-
Бдс-електроник
адреса: Ѓорче Петров 71/1
место: Скопје
телефон: (02) 2032 748
there you go...
-
Некој што ги знае точните локации на овие продавници нека ги пронајде на Google Earth и нека ги стави на форумот. Нека пише и за работното време доколку знае.
Електро Ваце, Т.Ц. Бисер (позади во зградите)
ЕФОР електроника во Топанско во трговскиот
Мислам дека уште овие две останаа непознати за дел од форумџиите а за сите други продавници има точни локации од Google Earth
-
Eве каде е Ваце во аеродром :D ;) Тhe image says everything ;D
(http://pic.mk/images/12456789.jpg)
-
Знам каде е, ама еднаш или два пати ја имам начекано да работи, јас не знам што прават, работат или не ???.
-
Знам каде е, ама еднаш или два пати ја имам начекано да работи, јас не знам што прават, работат или не ???.
Aбре работи тој ама отвара кога ќе му текне хах ;D :D
-
Знам каде е, ама еднаш или два пати ја имам начекано да работи, јас не знам што прават, работат или не ???.
Aбре работи тој ама отвара кога ќе му текне хах ;D :D
Ааааааа, епа на шашма до аеродром да идам, не планирам, ако ми е по пат, па да видам дали работи, инку специјално да таму да одам само да за „пољубам врата“, не планирам да одам :S.

Па некој ден кога ќе го начекаш,земи му број и кога ќе треба да идеш ќе му се јавиш да видиш дали отворил ;) ;D

Добро, тоа да, ако го начекам, 100% ќе му земам број, да не шпартам за џабе ;).
-
Ваце работи од 18 до 20 часот, најчесто ;)
-
Ваце работи од 18 до 20 часот, најчесто ;)
хахахахахаахахах ;D ;D ;D, па за време на социјализмот вакво работно време немаше никој, хахахахахаахахах ;D ;D ;D.
-
колеги без партиски идеи ;D
-
Ваце работи од 18 до 20 часот, најчесто ;)
хахахахахаахахах ;D ;D ;D, па за време на социјализмот вакво работно време немаше никој, хахахахахаахахах ;D ;D ;D.
колеги без партиски идеи ;D
Мислев во бивша Југославија ;). Постарите мислам дека ме сватија ;).
-
Вероватно ЕФОР во топанско поле не работи веќе. Им пуштив мејл ама нема никаков одговор.
-
Вероватно ЕФОР во топанско поле не работи веќе. Им пуштив мејл ама нема никаков одговор.
Џабе вака, треба да се отиде и да се види на лице место ;).
-
Вероватно ЕФОР во топанско поле не работи веќе. Им пуштив мејл ама нема никаков одговор.
Џабе вака, треба да се отиде и да се види на лице место ;).
А од прилика колку е оддалечено топанско поле од центар еве? ;D

Па некои 7km, барем јас така мислам, можно е и малку помаку да е ;).
-
само има еден проблем, кај да го најдеме тој трговски "Треска" ?
-
само има еден проблем, кај да го најдеме тој трговски "Треска" ?
Е тоа не знам :S, ама знам дека „ко пита, не скита“ ;) ;D.
-
Еве каде е трговскиот „Треска“ во Т. Поле.
Има(ше) и неколку продавнички за оригинални и универзални далечински управувачи и други работи во врска со TV/AV
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=483.0;attach=2008)
Се надевам дека помогнав малку :)
-
Супер, еве ја првата позитивна репутација до тебе па да се множи :)
Иначе имаш идено во таа продавница за електронски компоненти ?
Јас им пишав мејл на таа продавницата ефор ама никогаш не ми одговорија па којзнае дали сеуште постојат или затвориле
-
Не, за жал не сум бил и не знам да ти кажам дали сеуште работи или не.
Во тој трговски бев пред околу година и пол, специјално за да купам оригинално далечинско за телевизорот на татко ми и тогаш видов дека повеќето продавници се затворени (за жал изгледа дека таму нема многу промет или е многу скраја) и не е чудо ако затворила таа продавница за електронски компоненти. :(
Благодарам за првата репутација :-)
-
И од менен имаш +rep ;).
