Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: Malecko on 16.07.2010, Friday, 00:24:15
-
Еве шема за LED VU метар со LED диоди (http://pic.mk/thumbs/ledvumeter.gif) (http://pic.mk/?v=ledvumeter.gif) .Колото во гац електроник мислам дека беше негде 90-100 ден.
-
Знам, го имам правено овој VU метар со LM3915, ама поодамна, тогаш колото не беше 100 денари, околу 250 или 300 беше ;D.
Е уште едно ППК и монтажна шемичка да имаше и топ ќе беше ;).
-
сами ќе си направите, ептем е просто
-
која од овие шеми е точна за ву метар оти најдов една на интернет и е различна од оваја шо е постирана тука ;)(http://2.bp.blogspot.com/_B8Dh2WXNvg0/Sl3vZXvtNbI/AAAAAAAABoM/gdy_FTKIwx0/s400/Skema+Rangkaian+VU+meter.gif) ај малце помош која од овие е точна и како се поврзва ву метарот на појачало?
-
И двете се многу слични, само што кај горната шема (таа што ја има post-ирано malecko) се подесува нивото на влезниот напон, а референтниот напон (напонот за споредба на влезниот напон) е фиксен. Кај твојата шема се подесува референтниот напон (се штима референтниот напон врз база на влезниот напон), а напонот на влез е константен (фиксен, колку што му носиш, толку добива на влез колото). и двете шеми се сосема исправни ;), мада јас би ја користел твојата шема (влезната отпорност на колото е сигурно поголема од 10K, колку штое вредноста на отпорникот за подесување на нивото на влезниот напон кај шемата од malecko), ама на твојата шема би додал и еден кондензатор на влезот на сигналот со вредност меѓу 10nF и 100nF за случајно да не дојде преголем еднонасочен напон (кој може да се јави од X причини) на влез на интегрираното коло ;).
-
паралелно на влезот во интегрално да му ставам контензатор? и на шемата од малечко различно е тоа што и минус и плус одат на анодите на диодите а како е тоа незнам јас мислам дека има грешка таму ;)
-
Еве уште еден ЛЕД ВУ Метар
http://sound.westhost.com/project60.htm
-
паралелно на влезот во интегрално да му ставам контензатор? и на шемата од малечко различно е тоа што и минус и плус одат на анодите на диодите а како е тоа незнам јас мислам дека има грешка таму ;)
Исто се наместени диодите, јас не гледам некоја разлика, освен на твојата шема правилно се распоредени пиновите на колото, а на таа од malecko не се наредени правилно пиновите, инаку диодите имат иста поларизација ;).
Исто така, според шемата на malecko, би требало диодите да имаат поголем сјај (повеќе да светат), според твојата шема помалку би требало да светат бидејќи сериската отпорност на R1 и R2 заедно е 11.2K, а во шемата на malecko таа отпорност е околу 1K, така да би требало да мошеш да ја извадиш (скоро) истата јачина на светлина ако наместо R2 со вредност од 10K би употребил тример потенциометар со вредност од 1K ;).
Еве како треба да го поставиш кондензаторот ;).
(http://img687.imageshack.us/img687/9031/skemarangkaianvumeter.jpg)
-
R2 ќе му го ставам 10коми потенциометар и со него ќе се подесваат диодите за повеќе или помалце да светат а на другата шема од малечко таму има само еден отпорник и нема подесвање ;) ама незнам зочто служи потенциометарот на влез шо е ставен? а шемата е различна оти на диоди оди и минус и плус ете тука обележано е (http://pic.mk/images/ledvum1282475806.gif)
-
Таа шемата што е сум ја post-ирал е грешна еве ја истата ама поправена (инаку шемата не е моја ја најдов на нет)(http://pic.mk/images/vumeter1.gif).Извинете за грешката:).
-
Еве и една друга шема,со друго коло,во стерео варијанта.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1647.0;attach=886)
-
хахаха, кај што стерео, па и интегралецот е дупло поевтин од lm3915 баш сакав да си правам вакво нешто па ке го правам според шемата на батка...
-
Аууууу, да, сум промашил еден вод на таа шемата од малецко, не го ни забележав, се случува, од што е премногу очигледна, не ја ни забележав, јас барав нешто комплицирано ;D.
