Порано беа релативно чести овие радиограмофони, и ние дома имавме еден ваков ѕвер произведен од SABA, уште не можам да си опростам што како дете го растурив за делови...
Иначе од време на време се појавуваат вакви на бувљак, ама одма ги снемува, последно што видов беше одлично сочувано, комбинација слонова коска боја радио со грамофон во куќиште од темно дрво, плус мини-бар за пијалоци, целиот во стакло, црвен сомот, што да ти кажувам, перверзија...