-
и од мене за корисната информација! ;D
-
Дечки дали некој знае што е со ASWO ? Веќе два пати идам тамо околу 6:30-7:30 саати и е затворено а пише дека работат до 8:00. Што е работава ? Другар им пишал два пати писма на мејл и тоа едното вчера а другото пред некоја недела но не добил одговор од нив. Ме интересира дали некој од вас бил тамо и дали пазарувал или бацил врата?

И јас исто отидов еднаш и „бацив врата“, не знам што се случува :S. Можно е да не функционира како што треба :S.
-
и јас ретко да ги начекам отворени, ама ако ги начекате и ако купите нешто обавезно проверете дека девојчето што работи таму врска нема од електроника...и барам 100n а она ми дава 100uF кондензатор, иначе цените не се мн високи ;) ;D
-
a Кога последен пат си ги начекал отворени ?
-
Дајте малку Гугл навигација,да го најдеме БТ електроник ;D ;D ;D
-
Повели Батка, се надевам ова ќе ти помогне :D
(http://pic.mk/images/untitl1299487706.)
-
Е,добро е! Добив опклада дека е преку главната улица кон Трговски!! :D :D :D :D Колегава тврдеше друго,ама Олимпискиов базен е бааги далеку ;D ;D ;D ;D ;D
-
Па порано беше обратно, од кај олимписки
-
Па порано беше обратно, од кај олимписки
Таму беше BOTS, кај Олимписки, BT беше на скоро истата локација како и сега, но малку подолу во уличката, за едно 20-тина метри подолу ;).
-
Па порано беше обратно, од кај олимписки
Таму беше BOTS, кај Олимписки, BT беше на скоро истата локација како и сега, но малку подолу во уличката, за едно 20-тина метри подолу ;).
Мислам дека таму во Олимпискиот е магацинот.А исто така имаат и продавница во Беверли Хилс стариот трговски.
-
Мислам дека таму во Олимпискиот е магацинот.А исто така имаат и продавница во Беверли Хилс стариот трговски.
Да, на спратот каде што е Loging имаат продавница на BOTS, ама не е за електронски компоненти, туку само за звучници, исто како и таа одма до BT што е ;).
-
не,не во стариот дел на трговскиот,а не во новиот дел.Тоа се наоѓа одпозади во влезот со лизгачки врати ;D
-
не,не во стариот дел на трговскиот,а не во новиот дел.Тоа се наоѓа одпозади во влезот со лизгачки врати ;D
Добро, да, најверојатно во право си ;), точно каде е, и јас не знам, дочув во неврзан муабет помеѓу продавачот и еден муштерија, као одма до Loging било, а не верувам дека има две во истиот трговски ;D, јас лично таа до Loging ја немам видено, така да изгледа ти си во право ;).
-
Од левата страна до логинг има една продавница за аудио опрама, најверојатно е тоа тоа, а за ел. компоненти мислам дека нема друга освен логинг :)
-
Таа лево од Логинг е Кенвуд(KENWOOD).Иначе таму се е скапо. ;D ;D
-
не,не во стариот дел на трговскиот,а не во новиот дел.Тоа се наоѓа одпозади во влезот со лизгачки врати ;D
Ова е во оној дел каде што се наоѓа Зец Електроникс (исто за аудио опрема)?
-
Да,така е.Нагоре идеш по скали,внатре се наоѓа во трговскиот.
-
тој трговски се вика т.ц капиштец и таму се наоѓа новата продавница на БТ ама само аудио :)
-
незнаев дека е нова.Еве сега дознав
-
Нема ел. компоненти? :(
-
нема,таму има звучници,скретници,појачала....
Електронски компоненти имаш во Логинг,ГАЦ,БТ.