EDIT:
R2 ќе му го ставам 10коми потенциометар и со него ќе се подесваат диодите за повеќе или помалце да светат а на другата шема од малечко таму има само еден отпорник и нема подесвање ;) ама незнам зочто служи потенциометарот на влез шо е ставен?
Вкупната отпорност на отпорникот R1 и тример потенциометарот R2 на твојата шемата ја одредува сјајноста на диодите. Кај твојата шема таа отпорност е 11.2K (вкупната), а кај шемата од malecko е 1K, затоа и спомнав да го смениш потенциометарот R2 со вредност од 10K со потенциометар со вредност од 1K, со што вкупната отпорност на R1 и R2 ќе биде 2.2K, што би требало да допринесе за поголем сјај на диодите.
Со тример потенциометарот R2 на твојата шема се подесува напонот за споредба на влезниот напон (аудио сигналот) и референтниот напон во однос на кој се врши мерењето. Кај шемата на малецко напонот за споредба (референтниот напон) е фиксен (нема тример потенциометар врзан како реостат меѓу маса и пинот 8 од интегрираното коло), а се подесува нивото на влезен напон со тример потенциометарот од 10K.
-
хахаха, кај што стерео, па и интегралецот е дупло поевтин од lm3915 баш сакав да си правам вакво нешто па ке го правам според шемата на батка...
Во право си Бојан поефтино е интегралното КА2281 од ЛМ3915 ама исто така може да биде стерео и со ЛМ3915.Цената на КА2281 мислам дека е негде 40-50 ден,а на ЛМ3915 90-100 ден ;).
-
го направив ву метарот работи ама само првите 5 диоди го пробав на поќе песни истото само првите 5 диоди трепкат и исто трепкат и на минимум волуме и на мах дали така треба оти јас мислам дека колку шо попуштатш глас тие се креват нагоре ај ако знај некој како е правилно :)??
-
кој ву метар си го направил???
-
овај ву метар го направив а за тоа шо не светеја другите диоди било од компјутер намален гласот и затоа не светеја сега е супер ;D
(http://2.bp.blogspot.com/_B8Dh2WXNvg0/Sl3vZXvtNbI/AAAAAAAABoM/gdy_FTKIwx0/s400/Skema+Rangkaian+VU+meter.gif)
-
Еве и една друга шема,со друго коло,во стерео варијанта.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1647.0;attach=886)
На што се приклучува in L и In R ???
;) :)
-
Па на + (вруќиот) пол на звучникот.Минусот на звучникот на масата на ВУ метарот.
-
мислите на излез од некој уред(компјутерски звучници)!!!
-
мислите на излез од некој уред(компјутерски звучници)!!!
Да
;) :)
-
овој ву метар кај треба да се поврзе кај моќен аудиозасилувач на влезот или на излезот или каде ???
-
Стави го на влезот, да не прегори ако го ставиш на излезот.
-
не туку на излез неможе да прегори ;D
-
И сега треба на влез или на излез ???
-
стави го на излез!!ама на што уред ќе го ставаш,јас еве имам ВУ метар и го поврзав на излез од компјутер бидејќи го ставив на излез,сигналот беше слаб и на ВУ метарот светеја само неколку диоди т.е. дека е слабо(првите две-три диоди).Но преку едно појачало го поврзав на излез и светеа многу јако(светеа 4-5 диоди).
-
Па дека рече моќен аудиозасилувач чисто од логика, не го имам пробано тоа во пракса, ама ете Сколс вели дека е безбедно :D
-
колеги што мислите за оваа шема,би ја изработи во стерео варијанта,тали некој има изработено VU метар со ова коло?
http://www.circuit-projects.com/dimg/UAA180-based-VU-meter.gif
еве го линкот од страницата
http://www.circuit-projects.com/audio/uaa180-based-vu-meter.html
-
Па изгледа ОК, колото, мада никогаш не сум изработил со ова коло VU метар.
-
Моево појачало е со ТДА 1562 дали на неговиот излез ке можам да го приклучам ;D ???
-
многу е тоа јако да ен го изгориш
-
Епа на влез е слаб сигналот нема да свети ???
-
Затоа постои потенциометар за подесување на нивото на влезниот сигнал или на референтниот напон во одонос на кој се споредува влезниот напон.