-
На крај да заврша,
Некој продавници од овие наведениве банкнотираа, више ги нема, не постојат,... ???бидејќи младиве се утепаа од игри играње на компјутер наместо да се занимават со електроника!!? ;D
Ајд,..поззз((((!! >:(
-
Delija ти како повозрасен член на форумот знаеш кои продавници работат и каде се наоѓаат, пиши каде дали работи ЕФОР ? Ме интересира бидејки им пишав писмо не не ми одговорија па дали затвориле не знам. Доколку знаеш и други продавници кои не сме ги спомнале пиши ги тука.
-
Чул некој за овие?
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/555928?searchID=1056136&Idx=30
-
Постојат овие? Па зошто не ми одговараат кога им пишев на мејлот? Едино да ги прашаме до колку саат работат па да им појдеме да видиме што стока имаат. Само како што пише претежно продаваат делови за аудио и ТВ техника.
-
Чул некој за овие?
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/555928?searchID=1056136&Idx=30
Да, има чуено, ама мислев дека пропаднаа :S.
Ама многу далеку се, на пат за накај Арачиново, колку што успеав да видам од мапата.
-
Чул некој за овие?
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/555928?searchID=1056136&Idx=30
Да, има чуено, ама мислев дека пропаднаа :S.
Ама многу далеку се бе, на пат за накај Арачиново, колку што успеав да видам од мапата.
Не се исплати да се иде тамо поготово што не одговараат на мејл... ај да знаеш дека тие и тие делови ги имаат и знаеш цени и само идеш и купуваш а вака што знам...
-
Не се исплати да се иде тамо поготово што не одговараат на мејл... ај да знаеш дека тие и тие делови ги имаат и знаеш цени и само идеш и купуваш а вака што знам...
Им пишав mail на огласот на pazar3, ако вратат, арно, ако не, тоа е тоа, во право си, не се исплати да одам до таму само за да дознаам дека немаат нешто што ми треба :S.
Значи освен Алфа и Login, другиве продавници за електроника навистина не враќаат на mail-ови, или дајте нешто skype, MSN контакт, да пишеме ако нешто ни треба, на пример Гац барем за тие работи е супер, му пишуваш, ти враќа, и веднаш знаеш дали нешто можеш да најдеш кај него или не ;). А останативе :S, само телефон и ништо друго. Во денешно време 90% од комуникацијата се одвива преку електронски пат, дај нека влезат „во шема“ продавнициве за електроника, веќе сите комуницираат на тој начин, не заради друго, веќе е скап транспортот, бензин автобус, зошто да трошам за џабе пари ако нешто што ми треба го немаат :S.
Искрено, Алфа се науслужливи, еднаш дури и ми требаше слика од еден производ да видам, дали ќе ми одговара или не, не ни побарав (побарав само да ми го опишат), дечките го сликаа и ми ја пратија на mail сликата, не знам што да речам, навистина се услужливи, искрено, ме изненади тој однос, ептен фер, не очекував такво нешто ;).
-
Значи т.н. ефор дефинитивно не одговараат на ниту еден мејл ниту од мене ниту од други членови, ниту сега ниту порано. Не знам како прават бизнис со игнорантски однос према клиентите кои им носат пари. Или продавницава не постои и некој се зезал па ставил оглас или не им е важна продажбата на делови.

Изгледа тие што купуваат од таму се најчесто сервисери и си знаат кои делови ги има а кои ги нема :S. Не знам до каде ќе стигнат со тој однос, особено во ова време на глобални комуникации, но тоа е тоа :S.
-
Продавницата ASWO или е преселена или не работи. Ако има некој некаква информација нека каже
-
Продавницата ASWO или е преселена или не работи. Ако има некој некаква информација нека каже
ASWO се наоѓа одма до Логинг електроникс. ;D
-
Продавницата ASWO или е преселена или не работи. Ако има некој некаква информација нека каже
ASWO се наоѓа одма до Логинг електроникс. ;D
Е? Озбилно или ? Каде до Логинг? Нели до нив има продавница за аудио опрема а од другата страна има нешто за видео надзор и сат. антени?
-
Може на гугл мап да ми нацртате кај се наоѓа МТВ електроника , зашто минатиот пат го најдов вучко комерц али МТВ електроника никаде не можев да ја најдам
-
Не ти ни треба да ја бараш, и така немаат ништо а кој знае и дали работат уште, ако сакаш поефтино оди во Гац или БТ, ако сакаш поквалитетно ама поскапо оди во Логинг.
-
Сакам леткум али у БТ е 800 , ќе проверам во логинг а ГАЦ незнам каде се наоѓа
-
Гац е во подземниот премин кај ТЦ Скопјанка.
-
друже ако 800 денари ти е многу за леткум не оди во логинг дека поевтино од тоа неверувам дека ке најдеш таму :)
-
Koлку пари чини едно реле 12 В во БТ ЕЛЕКТРОНИК ? дали некој знае
-
Koлку пари чини едно реле 12 В во БТ ЕЛЕКТРОНИК ? дали некој знае
педесет денари дали е максимум.Но,не оди таму бидејќи цените ги дава од ракав.Пишувам дека и мене ми се има неколку пати случено.
-
педесет денари дали е максимум.Но,не оди таму бидејќи цените ги дава од ракав.Пишувам дека и мене ми се има неколку пати случено.
Мене таму лед диодите 6 денари ми ги наплати еднаш
-
педесет денари дали е максимум.Но,не оди таму бидејќи цените ги дава од ракав.Пишувам дека и мене ми се има неколку пати случено.
Мене таму лед диодите 6 денари ми ги наплати еднаш
Отиди кај младиот една цена, врати се малку покасно ако се погоди тој стариот друга цена ти кажува и ти се чудиш ;)

тоа е за гац, претходно се збореше за БТ електроник

Не не баш пред некое време за БТ електроник така има стар и млад и различни се цените
-
Не не баш пред некое време за БТ електроник така има стар и млад и различни се цените
Да да, знам, барај го стариот, однсно постариот, и он не е стар, ама другиот што продава е внук му (или така нешто, не знам) и е помлад. Како и да е, пофер цена ќе добиеш од постариот ;).
-
Во БТ електроника тоа реле е 120 денари! Така ми кажа тој стариот. Знам дека кога купувам а детето е на смена некако поевтино ми доаѓа но пак кога тој е на смена многу работи ги "нема" за продажба.
Во гац кога е стариот на смена цените се поскапи одколку кога е младиот на смена, скоро купив монтажна плочка од кај стариот и цената беше 80 денари, зедов 3 такви и ме фати 240 денари. Го прашав зошто 80 кога беа 60? Ми рече дека се поскапеле на глобално ниво или така нешто не ме земајте за збор и дека имаат некои даноци и така. По само 2 дена идам пак да купам и му давам 80 денари и ми враќа 20 денари кусур и ми вика 60 си се.
-
Не не баш пред некое време за БТ електроник така има стар и млад и различни се цените
Да да, знам, барај го стариот, однсно постариот, и он не е стар, ама другиот што продава е внук му (или така нешто, не знам) и е помлад. Како и да е, пофер цена ќе добиеш од постариот ;).
Еднаш бев таму и го прашав за цена за capacitance мерач,имаше изложено два од кој што едниот беше кинески а другиот mastech и ми вика и двата се по 6000 денари...кинески 6000 денари што на еbay е 30 $...се зачудив и си излегов :)
-
тамо има една ЛЕД порака, беше на смена нај стариот и го прашав колку пари е, ми рече 1000 или 1500 (не ме земајте за збор) а еве на интернет ги продаваат по 10 евра
-
а бе кога ке видиш ѓаволот пиша дека ке земал повеќе обртни потенциометри за џабе пари(не ми текнува колку точно), а тука еден потенциометар (во логинг) е 800 денари... така да...тоа е тоа...
-
Еднаш бев таму и го прашав за цена за capacitance мерач,имаше изложено два од кој што едниот беше кинески а другиот mastech и ми вика и двата се по 6000 денари...кинески 6000 денари што на еbay е 30 $...се зачудив и си излегов :)
Не се чуди, тие се цените тука, прашај било каде, секаде ќе ти кажат истото. Fluke-от се по 10.000 денари, а никој тука не носи некои други инструменти, освен Fluke и некои евтини Кинески копии, па бидејќи ретко кој (барем сега за сега) знае кои се цените online и купува online, тешко дека ќе се сменат работите во брзо време :S. А цените на Кинескиве им се напумпани бидејќи изборот во принцип ти се сведува на Fluke и копија, ретко каде на друго место во МК има баш добар избор на мерачи на капацитивност, така да некој ќе се одлучи и за поевтиниот, иако реалната цена на поевтиниот е далеку пониска од таа по која се продава тука, луѓе се лажат, нема 10.000 денари, има (на пример) 5000, па ќе гледа колку толку да се прикрпи и со тие пари кои ги има и ќе си купи еден мерач на капацитивност за 5000 или 6000 денари... тоа е тоа.
Нема конкуренција кај нас, барем не на ова поле, а и оние фирми кои имаат евтини делови и мерни инструменти, ретко ги ажурираат нивните листи, немаат mailing листа, ценовници... тоа се мисловна именка за некои од фирмите, online поддршка исто (ќе ти речат само „имам skype“... а што јас немам, што правиме сега, имам се останато освен skype, и место да се прилагодат на промените, они само ќе ти речат „ако сакаш skype, ОК, ако не, тоа е тоа“... не се гради така бизнис, ама тоа е тоа :S). Што очекувате кога работите се такви какви што се, немаат осет за бизнис фирмиве во МК, Loging се така, по културни, ама па цените им се... немам зборови, е сега ќе рече некој „епа сакаш ем убава услуга, ем да биде евтино“... не сакам тоа, разбирам дека ќе биде поскапо, тука нема збор, не може и убава услуга и евтино да е, ама сразмерно, значи немам ништо против да дадам и 200 или 300 денари за повеќеобртен потенциометар, особено не за тој квалитет кој ми го понудија, одличен беше, метализиран, ова она, супер си беше... ама 700 денари :О... луѓе, мислам... ве молам, може некој друг да но правите бу*ала, ама не и мене ::).
Мислам дека тоа е најголемиот проблем, сите гледаат да ќарат набрзина, не гледаат да „долги патеки“, ем задоволни муштерии, ем има пари (колку толку, не лие, ама има доволно за да се покријат трошоци, вработени, мало проширување, итн.), бизнисот оди... гледам, за тоа тука се нема култура :S.
-
За во БТ така е лупаат цени ненормални некогаш поготово кога е тој постариот на смена.. го прашувам колку е ЛЕД диода обична ми вика 20 ден парче после еден другар другиот ден оди да купи го прашал колку е и му вика 5 ден парче.. исто и со фото отпорникот ми се има десено му викам дај ми 2 фото отпорници од големите ми вика 30ден (ама беше тој помладиот на смена) му давам и после една недела коа го правев склопот со алармот му викам ми треба еден фото отпорник ама мал пошо тие не ја намалуваа до крај пак се слушаше звук и ми вика 30 ден.. и ја го гледам онака и му викам па нели 15 ден е минатата недела земав 2 за 30 а сеа 1 за 30 ми вика не грешка си да не не си бил тука ми вика го гледам онака бледо си викам што му е на човеков
-
не грешка си да не не си бил тука
:D :D :D :D :D :D :D :D и ова ли е можно ???
-
не грешка си да не не си бил тука
:D :D :D :D :D :D :D :D и ова ли е можно ???
Бог да чува коа ми рече ми идеше да се згазам од смеење ме праи нездрав јас ко демек незнам кај сум бил да купам... А секогаш коа е тој стариот на смена секогаш поскапо ми излегува се што ке купам а кај тој помладиот поефтино.. Кај вас како излегува ако пазарите од БТ?
-
За во БТ така е лупаат цени ненормални некогаш поготово кога е тој постариот на смена.. го прашувам колку е ЛЕД диода обична ми вика 20 ден парче после еден другар другиот ден оди да купи го прашал колку е и му вика 5 ден парче.. исто и со фото отпорникот ми се има десено му викам дај ми 2 фото отпорници од големите ми вика 30ден (ама беше тој помладиот на смена) му давам и после една недела коа го правев склопот со алармот му викам ми треба еден фото отпорник ама мал пошо тие не ја намалуваа до крај пак се слушаше звук и ми вика 30 ден.. и ја го гледам онака и му викам па нели 15 ден е минатата недела земав 2 за 30 а сеа 1 за 30 ми вика не грешка си да не не си бил тука ми вика го гледам онака бледо си викам што му е на човеков
Од око ги става цените, знам, нема везе, тоа е тоа :S.
-
Во ГАЦ еднаш пазарувам керамички кондензатори и гледам дека нешто не штима и дека многу ми наплати ама ај си викам батали, не е све до парите. Идам дома и гледам дека по 8 денари ми ги наплатил тој стариот... после тоа го прашувам младиот по скајп и ми вика дека се по 3 денари... то е то.

Па изгледа сите освен Loging од око ги ставаат цените... тоа е тоа...
-
Да, едино они даваат фискална сметка :) иначе ми се има случено само еднаш, да нарачам од Алфа и да ми наплатат повеке ама после следната нарачка им викам да ми пуштат и фискална сметка :)
-
Па изгледа сите освен Loging од око ги ставаат цените... тоа е тоа...
Да, ама затоа во Loging ценине се оган...
-
Да, едино они даваат фискална сметка :) иначе ми се има случено само еднаш, да нарачам од Алфа и да ми наплатат повеке ама после следната нарачка им викам да ми пуштат и фискална сметка :)
Фер се Алфа, не сум имал проблеми до сега со нив ;). Фер цени и одличен избор на делови и мерни инструменти... имам видено и подобар, но и овој е супер ;).
Инаку, ако е некој заинтересиран, лична карта во џеб и одете до Србија ;) ;D. Проверете кои цени ги имаат мерните инструменти во една продавница во Ниш ;).
http://www.mgelectronic.rs/
-
Да не има информации каде може да набавам најевтино IR диоди или лента со IR диоди, сакам да изработам FTIR мултитач маса, ама не сум се бавтал со електроника од средно!
-
Почивувани колеги,
Читам се спомнуваат продавници за електроника кои работаат, и каде се наоѓаат локациски.
Дали е дозволиво во форумот, мене искрено повеќе ми требаат нивните: телефони и e-mail адреси, прво да прашам дали има и која цена, пак тек потоа би одел до кај нив.....па да се постуваат истите.
Ако е дозволиво, би сакал да ги имаме во некоја табела: телефонски броеви, факсови, e-mail адреси, skype nickname-ови и т.н..... за да се стапи во контакт со нив.
Инаку, ако најдеме она што ни треба, верувам дека ако треба со прашување по пат, ќе ја лоцираме.
Благодарам.
Поздрав.
-
Нејкам да зборувам на темава...
..пошто и јас сум увозник..и може некои цени да се и кај мене некад високи...но само поради висока влезна цена ..
..но спрема фирмиве за делчиња што носат малтене се од турција....уфффффф...
... ми требаа едни релеи на 5в - 500 парчиња..
И
... во ло**** електроникс 196,00 денари/комад ...., во ал** електроникс 60 ден/комад ..ама испорака богзнае.... .....во Б* електроникс 130,00 денари.....и на крај најдов на интернет од Истанбул фирма ...колата под гз.....патни трошоци 120 евра ( дизел) и 500 ком релеи за 74 евра = тотал 194 евра/11931,00 ден вкупно
...се е кажано....
-
слободно оставајте и контакт телефон и се, но немојте да рекламирате, и да спамирате пр. оваа фирма е најдобра и 10000 пати истото напишано во 100 поста..
Zec не мора да ги цензурираш имињата слободно пиши си ги цели, никој несмее ништо да ти прави
од алфа земаат 100 нагоре за поштарина, ама тоа не оди за алфа него за карго, парите за поштарина директно зависат од големината на пакетот, поради тоа што испраќаат по карго
-
Друже ...никој не ми прави...но од респект...пошто сите ги познавам лично...и од такт се вадев од “пријателите “ пред 3 месеци......
Поздрав
ЗЕЦ
-
Ако е дозволиво, би сакал да ги имаме во некоја табела: телефонски броеви, факсови, e-mail адреси, skype nickname-ови и т.н..... за да се стапи во контакт со нив.
Ако ги има некој, зошто да не, нека направи некоја табела. Сите ќе имаме бенефит од тоа ;). Не верувам дека некоја од фирмите ќе се побуни бидејќи со тоа само може да им се зголеми продажбата, а не и да им се намали ;).
-
Јас баш од пред некое време си мислев кои од продавнициве за електроника (во Скопје) останаа да работат, па еве од мене информација:
ГАЦ Електроника, тел:2462-555
Логинг, тел: 3127-345
БТ Електроника, незнам број
ЗЕЦ : 3110-186
-
Абе не го рекламирајте гац :P Зарем од него сте задоволни па уште и го рекламирате >:( Цел форум се жали од него ... :o :( >:(
-
Абе не го рекламирајте гац :P Зарем од него сте задоволни па уште и го рекламирате >:( Цел форум се жали од него ... :o :( >:(
Не е поентата до реклама, поентата е сите да имаат информации за локациите и телефонските броеви на продавниците.
-
...Абе не го рекламирајте гац ...
Тоа не е реклама туку антиреклама.
Мое мислење е да се напишат адреси место на постоење на продавниците со тел броеви, скајп адреса, ел-пошта и тн, без коментари.
Секој нека си донесе решение од каде би купувал и со кого би соработувал. Тоа е право на избор.
-
Имав контакт (e-mail) и од таа продавницата од Ченто (не ме земајте за збор дали беше од Ченто, мислам дека беше, ама не сум сигурен), таа има повеќе компоненти за сервисирање, ама не ми текнува како се викаше :S.
-
Зошто ја избришавте мојата порака, каде што имав напишано телефон од БТ Електроника? ???
-
Абе не го рекламирајте гац :P Зарем од него сте задоволни па уште и го рекламирате >:( Цел форум се жали од него ... :o :( >:(
Од кај него сум најзадоволен со делови, никогаш не ми утнал делче, за разлика од други продавници :)
-
Зошто ја избришавте мојата порака, каде што имав напишано телефон од БТ Електроника? ???
затоа што можеше да го додадеш само тој број а не да ја копираш цела претходна порака
-
Јас мислев дека така е подобро, за да не мора да ги бараме телефоните во сите пораки, туку секој што има нови податоци да ги додаде во постоечките.
Споено мислење: 15.09.2012, Saturday, 17:31:21
БТ Електроника тел: 3120-354
-
Да не знае некој каде да најдам транзистор TIP 31 ?
-
Да не знае некој каде да најдам транзистор TIP 31 ?
TIP31 = BD241
-
Да не знае некој каде да најдам транзистор TIP 31 ?
TIP31 = BD241
Да, знам дека се исти, сепак да не знаете точно во која продавница можам да го најдам овој модел, бидејќи не сум од Скопје па да не скитам по сите продавници. :)
-
кажи ни од каде си да ти препорачаме друга продавница (ако има во близина негде)
-
кажи ни од каде си да ти препорачаме друга продавница (ако има во близина негде)
Од Радовиш сум, ама ќе одам во Скопје по друга работа не сум специјално за транзистор. ;D
-
Дали некој има ценовник за ел. компоненти од ГАЦ или БТ електроник ?
-
Не колку што знам... идеш и на лице место прашуваш, јас така знам ::). Гац може да ги прашаш на Skype мислам... ама не знам кој им е Skype контактот.
-
Гац имам прашувано преку facebook.
https://www.facebook.com/Gacelektronik/
БТ немам прашувано но ги најдов на fb пробај пиши и таму.
https://www.facebook.com/BTELEKTROINK/